Од утре минусни утрински температури

Од утре во Македонија времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата, соопшти Управата за Хидрометеоролошки работи.

Најстудено ќе биде во среда кога утринската температура ќе се спушти до минус шест степени. Од УХМР за во петок најавуват умерено наоблачување. Утринските температури ќе бидат малку повисоки и ќе се искачат до пет степени. За време на викендот минималната утринска температура ќе изнесува минус три, а максималната дневна температура ќе достигне 20 степени.

Извор: НетПрес