Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Охрид. Казненото дело, пријавениот го сторил на 31 јули оваа година во 23 часот и 30 минути во својот дом на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид. Тој започнал да тропа на вратата од спалната соба која била заклучена, а во која спиела неговата 80 годишна баба. Откако ја отворила вратата, пријавениот влегол внатре и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници по главата и телото, при тоа нанесувајќи и повреди и…
повеќе...Author: Vasko
Меѓународен ден на мирот
Секоја година Меѓународниот ден на мирот се одбележува ширум целиот свет, на 21-ти септември. Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи како ден посветен на зајакнување на идеалите на мирот, и во и помеѓу сите народи и народности. Меѓународниот ден на мирот беше востановен во 1981 година со резолуцијата 36/67 на Генералното собрание на Обединетите нации. Првиот Ден на мирот беше одбележан во септември 1982 година. Во 2001 година, Генералното собрание на ОН едногласно ја усвои резолуцијата 55/282, со кој 21 септември беше одреден како годишен ден на ненасилството и…
повеќе...Обука за претставници од единиците на локална самоуправа и локални младински совети
Обуката се организира од страна на Советот на Европа и Агенцијата за млади и спорт. Ќе биде водена од меѓународен тим на искусни обучувачи, кои ќе користат алатки за неформално образование и кои преку меѓукултурното учење ќе опфатат различни теми, кои ќе бидат корисни за учесниците. Агенцијата за млади и спорт преку неодамна усвоената Национална стратегија за млади (2016-2025) има за цел да го поддржи развојот на капацитетите на локалните младински совети и да придонесе кон ефикасно креирање на локални младински стратегии. Оваа институција упати покана до Советот на Европа…
повеќе...Во петок ќе се прска против комарци
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 22.09.2017 год. (петок) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши…
повеќе...Почувствуван земјотрес во Охрид
Утрово во 08:50 часот во Охрид беше почувствуван краткотраен земјотрес, со интензитет од 2.7 степени според Рихтер, на длабочина од 2 километри. Епицентарот е повторно во подрачјето каде што беа земјотресните роеви ова лето, 9 километри источно од Охрид. WebOhrid
повеќе...Во четврток во Охрид ќе се одбележи Денот на светскиот мир
Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за Ден на светскиот мир. Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми. Во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Охрид, на 21 Септември 2017 година (четврток) овој историски ден ќе се одбележи со Марш на Мирот под мотото „Заедно за мир-почитување, безбедност и достоинство…
повеќе...Привршуваат уписите за есенскиот циклус за „Час за приказни на англиски јазик“
Привршуваат уписите за есенскиот циклус од едукативната програма на Црвен крст Охрид, „Час за приказни на англиски јазик“ за деца на возраст од 4-7 години. Програмата започнува со реализација во четврток (21.09.2017), а новините кои ќе се воведат во овој циклус и ќе бидат наменети за децата, но и за родителите, ќе бидат презентирани на утрешната прес-средба.
повеќе...Минимална загарантирана откупна цена 5 ден/кг за индустриско јаболко на долгорочен период
Федерацијата на фармерите на Република Македонија преку својот секторски систем за лобирање и оваа година разговараше за состојбата со прозводството на јаболко пред почетокот на бербата и започнување на откупот на јаболкото. Оваа година овој сектор се соочува со голем проблем направен од пролетниот мраз на 22 април 2017 година кој уништи голема површина од овогодинешниот род. Имено според статистичките податоци во Република Македонија од 2013 година 5477 хектари обработлива површина се користи за производство на јаболка во Пелагонискиот регион, од кои 5384 хектари се индивидуален сектор, 93 хектари се…
повеќе...Дизелот поскапува за 1,5 денар, бензините за половина денар
Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,36%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 04.09.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се…
повеќе...Потпишан Договор за соработка помеѓу Регулаторните комисии за енергетика на Македонија и Бугарија
Денес во Скопје се потпиша Договор за соработка помеѓу Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија (РКЕ) и Регулаторната комисија за енергетика и води на Република Бугарија (РКЕВ). Договорот, во име на РКЕ, го потпиша претседателот и член на РКЕ, Димитар Петров, додека во име на РКЕВ, Договорот го потпиша членот и шеф на делегацијата, Александар Јорданов. Со Договорот за соработка се надградува досегашната пракса на добра соработка помеѓу регулаторните комисии од двете држави и се воспоставува институционална рамка за продлабочување на соработката на билатерално и мултилатерално ниво, размена на…
повеќе...