Женскиот вокален етно состав Езерки и оркестарот 7/8, како дел од Хрватско-македонското друштво од Загреб, Република Хрватска, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, ќе одржи мини турнеја во неколку градови во Македонија. Работејќи повеќе од 22 години, етно составот Езерки и оркестарот 7/8 ја негуваат македонската традиционална и староградска музика. Првиот концерт ќе се одржи во Тетово на 15 септември. Вториот концерт ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид на 16 септември со почеток во 19:30 часот, каде воедно ќе биде прикажан…
повеќе...Author: Vasko
ВМРО-ДПМНЕ: Митко Тилевски кандидат за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков ќе ја предводи листата на советници
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид официјално го соопшти кандидатот за градоначалник, како и носителот на листата на советници на град Охрид за претстојните локални избори. „Со одлука на извршниот Комитет на огромно задоволство Ве известуваме дека д-р Митко Тилевски е кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на 15 октомври. Носител на советничката листа е претседателот на ОК д-р Кирил Пецаков. Во ВМРО-ДПМНЕ владее победничка и еуфорична атмосфера. Членството никогаш не било посплотено и единствено, целосно подготвено да одговори на сите предизвици на локално ниво. Со голема мотивираност и водејќи се…
повеќе...Во сабота голема крводарителска акција во Центарот за култура
Црвен крст Охрид најавува голема крводарителска акција која во соработка со Тамаро маркети ќе се реализира на 16.09.2017 г. (сабота) од 10:00 до 15:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид. Со цел да се соберат што повеќе крвни единици за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид ги покануваме нашите хумани сограѓани да бидат дел од оваа крводарителска акција и заедно со вработените во маркетите Тамаро ја даруваат драгоцената течност. Учесниците на оваа крводарителска акција ќе имаат можност да уживаат во бројни креативни содржини и вкусат специфични…
повеќе...Во сабота ќе се изврши авионско прскање против комарци
Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во сабота на 16 септември, ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција). Запрашувањето ќе започне во 6 часот и ќе трае до 8:30 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од с.Подмоље до населба Св.Наум и на територијата на град Охрид. Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на…
повеќе...Охрид од утре домаќин на третата Меѓународна конференција „Квалитет и компетентност 2017“
Oд утре до 16 септември во Охрид ќе се одржува третата Меѓународна конференција „Квалитет и компетентност 2017“ во организација на македонското Здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ и Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ). Конференцијата се организира со цел промоција и унапредување на развојот, квалитетот и компетентноста на лабораториите и инспекциските тела во Р.Македонија кои како чинители на инфраструктурата за квалитет со своите испитувања и тестирања придонесуваат за подобрување на квалитетот на работна и животна средина, како и целокупното живеење. На конференцијата свои обраќања ќе имаат м-р Магдалена…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: СДС и нивните поддржувачи го туркаат Охрид во бездна сакајќи да го претворат во бегалски центар
ВМРО-ДПМНЕ OK Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Почитувани граѓани, Од ден на ден сведоци сме дека СДС Охрид го покажува вистинското лице и на виделина излегуваат нивната ароганција и манипулациите со граѓаните. Националната стратегија за интегрирање бегалци и мигранти донесена од Владата на СДС како комплетно нова стратегија бара од Охрид можност за иградба на станбени единици. Денес, советниците од СДС, ВМРО НП, и советникот Дејан Пановски покажаа дека се продолжена рака на врхушката, со тоа што беа воздржани или ја напуштаа седницита на Совет, тие всушност…
повеќе...Основни училишта од Охрид и Дебрца добија прибор од акцијата „Дарувајте радост на првачињата“
Во рамки на хуманитарната собирна акција под мотото „Дарувајте радост на првачињата“, младите на Црвен крст Охрид собираа училишен прибор кој денес го донираа во 7 основни училишта во Охрид и Дебрца, наменета за 114 првачиња. Од Црвениот крст Охрид изразуваат благодарност до поединците, фирмите и институциите кои ја помогнаа оваа хуманитарна акција.
повеќе...Скопје подготвено за првиот 3х3 FIBA ENDORSED турнир во баскет
Претстојниот викенд сето внимание на љубителите на кошарката во Македонија ќе биде вперено кон Градскиот парк во Скопје. За првпат ќе биде одржан турнир „3х3“, поддржан од ФИБА, Македонската кошаркарска федерација и од Агенцијата за млади и спорт. Со одржување на турнирот, македонските ’баскетџии’ и љубителите на уличниот баскет ќе имаат прилика одблизу да се запознаат со правилата на играта, но и да уживаат во одлична игра демонстрирана од екипите кои ќе земат учество. Планиран е формат од 24 екипи, меѓу кои и една од Република Македонија, во зависност од…
повеќе...Вардар и Еурофарм Работник ќе играат во ракометниот Суперкуп на Македонија
Во вторник (12 септември) со почеток од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одигра Македонскиот Суперкуп натпревар како увертира на новата сезона во домашните натпреварувања, која почнува следниот викенд. Шампионот на минатогодишното првенство, тимот на Вардар, ќе се сретне со финалистот од Купот на Македонија 2017, тимот на Еурофарм Работник од Битола. Двете екипи минатата сезона се сретнаа токму во финалето од Купот што се играше во Битола, а на таа средба славеше Вардар со 31-26, освојувајќи ја двојната круна во домашните натпреварувања. Директен пренос од…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет на СДС е грижата за мигрантите, а не македонските граѓани
Во врска со денешната прес-конференција на координаторот на советничката група на СДСМ Охрид, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ OK Охрид во која стои: „Очигледно СДС Охрид си ја има мувата на капата па со денешната пре-конференција пониско од очекуваното сака да се оправда пред граѓаните. Најдобри сте во извртување на работите во своја корист, но треба да сфатите дека охриѓани се помудри отколку што мислите. Тие ја имаат во раце Стратегијата која го најавува вашето црно и болно сценарио. Ние, како партија ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваме иницијативата за референдум и никогаш не сме…
повеќе...