Семафорот кај Рача често (се) збунува

Семафорот кај Рача често знае да се збуни, а ги збунува и пешаците и возачите. Станува збор за семафорот кој е наменет за пешаците. Наизменично се вклучуваат и исклучуваат и црвеното и зеленото светло, па сето тоа навечер изгледа како лајт-шоу. Погледнете… WebOhrid

повеќе...

Меѓународен ден на писменоста

Меѓународниот ден на писменоста, кој се прославува годишно на 8-ми септември, претставува можност за владите, граѓанското општество и заинтересираните страни да ги истакнат подобрувањата во стапките на светската писменост и да размислуваат за предизвиците на писменоста во светот. Прашањето за описменувањето е клучна компонента на целите на ООН за одржлив развој и агендата на ОН за одржлив развој до 2030 година. Темата на овогодинешниот Меѓународен ден на писменоста е „Писменоста во дигиталниот свет“. На 7 и 8 септември 2017 година во седиштето на УНЕСКО во Париз се организира специјален дводневен…

повеќе...

Ќе се одбележи Светскиот ден за Прва помош

Повеќе од  150 години, Црвениот крст и Црвената полумесечина  е лидер  во светот во обезбедувањето на обуки  и реализација на активности во делот на првата помош. И Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува  луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од  нагло настанати заболувања или повреди. Со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на овогодинешниот Светски Ден за Прва…

повеќе...

Упис за тренерски курсеви за добивање на УЕФА Б и УЕФА А тренерска диплома

Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа; УЕФА Б и УЕФА А. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи: За УЕФА Б Курс: – Најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош – Најмалку 4 години активно играње фудбал во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во било која сениорска лига, потврда од клуб или потврда од ОФС…

повеќе...

Конкурс за деца и млади по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври 2017

КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО – 31 ОКТОМВРИ НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ И АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ  ОБЈАВУВААТ КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ.  АЈДЕ ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО ‒ 31 ОКТОМВРИ СО СЛИКАЊЕ ЦРТЕЖ И ПИШУВАЊЕ ПЕСНА: ПРВА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА: Ш Т Е Д Е Њ Е ‒ „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“ ВТОРА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА: О С И Г У Р У В А Њ Е ‒ „ШТО ЗНАЧИ…

повеќе...

„Одвојување на државата од политичките партии“ – заложба на сите во пресрет на локалните избори

Во организација на Граѓанска асоцијација МОСТ денес се одржа конференција на тема „Одвојување на државата од политичките партии“. Целта на настанот беше да се дискутира за механизмите кои треба да придонесат кон одвојување на државата од политичките партии, особено во пресрет на тековните локални избори, вклучувајќи ги и мерките предвидени во Планот 3-6-9 за справување со овој проблем. На настанот присуствуваа и говореа претседателот на Владата на РМ, шефот на делегацијата на ЕУ, а учесници беа и останати претставници на меѓународната заедница, претставници на институциите, политичките партии, како и граѓанскиот…

повеќе...

Одржана спортската манифестација „Трчај, играј, активирај се“

Денес се одржа спортската манифестација под мотото ,,ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” која е во рамки на одбележување на Денот на независноста ,,8 Септември”. Место на одржување беше на кејот на реката Вардар, каде се собраа голем број млади луѓе кои дојдоа да се дружат, да играат, трчаат и пред се, кои разменија нови идеи и започнаа нови другарства. Во рамки на спортскиот настан се организираа натпреварувања во одбојка на песок, кајак, крос фит, искачување на карпа, скејт активности, а главниот настан беше рекреативната атлетска трка на која учествуваа скоро сите…

повеќе...

Македонија 1:1 Албанија

Македонската фудбалска репрезентација го одигра осмиот натпревар во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија. На стадионот „Младост“ во Струмица, нашата репрезентација ја пречека селекцијата на Албанија. Нашата репрезентација ја имаше првата шанса во 5 минута по една нафрлена топка од десната страна, но интервенираше албанската одбрана, па добивме само корнер. Несторовски имаше шанса во 14 минута, но не успеа да ја зафати најдобро топката од свртување. Во 23 минута Пандев се обиде со удар од далечина, но голманот на Албанија успеа да ја одбие оваа топка, а…

повеќе...

Македонија У21 со триумф ги започна квалификациите за ЕУРО 2019

Македонската млада репрезентација под 21 година (У21) ја започна одисејата во квалификациите за наредното Европско првенство, кое ќе се игра во 2019 година во Италија и Сан Марино. Избраниците на селекторот Благоја Милевски успеаа со 0:3 да ја совладаат Ерменија и со победа да ги стартуваат овие квалификации. Хет-трик за нашата репрезентација постигна Тихомир Костадинов со головите во 8, 26 и 72 минута. На табелата водат Русија и Ерменија со по 4 бодови. Русија има одиграно два натпревари, а Ерменија три. Следуваат Србија, Австрија и Македонија со по 3 бодови…

повеќе...

На 8-ми септември ќе се одржи 31-от Меѓународен меморијален атлетски маратон „Влатко Димитров“

Иницијативниот одбор на здружение Охридски Атлетски Маратон 2012 и покрај најавата од минатата година дека ќе ја прекине 30-годишната традиција реши и оваа година да продолжи со традицијата Меѓународен Атлетски Маратон Св.наум-Охрид во должина од 30км. Имено, на иницијатива на Председателот на АФМ Крсте Среафимоски како и неколку маратонци кој патем помогнаа со спонзори за да се обезбеди еден дел од потребните средства за организација на оваа традиционална трка, на состанокот одржан на 31.07.2017 година Организациониот одбор одлучи Меѓународниот Атлетски Маратон да го носи името на покојниот проф. Влатко Димитров…

повеќе...