Светиот маченик Лонгин и Преподобен Лонгин Трудољубивиот

Светиот маченик Лонгин Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и с ѐ друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници поверува во Христа. Тој беше старешина на војниците што присуствуваа на распнувањето на Господ на Голгота и старешина на стражата што го чуваше гробот. Кога еврејските старешини дознаа за Христовото воскресение, ги…

повеќе...

Претседателот Иванов на средба со делегација на Евангелско Протестантската Иницијатива

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими делегација на Евангелско Протестантската Иницијатива по повод 500 години од Протестантската Реформација. Делегацијата беше предводена од Генералниот секретар на Светската Евангелска Асоцијација, епископот Ефраим Тендеро и Претседателот на Меѓународниот совет на Меѓународната асоцијација за човековите права, Проф. Томас Ширмахер. За време на средбата, Претседателот Иванов изрази задоволство што ќе биде покровител на свечената академија по повод 500 години од Реформацијата. Тој ја истакна улогата на Република Македонија во промовирањето на меѓурелигиски дијалог преку Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации и Светските…

повеќе...

Во понеделник ќе се одржи втората Научна Конференција за Аерозагадување

Повеќе од 50% од светската популација живее во градовите, а според Светската Здравствена Организација дури 92% од луѓето кои живеат во градовите дишат загаден воздух. На глобално ниво, аерозагадувањето е причина за 36% смртни случаи од рак на белите дробови, 34% смртни случаи од инфаркти, 27% смртни случаи од срцеви заболувања и претставува сѐ посериозен проблем. Аерозагадувањето е директно поврзано со климатските промени кои се причина за екстремните временски услови со кои е соочен светот. Токсичните материи во воздухот се главна причина за климатските промени. Од овие причини, сѐ поважно…

повеќе...

МОСТ ќе го следи вториот круг од изборите со повеќе од 1000 набљудувачи

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи вториот круг од локалните избори со повеќе од 1000 набљудувачи. На гласачките места ќе бидат распоредени 910 набљудувачи кои ќе покријат околу 50% од гласачките места во рамките на секоја од оние општини во кои ќе се гласа во недела. Набљудувачите на МОСТ ќе бидат статични, и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање на гласачките места. Покрај тоа, МОСТ ќе има и 45 мобилни тимови, составени од двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и…

повеќе...

Кривична пријава за „силување во обид“

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против А.М (21) од с.Калуѓерица, Радовиш, поради постоење на основано соменение дека пријавениот сторил три кривични дела “силување во обид“ по чл. 186 а во врска со член 19 од КЗ на РМ. Имено, по пријавените кривично правни настани на подрачјето на Струмица каде од страна на непознат сторител во ноќните часови се вршеле кривичните дела “силување во обид“, СВР Струмица ги презеде сите неопходни мерки со цел идентификување и фаќање на сторителот. Според документираните сознанија од…

повеќе...

Шестмина малолетници краделе скутери низ Битола

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе Извештај до надлежното OJO против шест малолетни лица од кои – две на возраст од 17 години, две на возраст од 13 години, како и две лица од 15, односно 16 годишна возраст – поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно четиринаесет кривични дела – “кражба“, и “тешка кражба“. Имено, пријавените во 14 наврати, односно случаи, при тоа во различен состав од лица, во периодот од 11.04 до 14.08. годинава низ повеќе локации во Битола – централното градско подрачје, населба Нова Битола,…

повеќе...

Почнува зимското сметање, стрелките одат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето. Преминот од летно кон зимско време прв пат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. Отпрвин договорот…

повеќе...

Владата на РМ го отвори процесот за консултации со граѓанските организации за шест и девет од Планот 3-6-9 за итни реформи

Работните групи на претставници на Министерствата, кои се дел од Ад – хок групата за имплементација на План 3–6–9 и претставници на граѓански организации, одржаа консултативни средби со цел да се искажат мислења и ставови за мерките кои Владата ги презема во идните шест и девет месеци како дел од предвидените реформи од планот, чија цел е придвижување на евроинтегративниот процес. Учесниците на четирите групи вклучени во „Иницијативата за итни демократски промени” разменија мислења, предлози и идеи на темите: владеење на правото (вклучително правосудство, борба против корупција, реформа на разузнавачките…

повеќе...

Премиерот Заев: Со „ГастроМак“ Струмица и Република Македонија добија свое место на светската гастрономска мапа

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, синоќа беше гостин на вториот Интернационален гастрономски натпревар – „ГастроМак“, чиј домаќин изминатите неколку денови беше градот Струмица, и на кој учествуваа околу триста натпреварувачи и гости од целиот свет, вклучувајќи ги САД, Индија, Пакистан, Велика Британија, Русија, Италија, како и од соседните земји Бугарија, Србија, Албанија и Грција. Манифестацијата „ГастроМак“ беше прилика за запознавање на традициите и културите на другите народи. Овие манифестации и средби, во исто време, се значајни настани за воспоставување нови пријателства за подобри врски со другите народи…

повеќе...

Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици

Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици Bо времето кога Османлиите тргнале да го завладеат Балканскиот полуостров, градот Битола (нарекуван уште и Манастир поради бројноста на црквите, манастирите и скитовите) бил голем и добро утврден град. Животот во него прилегал на Црква Божја, а најголема скапоценост, пак, било бројното монаштво, сместено низ многуте манастири и скитови, внатре и надвор во неговата околина. Но општото зло што ги снашло христијaнските земји на Балканот во втората половина на XIV век, не го одминало ни овој, не малку значаен град. Имено, откако османлиските војски без…

повеќе...