Надлежните органи ги стопираа градежните активности на објектот на ул.„Стив Наумов“

Општина Охрид со експресна реакција по допис на граѓаните. Откако нашата сограѓанка Емилија Матеска, вчера преку социјалните мрежи реагираше на, според неа, „дивоградбата на улицата Стив Наумов број 51 во Охрид“, надлежните служни при Општина Охрид реагираа соодветно и веднаш се направи увид на лице место за да се утврди дали постапката е легална и дали инвеститорот и изведувачот ги имаат потребните документи за изградба на објектот лоциран во Петта Урбана Единица. „Во текот на денешниот ден беше испратена екипа составена од полициска екипа и градежна инспекција и беше ИТНО…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да се водат согласно законите по пријавата на граѓаните за дивоградба

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Ги повикуваме надлежните институции СВР Охрид, Градежниот инспекторат, Јавното обвинителство и градоначалникот Јован Стојаноски да се водат согласно законите со тоа што веднаш и правично ќе постапат по пријавата на граѓаните за дивоградба, а со тоа ќе докажат на дело дека се борат за владеење на правото и правната држава и живот за сите. СДС ветија дека ќе се залагаат и ќе раководат според законот и волјата на граѓаните, а не да се кријат зад временскиот период во кој уште…

повеќе...

Најавен масовен протест против изградба на базна станица на приватен објект во Охрид

И покрај напорите и противењето на жителите на Урбаната заедница „Горна Влашка маала“ заедно со поддршка на Основното училиште „Христо Узунов“ и Детската градинка „Јасна Ристеска“ – објект „Развигорче“, мобилниот оператор ВИП продолжува со поставувањето на базната станица во населбата на приватен објект. „Ги повикуваме граѓаните утре (петок) со почеток во 17 часот на масовен мирен протест по повод поставувањето на базната станица на операторот ВИП на објектот над книжарницата „Варе“. Овој протест ќе биде против поставување на оваа базна станица која со негативното зрачење влијае на жителите на оваа…

повеќе...

Општина Охрид се вклучи во акцијата „Недела против гладта“

По повод Денот на гладта, 16 октомври и Неделата на борба против гладта, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” во кампањата што ја спроведе Црвен крст со повеќе активности се вклучи и општина Охрид. Активностите беа насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид. И оваа година општина Охрид се вклучи во хуманитарната акција на Црвен крст во обезбедувањето на финансиски средства за набавка на…

повеќе...

Нови наслови на книги во охридската Библиотека „Григор Прличев“

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови: „Јас те сакам повеќе” – Лиса Гарднер „Убиство на теренот за голф” – Агата Кристи „Уна и Селинџер” – Фредерик Бегбеде „Само пријатели” – Колин Хувер „Чудата на Свети Еразмо” – Стојан Ристески „Половина век карате” – Димче Јанковски

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанка за поднесување лажни докази за развод

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “поднесување лажни докази“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Т.(36) од Охрид. Пријавената, во бракоразводна постапка во Основен Суд Охрид како доказ употребила исправа за која знаела дека е невистинита со цел да и биде изречена помала сума за издршка на малолетната ќерка. Таа пред судот приложила лажен доказ односно невистинити исплатни листи за месечна нето плата од вкупно 13.000 денари во првите три месеци од оваа година иако знаела дека за истиот период, нејзината плата изнесувала 18.000 денари, Тоа било…

повеќе...

Закани за охриѓанец и неговото семејство поради наводен долг од 30.000 евра

НК КР Дебар поднесе кривична пријава против А.Б.(38) од Струга, З.Ф. (47) од с.Коњари-дебарско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “изнуда“. Пријавените на 15.06.2017 година во Дебар, со упатување сериозни закана по животот кон М.Т. од Охрид и неговото семејство, го присилувале да им исплати 30.000 евра, што наводно М.Т. му ги должел на првопријавениот, но откако неуспеале да ги земаат бараните пари, го присилиле да потпише три договори за заем на пари, според коишто М.Т. им зел на заем 29.750 евра, а требало да им ги…

повеќе...

Народен Театар Битола со „Последната ноќ“ во сабота ќе гостува во Охрид

Народен Театар Битола во сабота, 28ми октомври ќе гостува во Охрид со претставата „Последната ноќ“ од Ингмар Вилквист, а во режија на Андреј Цветановски. Претставата ќе биде со почеток во 20:00 часот. Во претставата играат: Марјан Ѓорѓиевски и Соња Михајлова. Превод: Ана Светозаров, Сцена: Сергеј Светозарев. Костими: Марта Дојчиновска, Музика: Димитар Андоновски. Картите по цена од 150 денари се веќе пуштени на билетарницата при театарот. „Оваа претстава е обид да се покаже што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како домот се растура под стегите на тоа што се случува надвор. Една фамилијарна приказна…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето од населба Лагадин до хотел Десарет

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради санација на дефект на главна водоводна линија ф 300мм во нас.Лагадин ќе има прекин во водоснабдувањето на потегот од нас.Лагадин до хотел Десарет. Прекинот ќе трае се до отстранување на дефектот.

повеќе...

Креативните рачиња од основците од „Григор Прличев“ ја внесоа есента во својата училница

Вредните ученици од V1 одделение заедно со учителката Ана Христовска, на часовите по ликовно образование и творештво ја внесоа есента во својата училница. Изработија честитки со стихови за есента во кои покрај авторски стихови внесоа и лични украсни детали со мотиви од ова есенско шаренило. Највпечатливи сепак беа есенските завеси од листови кои внимателно и со многу труд ги поставија на прозорците во училницата. Оваа нивна досетливост ја разубави училницата и истата предизвика воодушевување и одобрување од страна на нивните соученици во училиштето.

повеќе...