Меѓународен ден на мирот

Секоја година Меѓународниот ден на мирот се одбележува ширум целиот свет, на 21-ти септември. Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи како ден посветен на зајакнување на идеалите на мирот, и во и помеѓу сите народи и народности. Меѓународниот ден на мирот беше востановен во 1981 година со резолуцијата 36/67 на Генералното собрание на Обединетите нации. Првиот Ден на мирот беше одбележан во септември 1982 година. Во 2001 година, Генералното собрание на ОН едногласно ја усвои резолуцијата 55/282, со кој 21 септември беше одреден како годишен ден на ненасилството и…

повеќе...

Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка

Во 1994 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 16-ти септември за Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка, по повод денот на потпишувањето на Монтреалскиот протокол во 1987 година, за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка (резолуција 49/114). Државите се повикани да се посветат на денот за промовирање на активности во согласност со целите на Протоколот и неговите амандмани. Озонската обвивка, кревок штит од гас, ја штити Земјата од штетниот дел на зраците од Сонцето, со што помага за зачувување на животот на планетата. Контролираната употреба на супстанци кои…

повеќе...

Меѓународен ден на демократијата

Демократијата е универзална вредност која се базира врз основа на слободно изразената волја на луѓето да ги одредат сопствените политички, економски, социјални и културни системи и нивно целосно учество во сите аспекти од нивниот живот. Додека демократиите делат заеднички карактеристики, не постои еден единствен модел на демократија. Активностите спроведени од страна на Обединетите нации за поддршка на напорите на Владите да се промовира и консолидира демократијата се преземаат во согласност со Повелбата на ОН, и само на посебно барање на засегнатите земји-членки. Генералното собрание на ОН, во резолуцијата А/62/7 (2007)…

повеќе...

Ирма пустоши на Флорида, ја зеде и првата жртва

Ураганот Ирма стигна до јужниот дел на Флорида и веќе ги погоди јужните острови, а наскоро треба да пристигне и на југозападниот дел од копното. Ирма напуштајќи ја Куба доби на сила и сега повторно е ураган од 4-та категорија. Последните информации што ги пренесуваат американските медиуми е дека се движи со брзина од 130 километри на час. Најмалку 1 милион луѓе ги напуштија своите домови во Флорида, додека останатите се сместени во 260 импровизирани засолништа. Мајами е речиси испразнет, прогласен е полициски час, пренесуваат медиумите. Околу 500.000 луѓе во…

повеќе...

Меѓународен ден на писменоста

Меѓународниот ден на писменоста, кој се прославува годишно на 8-ми септември, претставува можност за владите, граѓанското општество и заинтересираните страни да ги истакнат подобрувањата во стапките на светската писменост и да размислуваат за предизвиците на писменоста во светот. Прашањето за описменувањето е клучна компонента на целите на ООН за одржлив развој и агендата на ОН за одржлив развој до 2030 година. Темата на овогодинешниот Меѓународен ден на писменоста е „Писменоста во дигиталниот свет“. На 7 и 8 септември 2017 година во седиштето на УНЕСКО во Париз се организира специјален дводневен…

повеќе...

Меѓународен ден на милосрдието

Сиромаштијата постои во сите земји во светот, без оглед на нивните економски, социјални и културни состојби, особено во земјите во развој. Добротворните организации придонесуваат за унапредување на дијалогот, солидарноста и меѓусебното разбирање меѓу луѓето. Со признавањето на улогата на добротворните организации во ублажувањето на хуманитарните кризи и човечкото страдање во рамките помеѓу народите, како и на напорите на добротворните организации и поединци, вклучувајќи ја и работата на Мајка Тереза, на Генералното собрание на Обединетите нации во својата резолуција A/RES/67/105PDF, 5-ти септември, годишнината од смртта на Мајка Тереза​​, е назначен како…

повеќе...

Меѓународен ден на жртвите на присилно исчезнување

На 21 декември 2010 година, со својата резолуција 65/209 Генералното собрание на Обединетите нации ја изрази својата длабока загриженост во врска со зголемувањето на присилните или несаканите исчезнувања во различни региони во светот, вклучувајќи ги и апсењето, притворот и киднапирањето, како и зголемениот број на извештаи за вознемирување, малтретирање и заплашување на сведоци или роднини на лицата кои исчезнале. Со истата резолуција, Собранието го поздрави усвојувањето на Меѓународната конвенција за заштита на сите лица од присилно исчезнување и одлучи да го прогласи 30-ти август Меѓународниот ден на жртвите на присилните исчезнувања,…

повеќе...

Меѓународен ден против нуклеарни проби

На 2 декември 2009 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 29 август за Меѓународен ден против нуклеарни проби со едногласно донесување на резолуцијата 64/35. Резолуцијата повикува на зголемување на свеста и образованието „за ефектите од тестирањето на нуклеарното оружје или било кои други нуклеарни експлозии и потребата за нивно престанување како еден од начините за постигнување на целта за светот да биде без нуклеарно оружје.“ Резолуцијата беше иницирана од страна на Казахстан. Денот има цел да ги поттикне Обединетите нации, земјите-членки, владините и невладините организации, академски институции, младински…

повеќе...

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана бара интернационалните изводи да бидат и на македонски

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана и разгранокот за Голо Брдо, во име на Македонците што живеат во Албанија, побара од надлежната служба за водење матична евиденција, документите да бидат издавани на македонски јазик. „До директорот на Генералната дирекција за матична евиденција, Бледар Дорацај, доставивме барање интернационалните изводи од матична книга на родените и венчаните, како и други документи, кои ги издава оваа служба, да бидат на македонски јазик. Тие сега се издаваат освен на албански и на грчки, италијански, англиски, германски.“ – изјави за Македонскиот весник „Илинден“, претседателот на друштвото,…

повеќе...

Меѓународен ден за сеќавање на трговијата со робови и нејзино укинување

Ноќта на 22-23 август 1791 година, мажите и жените оттргнати од Африка и продадени во ропство, го искажаа својот револт против таквиот систем и добија слобода и независност за Хаити, стекнато во 1804 година. Оваа револуција беше пресвртна точка во историјата на човештвото, и во голема мера влијаеше на формирањете на универзалните човекови права, за кои што сме задолжени сите. Храброста на овие мажи и жени создаде обврски за нас. УНЕСКО го одбележува Меѓународниот ден за сеќавање на трговијата со робови и нејзино укинување за да им оддадат почит на…

повеќе...