Светски ден на хуманоста

Светскиот ден на хуманоста е време да се препознаат оние кои се соочуваат со опасност и катастрофа со цел да им се помогне. Денот е назначен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации за да се совпаѓа со годишнината од бомбардирањето на седиштето на ОН во Багдад, Ирак во 2003 година. Светскиот ден на хуманоста е исто така можност за да се прослави духот што ги инспирира хуманитарните работи во целиот свет. За оваа година, хуманитарните партнери се здружија заедно да потврдат дека цивилите нема да се мета при…

повеќе...

Подгответе се за метеорскиот дожд Персеиди!

Викендов, на небото над Северната Хемисфера, се очекува метеорскиот дожд Персеиди. Најдобро време за набљудување на овој природен феномен е ноќта помеѓу 12 и 13 август, односно вечерва по 19:00 часот. Оние кои што сакаат да го набљудуваат овој метеорски дожд треба да изберат локација која е подалеку од светлината на населените места, а оние кои нема да се во можност да го набљудуваат овој настан на отворено, тоа ќе може да го направат преку интернет на веб-страната Slooh.com каде астрономите ќе дискутираат за Персеидите и ќе одговорат на прашања…

повеќе...

Меѓународен ден на младите

На 17 декември 1999 година, во својата резолуција 54/120, Генералното собрание на Обединетите нации ја поддржа препораката од Светската конференција на министрите одговорни за младите (Лисабон, 08-12 Август 1998) 12 август да биде прогласен за Меѓународен ден на младите. Темата на Меѓународниот ден на младите за 2017 година е: „Младите за градење на мирот“, која  е посветена на славењето на придонесот на младите луѓе во спречувањето и трансформацијата на конфликтите, како и вклучувањето, социјалната правда и одржливиот мир. Агендата за одржлив развој од 2030 година, посветена на негување на мирни…

повеќе...

„Катар ервејс“ ја одбележува наградата од „Скајтракс“ за најдобрата бизнис класа на светот со специјални попусти за дестинации од глобалната мрежа

„Катар ервејс“ слави дека е именуван за “Најдобра бизнис класа на светот” на светските награди на меѓународната организација за оценка на воздухопловниот транспорт, „Скајтракс“ во 2017 година, нудејќи им на патниците тарифи од 1469 евра за бизнис класа до популарни дестинации низ својата растечка глобална мрежа, како дел од својата глобална продажна кампања “Летајте со најдобрата светска бизнис класа” која започна оваа недела. Оваа специјална промоција следи низа големи победи за авиокомпанијата на светските награди на авиопревозниците „Скајтракс“ за време на Париското авиошоу минатиот месец, каде што беше наградена како…

повеќе...

Меѓународен ден на пријателството

Меѓународниот ден на пријателството беше прокламиран во 2011 година од страна на Генералното собрание на ОН со идеја дека пријателството помеѓу луѓето, народите, земјите, културите и поединците може да инспирира мировни напори и да се изградат мостови помеѓу заедниците. Резолуцијата (A/RES/65/275) става посебен акцент на вклучување на младите луѓе како идни лидери, во активностите во заедницата кои вклучуваат различни култури и да се промовира меѓународното разбирање и почитување на различностите. За одбележување на Меѓународниот ден на пријателството, Обединетите нации ги охрабруваат владите, меѓународните организации и групи од граѓанското општество, да…

повеќе...

Самит на Западен Балкан

Во Трст, Италија, закажан е 4-от годишен Самит на Западен Балкан во рамките на „Берлинскиот процес“, со цел зајакнување на регионалната соработка и унапредување на процесот на евроинтеграција. Ова претставува можност да се развијат дискусии за развој на инклузивни општества, добро владеење и енергични економии. На Самитот учествуваат: високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Комисијата, Федерика Могерини; комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан; комесарот за транспорт, Виолета Булц; шефови на влади и министри од Западен Балкан (Македонија, Босна…

повеќе...

Светски ден на населението

Во 1989 година, во својата одлука 89/46, Управниот совет на Програмата за развој на Обединетите нации препорача дека 11 јули треба да се одбележи од страна на меѓународната заедница, како Светски ден на населението. Целта е да се фокусира вниманието на итноста и важноста на проблематиката на населението во контекст на целокупните развојни планови и програми, како и потребата да се изнајдат решенија за овие прашања. Темата за 2017 година е: „Планирање на семејство: зајакнување на луѓето, развој на нациите.“ Ширум светот, околу 225 милиони жени кои сакаат да ја…

повеќе...

Естонија – нов претседавач со ЕУ

Од 1 јули Естонија го презеде ротационото претседавање со Европската Унија. Во овој период беше предвидено Велика Британија да биде на чело на ЕУ, но поради „Брегзит“, во наредните шест месеци таа функција ќе ја врши Естонија. Оваа балтичка земја своето претседателство ќе го води под мотото „Единство преку рамнотежа“, односно нејзината улога ќе биде да пронајде рамнотежа меѓу различните ставови, традиции и интереси во Европа, сè во интерес на европските граѓани. Како главни приоритети во програмата за естонското претседавање се наведени 4 точки: отворена и иновативна европска економија; сигурна…

повеќе...

Светски ден на НЛО

Светскиот ден на НЛО (Неидентификуваните Летечки Објекти) е ден кога луѓето зборуваат за НЛО, организираат манифестации поврзани со НЛО, гледаат филмови со вонземјани, а се собираат и да го набљудуваат небото барајќи неидентификувани летечки објекти. Некои, Денот го одбележуваат на 24 јуни, денот кога пилотот Кенет Арнолд го забележа она што генерално се смета да се биде прв случај на неидентификуван летечки објект во САД. Повеќето го одбележуваат овој Ден на 2 јули, ден кога се одбележува годишнината од извесната НЛО несреќа во 1947 година именувана како „Росвел“. Оваа 2017…

повеќе...

Меѓународен ден на астероидите

Во декември 2016 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата A/RES/71/90, прогласувајќи го 30 јуни како Меѓународен ден на астероидите, со цел „секоја година на меѓународно ниво да се одбележи годишнината од експлозијата кај Тунгуска во Сибир, Русија, на 30 јуни 1908 година.“ Меѓународниот ден на астероидите има цел да се подигне јавната свест за опасноста од астероидите и да се информира јавноста за активностите кои што треба да се преземат на глобално ниво во случај на можна закана врз Земјата. Одлуката на Генералното собрание беше донесена врз основа…

повеќе...