Меѓународен ден на јогата

Јогата претставува древна физичка, ментална и духовна пракса која потекнува од Индија. Зборот „јога“ потекнува од Санскритскиот јазик и значи да се придружи или да се обедини, симболизирајќи го здружувањето на телото и свеста. На 11 декември 2014 година, Обединетите нации со резолуцијата 69/131 го прогласија 21 јуни како Меѓународен ден на јогата. Денот има за цел да ја подигне свеста низ целиот свет за многуте придобивки од вежбањето јога. Денес јогата се практикува во различни форми низ целиот свет и продолжува да станува популарна. Темата за оваа година е „Јога…

повеќе...

Светски ден за борба против дезертификацијата

Во 1994 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 17-ти јуни за Светски ден за борба против дезертификацијата (опустинувањето и сушата), за подигнување на јавната свест за ова прашање, како и спроведувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против дезертификацијата (UNCCD) во земјите кои се соочуваат со сериозни суши и/или опустинување, особено во Африка. Оваа година Светскиот ден за борба против дезертификацијата ја истражува врската помеѓу деградацијата на земјиштето и миграцијата. Помеѓу другото, деградацијата на животната средина, несигурната храна и сиромаштијата се причини за миграција. Во Агендата за одржлив…

повеќе...

Светски ден за подигнување на свеста за злоупотребата на старите лица

Генералното собрание на Обединетите нации, во својата резолуција 66/127, го назначи 15-ти Јуни како Светски ден за подигнување на свеста за злоупотребата на стари лица. Тоа претставува еден ден во годината кога целиот свет го изразува своето противење на злоупотребата и страдањето нанесено кон некои од нашите постари генерации. Злоупотребата на стари лица е глобален социјален проблем кој влијае врз здравјето и човековите права на милиони постари лица од целиот свет, и е прашање кое заслужува внимание од меѓународната заедница. Темата за 2017 година ја нагласува важноста на спречувањето на…

повеќе...

Светски ден на крводарителството

Секоја година на 14 јуни, земјите ширум светот го одбележуваат Светскиот ден на крводарителството. Целта е да се подигне свеста за потребата од сигурна крв и крвни продукти и да се искаже благодарност кон донаторите на крв. Крвта е важен ресурс и за планираните третмани и за итните интервенции. Може да им помогне на пациентите кои страдаат од услови кои се опасни по живот, да живеат подолго и со повисок квалитет на живот, а исто така ги поддржува сложените медицински и хируршки процедури. Крвта исто така е од витално значење…

повеќе...

Светски ден против злоупотребата на детскиот труд

Меѓународната организација на трудот (ILO) го започна Светскиот ден против злоупотребата на детскиот труд во 2002 година за да се фокусира вниманието на глобалниот степен на злоупотреба на детскиот труд и акција и напорите кои се потребни за да се елиминира. Секоја година на 12 јуни, Светскиот ден ги соединува владите, работодавачите и работничките организации, граѓанското општество, како и милиони луѓе од целиот свет за да се потенцираат маките на децата работници и она што може да се направи за да им се помогне. Темата на Светскиот ден против злоупотребата…

повеќе...

Светски ден на океаните

Светскиот ден на океаните е глобален ден за прослава на океаните и соработка за подобра иднина. Здравите океани се од клучно значење за нашиот опстанок. Секоја година, Светскиот ден на океаните обезбедува единствена можност за почит, помош, заштита и зачувување на светските океани. Оваа година, темата е: „Наши океани, наша иднина“. Океаните покриваат околу две третини од површината на Земјата и се темелите на живот. Тие произведуваат поголем дел од кислородот што го дишеме, апсорбираат голем дел од емисиите на јаглерод диоксид, обезбедуваат храна и хранливи материи и ја регулираат климата.…

повеќе...

Светски ден на животната средина

Светскиот Ден на животната средина е водечкиот/најзначајниот еколошки настан, кој се слави секоја година на 5 јуни во повеќе од 100 земји ширум светот. Воспоставен е во 1972 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации и неговото одбележување и е доделено на Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНЕП). За 5 јуни да се воспостави како Ден на животната средина, целта била да се привлече вниманието на општеството, а посебно политиката, за последиците од еколошките промени и да се преземаат определени активности за заштита на животната средина.…

повеќе...

Глобален ден на родителите

Глобалниот ден на родителите се одбележува на 1-ви јуни секоја година. Денот беше прогласен од страна на Генералното собрание на ОН во 2012 година со резолуцијата A/RES/66/292 и се однесува на родителите ширум целиот свет. Глобалниот ден дава можност за да се ценат сите родители во сите делови од светот за нивната несебична посветеност на децата и нивната доживотна жртва кон негувањето на оваа врска. Во својата резолуција, Генералното собрание, исто така истакна дека семејството има примарна одговорност за издржување и заштита на децата, за целосен и хармоничен развој на…

повеќе...

Грабар-Китаровиќ: Балканската мигрантска рута треба да остане затворена

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека балканската мигрантска рута треба трајно да остане затворена. Таа ова го изјави вчера, во текот на вториот ден од учеството на безбедносната конференција „GLOBSEC 2017“, во Братислава, пренесе ХРТ. Доколку одредени земји примат одреден број мигранти или азиланти, тие можат директно и многу поевтино, без помош на трговците со луѓе, да дојдат до овие држави, вели таа, додавајќи дека потенцијален нов бран миграција сигурно ќе го дестабилизира југоистокот од Европа. „Меѓутоа, тука, исто така, се и различните влијанија што го пополнуваат вакуумот што се…

повеќе...

Меѓународен ден на биодиверзитетот

Генералното собрание на Обединетите нации, по резолуцијата 55/201 од 20 декември 2000 година, го прогласи 22-ри мај како Меѓународен ден на биодиверзитетот, односно на биолошката разновидност, со цел да се зголеми разбирањето и свеста за прашањата поврзани со биодиверзитетот. Биодиверзитетот е основа за живот и за основните услови кои ги обезбедуваат екосистемите. Тој ја поддржува егзистенцијата на луѓето и одржливиот развој во сите области, вклучително и економските сектори како што се земјоделството, шумарството, рибарството и туризмот. Со спречување на уништувањето на биолошката разновидност, ние инвестираме во луѓето, нивните животи и…

повеќе...