Виц

Дечкото и признал на девојката дека ја сака, а таа го прашува: – Имаш ли ти два Мерцедеси? – Немам! – А куќа на два спрата? – Немам! – Е па тогаш, ништо нема да има помеѓу нас! Загрижен дечкото оди кај татко му, му ја раскажал целата приказна, а таткото му одговорил: – Синко, ако навистина ја сакаш таа девојка, тогаш продај ги Ламборџинито и Ферарито, па купи ги тие два Мерцедеси, ама да рушиме четири спратови од куќата е навистина бесмислено!

повеќе...

Виц

Еден ден учителката им дала задача на учениците да напишат реченица која го содржи зборот „Ананас“. Завршиле сите со пишување, почнале да читаат сите со ред, па дошол редот и кај малиот Перо. – Ајде Перо! Прочитај ни ја реченицата што ја напиша! – му рекла учителката. – Мојот татко зеде плата, па цел ден по кафани, по кладилници, сите пари ги потроши, ананас не мислеше!

повеќе...

Виц

Отишла мајката да го заспие синчето… – Мамо, мамо! Дали ангелите летаат? – Да сине, а зошто прашуваш? – Па, вчера тато го слушнав како и вели „ангелу мој“ на куќната помошничка, а таа никако да полета! – Спиј синко, спиј! Утре ќе ја видиш како лета!!!

повеќе...

Виц

Отишол Рамче на печалба во Германија. На заминување и вели на жена му: – Слушај жено! Немој да си ме изневерила, а пак ако ме изневериш, стави зрно ориз во тегла. Кога ќе се вратам немој да има многу ориз… ќе те отепам! По една година, ете го Рамче се враќа и гледа во теглата само три зрна ориз. – А мори жено, не си ме изневерила многу… – Не те изневерив многу, имаше уште зрна во теглата, ама на децата три пати им сварив сутлијаш!!!

повеќе...

Виц

Лавот одел низ џунгла и видел еден мајмун на дрво, па му рекол: – Ајде слези од дрвото малку да играме! – Неее, неее смеаам! – му одговорил мајмунот. – Па, што се тресеш!? Не плаши се, нема да те изедам, пред малку јадев, не сум гладен! – Неее, неее смеааам! – Ама не плаши се! Еве ќе си ги врзам и шепите и устата! Како што рекол лавот, така и направил. Мајмунот слегол од дрвото, но и понатака се тресел. – Зошто се тресеш сега кога сум врзан? –…

повеќе...

Виц

Прв состанок, дечкото ја гушка девојката и ја прашува: – Дали и кажа на мајка ти каде си и со кого си? – Не, мајка ми воопшто не ја интересира каде сум и со кого сум. Но, за разлика од неа, маж ми е многу љубоморен!!!

повеќе...

Виц

Еден човек, несреќен во бракот, се вратил дома пијан. Жената му отвора врата… – Каде си досега? – го прашала таа. – Јас навистина немам среќа! – рекој тој. – Како мислиш? – Па, цела вечер пијам да те заборавам, а сега те гледам дупло!

повеќе...

Виц

Мажот добил повик од болница и дознал дека жена му е тешко повредена во сообраќајна незгода… веднаш дотрчал во болница и го пронашол дежурниот лекар… – Докторе, ве молам кажете ми, што и е на жена ми!? – За жал… имаме лоши вести… вашата жена е тешко повредена… ќе остане парализирана! – О, не! Како е можно тоа докторе!? – Ќе остане целосно парализирана… за жал, тоа значи дека ќе треба да ја храните… Човекот почнал да плаче… – Се разбира… ќе треба да и менувате и пелени, и тоа најмалку…

повеќе...

Виц

Трпе отишол кај неговата докторка и и вели: – Знаете докторке… мене ми е ептен незгодно… веќе два месеци имам трајна ерекција! Без разлика дали имам однос или не… тој стои и не паѓа! Докторке, дали можете да ми дадете нешто за тоа? – Па, за почеток… стан и храна! – одговорила докторката.

повеќе...