Шетаат двајца другари и едниот му вика на другиот: – Еј, го гледаш она жолто Фиќо? – Да, го гледам! – му одговорил вториот. – Е па, ќе купам иста таква Лада, само бела!!!
повеќе...Category: Виц
Виц
Во судница, судијата почнал да го испрашува оптужениот шофер: – Како можевте да изгазите дури 52 луѓе?!? – Ми откажаа кочниците! – одговорил шоферот. – Па, зар не можевте да свртите лево, десно? – прашал судијата. – Па, да, можев, лево беа двајца, а десно 50 луѓе. Па, си реков, што да правам, ќе ги газам овие двајца! И… кога го изгазив првиот, тој вториот отрча кај другите 50 !!!
повеќе...Виц
Германец, Италијанец и Македонец починале во ист ден и се сретнале на небото, па почнале да си раскажуваат за нивните несреќи… – Го возев мојот Мерцедес, 200 километри на саат, излетав од патот, удрив во дрво и еве ме тука! – рекол Германецот. – Го возев моето Ферари, 230 километри на саат, излетав од патот во провалија и загинав! – рекол Италијанецот. – Јас купив Фиќо и умрев од глад! – рекол Македонецот.
повеќе...Виц
Стои Зајко над провалија и вика: – Кравооо, кравооо! Доаѓа Мечката и го прашува: – Што правиш Зајко? – Ништо, остави ме! – одговорил Зајко и продолжил да вика: – Кравооо, кравооо! Мечката пак: – Слушај Зајко! Ако не ми кажеш што правиш, ќе те скршам од ќотек! – Добро, дојди ваму и види што има долу! – и рекол Зајко на Мечката. Мечката љубопитна отишла на самиот раб од провалијата. Зајко ја турнал и почка да вика: – Мечкооо, мечкооо!
повеќе...Виц
Бабата го гледа внукот и му вели: – Внучко, што ти е тоа во раката, дигитрон? – Не бабо, ова е iPad! – Како? – Мал компјутер бабо, многу корисна работа! – Молам?! – Знаеш компјутер, го измислиле… – Нема врска внучко, само сакам да ти кажам дека изгледаш како педер со тоа!
повеќе...Виц
Отишол Рамче на доктор и му вели: – Докторе, јас сум многу болен! Еве има неколку дена… Докторот го прашал: – Добро, а што пиеш? Рамче: – Па, што нудиш ти докторе?!
повеќе...Виц
Малиот Перо стои потпрен на ѕидот од ходникот во училиштето и плаче ли плаче! Поминува директорот и му вели: – Што е Перо, зошто плачеш? – Учителката паднала по скали од прв спрат па се до приземје… – Ама не треба да плачеш! На учителката не и е ништо! – Да, знам, ама целото одделение ја виде како паѓа, само јас не видов!
повеќе...Виц
Жената му се јавува на мажот и му вика: – Кај си ти досега, идиоте! Мажот: – Мила, дали ја знаеш онаа златарница каде што се заљуби во едно златно ланче, за кое ти реков дека ќе ти го купам? Жената изненадена: – Дааа! Мажот: – Е па, јас сум во кафаната наспроти златарницата!!!
повеќе...Виц
Еден работник го прашува својот шеф: – Шефе, дали можам денес порано да си заминам од на работа… за да и помогнам на жена ми околу некои домашни работи? – Не може! – Фала ви шефе, знаев дека можам да сметам на вас!!!
повеќе...Виц
Разговараат хирург, архитект и политичар за тоа кој е најстар занает на светот. Хирургот: – Бог од реброто на Адам ја создаде Ева! Значи Бог бил првиот хирург, и тоа добар! Значи хирург ги создаде жените! Архитектот: – Чекај, чекај! Бог Ева ја создал ама тек дури шестиот ден! Сети се што било на самиот почеток! Било хаос, па настанал ред! Кој друг можел да го направи редот ако не архитект? Политичарот: – Добро, што мислите вие, кој го направи хаосот?
повеќе...