Заев: Граѓаните ја потврдија победата на фер избори, ја продолжуваме акцијата за живот за сите

Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, Ова е голема победа на граѓаните на Република Македонија. Им честитам на сите граѓани за денешниот празник на демократијата. Имавме демократски, фер, чисти избори. Имавме избори што се вистинска слика за волјата на граѓаните. Резултатот во вториот изборен круг беше очекуван и за нас и за нашиот политички противник, но и за граѓаните. На денешниот втор круг од локалните избори граѓаните ја потврдија победата и уште еднаш јасно се определија за целосни, сеопфатни…

повеќе...

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие избори и нема никогаш да ги смета за фер и демократски избори

Текст од прес конференција на Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани присутни, Почитувани граѓани на Република Македонија, Во текот на денешниот ден на гласање беа забележани огромни нерегуларности, индиции за поткуп на гласачи, партиско агитирање, притисоци, закани и уцени од униформирани и  неунифромирани лица, физичка пресметка,информации за организиран бугарски воз, односно ставање на однапред заокружени ливчиња, гласачки ливчиња од едни општини носени во други со цел да се извадат ливчиња од тие гласачки места за да се спроведе бугарскиот воз, уцени врз земјоделци, вработени во државна администрација…и на сето ова…

повеќе...

Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан

Денес е празник посветен на Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан. Едни од оние коишто се именуваат со ова име мирно се упокоија на 1 ноември. Другите беа каменувани во Рим на 1 јули, а овие третите беа од Арабија и под денешниот датум за нив станува збор. По занимање беа лекари, но кога ја примија Христовата вера ги исцелуваа болните со името на Исус Христос. Заради ова чудотворно лечење за нив се расчу на сите страни. Злобните незнабожци ги фатија и ги одведоа пред кнезот Лисиј во градот…

повеќе...

Лазар Четиридневниот

Лазар Четиридневниот Главното празнување му е на 17 март и на Лазарова Сабота во Чесниот Пост. Под денешниот датум се празнува преносот на неговите мошти од островот Кипар во Цариград. Царот Лав Мудриот изгради храм на Св. Лазар во Цариград и неговите мошти ги пренесоа таму во 890 година. Кога после близу илјада години го откопаа Лазаровиот горб во градот Китија на Кипар, најдоа мермерна плоча со натпис: „Лазар Четиридневниот, пријател Христов.“

повеќе...

Преподобниот маченик Андреј

Денес е празник посветен на Преподобниот маченик Андреј. Христијански свештеник роден на Крит. Во времето на гонењето на иконите се покажа како голем поборник на иконопочитувањето. За да го изобличи злочестивиот цар Копроним за неговото иконоборство, Св. Андреј отиде во Цариград. Еден ден царот беше во црквата на Св. маченик Мамант. Андреј влезе во црквата, застана пред царот и јавно пред сите го укори: „Подобро ќе беше цару да си ги гледаш војничките работи и да управуваш со народот одошто да Го гониш Христа и Неговите слуги.“ За ова Св.…

повеќе...

Туфегџиќ: Граѓаните на фер и демократски избори ги заокружија промените

Изјава за медиуми, Ивана Туфегџиќ, пратеничка во Собранието на Република Македонија Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, На почетокот дозволете ми да го изразам задоволството од честа што во името на коалицијата како што ја нарековме со граѓаните, која беше формирана за време на предвремените парламентарни избори и која продолжи на локалните избори, го имав задоволството на граѓаните да соопштам дека јграѓаните ни ја дадоа повторно довербата за овој концепт. Граѓаните гласаа фер и демократски и ги заокружија промените низ цела Македонија. Според првичните резултати, кандидатите на СДСМ и коалицијата…

повеќе...

Спасовски: Република Македонија е горда што имаше фер, демократски и мирни избори

Министерството за внатрешни работи постапувајќи согласно своите законски надлежности, превзеде мерки и активности со кои им обезбеди на граѓаните слободно да ја изразат својата волја и да го остварат правото на глас, рече министерот Оливер Спасовски на прес конференцијата по завршувањето на вториот круг на изборите. „Согласно податоците и информациите добиени во текот на целиот изборен ден, оперативниот штаб на министерството оцени дека изборниот ден помина мирно. Токму затоа, во мое име и во име на оперативниот штаб на министерството упатувам благодарност и им честитам на припадниците на македонската полиција…

повеќе...

Одиграно 13 коло од Првата МФЛ

По вчерашниот натпревар помеѓу Ренова и Академија Пандев, останатите натпревари се одиграа денес, со што се комплетираше 13 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Ренова  3:1  Академија Пандев Скопје  1:0  Пелистер Победа  0:2  Шкендија Работнички  1:0  Шкупи Силекс  0:0  Вардар На врвот од табелата и понатаму останува Шкендија со 31 бод пред Академија Пандев на второто место со 21 бод. На листата на стрелци води Ферхан Хасани со 10 постигнати голови, пред Бесарт Ибраими со 9 голови, а Фелипе, Зоран Балдовалиев и Кире Маркоски се со по 5 постигнати голови. #  Прва МФЛ 2017/18 …

повеќе...

Изгубениот Спајдермен пронајден во шумите во Дебрца

Поминаа нешто повеќе од 4 години откако Спајдермен леташе над Охрид, пред да биде пронајден во шумите во Дебрца. Кој би рекол дека токму тој Спајдермен еден ден ќе биде пронајден и тоа како виси на дрвјата. Станува збор за потполно идентичен балон во форма на Спајдермен како оној кој леташе над Охрид во 2013 година. WebOhrid

повеќе...