Заштитните огради околу кружните текови – згодни за префрлање

Нови кружни текови во Охрид – нови проблеми плус за возачите. Си возите така и оп… луѓе! И тоа на средина од кружниот тек. Што ли бараат на самиот кружен тек!? Очигледно дека нашите сограѓани тешко може да го заборават тоа што било семафор со пешачки премини, па по навика си префрлаат на старите, сега веќе непостоечки пешачки премини. Оние кои ги осмислиле овие заштитни огради во Охрид очигледно ја утнале работата. Само за споредба, еве какви се оградите на кружните текови во Скопје и Прилеп: WebOhrid

повеќе...

СВР: Граѓаните да не паркираат на „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Илинденска“, „Цар Самоил“, „Кирил и Методиј“ и „Туристичка“

Во врска со најавите за обилни снежни врнежи за утре, а по одржаниот координативен состанок со општинскиот штаб за заштита и спасување, СВР Охрид преку полициската станица за безбедност на патиштата во сообраќајот, ќе преземе повеќе активности од својот делокруг на работа, со цел одржување на безбедноста и непречено одвивање на сообраќајот на локалните, регионалните и магистралните патишта. Со цел поефикасно работење на службите надлежни за редовно чистење и зимско одржување на коловозите, апелираме до граѓаните, утре од 17 часот да ги отстранат и да не ги паркираат своите патнички…

повеќе...

Мерцедес удри во приколка со грозје на „Туристичка“

Денес нешто по 16:30 часот на булеварот „Туристичка“ на крстосницата кај „Мини-маркет“, патничко моторно возило Мерцедес удри во приколка со грозје.  Освен предницата од Мерцедесот, материјална штета беше причинета и кај автомобилот со приколката, односно самата приколка од која поголемиот дел од грозјето заврши на самата улица. Сообраќајот беше во мал застој и беше пренасочуван додека траеше увидот од страна на полицијата. Веднаш потоа беа повикани и екипите од комунална хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“ кои го собраа грозјето. WebOhrid

повеќе...

Пајакот преместуваше возила на паркингот кај Музичкото – активностите започнаа ден порано

Денес покрај паркингот кај Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид осамнаа натписи на кои беше истакнато дека: „На 29.09.2015 не паркирајте во паркингов, ќе се работи“. Но, почна да се работи еден ден порано, a oткако објективот на WebOhrid ги регистрира натписите тие беа преправени дека ќе се работи и на 28 и на 29-ти. Што се случи потоа!? Бидејќи имаше паркирани возила кои не знаеа за ваквата акција, мораше да реагира „пајакот“ кој почна да ги преместува возилата од едно место на друго. Станува збор за асфалтирање на паркингот…

повеќе...

Одбележан „Денот без автомобили“ во Охрид

Во рамки на Европската недела на мобилност која се одржува под мотото „Избери, промени, комбинирај“, општина Охрид го одбележа „Денот без автомобили“. По тој повод градоначалникот Никола Бакрачески, денес, на своето работно место пристигна на велосипед. Пред зградата на општина Охрид во соработка со СВР Охрид беше организиран настан за афирмација на намалувањето на употребата на автомобили, а пред присутните градоначалникот порача: „Дали можете да си замислите голем град како Париз без еден единствен автомобил на улиците? Тешко е да се замисли, но така ќе биде во Париз . Ако…

повеќе...

Утре ден без автомобили

По повод Европската недела на мобилност, која оваа година се одржува под мотото „Избери,промени,комбинирај“, Општина Охрид утре 22-ри септември (вторник) го прогласи за Ден без автомобили. Одбележувањето на Денот без автомобили ќе започне во 10 часот и 30 минути со собирање на учесниците пред зградата на Општина Охрид, ќе настапи хорот од ОУ „ Христо Узунов“ , а пото ќе се обратат градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Германија Кристине Д. Алтхаузер. За таа цел во соработка со СВР- Охрид за сообраќај ќе бидат затворени неколку фреквентни сообраќајници и тие…

повеќе...