Кривична пријава за жител од Џепиште поради пустошење шума

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Пустошење на шума“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против А.Л.(46) од дебарското село Џепиште. Во периодот од мај до јуни минатата година, пријавениот, спротивно на Законот за шуми и без одобрение за сеча на дрва издадено од надлежен орган, извршил сеча на околу 200 стебла дабови дрва. Тоа го направил во дебарската месност „Коста корија-Врабич“ каде од катарстарски парцели со шума сопственост на Република Македонија неовластено пресекол околу 60 м³ дабови дрва. Целокупната пресечена дрвна маса, пријавениот А.Л. нелегално ја…

повеќе...

Засадени садници во рамки на „Ден на дрвото“

Претседателката на Советот на град Охрид, Гордана Коњановска, заменик градоначалникот, Ангел Јанев и дел од градските советници денес во градскиот парк во Охрид засадија стебла од видот лагистремија, а по повод акцијата „Ден на дрвото“ што утре по 16-ти пат ќе се спроведе на целата територија на Македонија. Заменик градоначалникот Ангел Јанев ги повика сите охриѓани да активно да  учествуваат во утрешната акција и да дадат свој придонес во новото разеленување на градов и околината. „Упатувам апел до сите охриѓани, утре да се вклучат во акцијата, Ден на дрвото- засади…

повеќе...

Кривична пријава за две лица од Шум поради кражба на дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, СВР Охрид и Регионален Центар за Гранични Работи-Запад, поднесоа кривична пријава против Е.К.(28) и Г.К.(21) двајцата од струшкото село Шум. Во текот на септември и октомври годинава, пријавените против правно исекле 42 просторни метра необележани дрва во шумскиот реон 46-а, над селото Вишни во близина на месноста Три Шилки. Тоа го направиле во својство на работници со договор за дело за ЈП „Македонски шуми-шумско стопанство Јабланица“ од Струга ангажирани како секачи и дотурувачи на дрва. Тие, со цел…

повеќе...

Двајца албански државјани осомничени за кражба на дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против албанските државјани Л.Л.(23) и Х.Х.(19) двајцата од селото Требиште. Против нив полициската станица од Дебар поднесе и прекршочна пријава поради илегален премин на државната граница. На 28 минатиот месец, пријавените биле затекнати на македонска територија во бесправна сеча на дабови, јаболкови и црешови дрва во шумски терен кај местото „Црвеница“ оддалечено на околу еден километар од границата. Во 10 часот и 30 минути, полициските службеници ги затекнале двајцата пријавени по…

повеќе...

Пешевски: Ќе има огревно дрво, цената ќе се стабилизира на минатогодишното ниво

Очекуваме целосно стабилизирање на состојбата со огревно дрво и сите кои имаат потреба ќе бидат снабдени по минатогодишните цени. Испораката на дрва е интензивирана во целата држава, а евентуалниот недостиг Македонски шуми ќе го надомести со увоз, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Цената на огревното дрва, потенцира Пешевски, е задржана на истото ниво од лани и не се точни шпекулациите дека во текот на целата сезона цената ќе оди над 3.000 или 3.500 денари. Според Пешевски, Владата ја следи состојбата, а цената на дрвата на Македонски шуми…

повеќе...

Охриѓанец заработи кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Р. (64) од Охрид. Пријавениот, во текот на минатата година, во својство на службено лице-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, како и управител на “Кјуб М3“ ДООЕЛ Охрид, ги пречекорил своите овластувања и свесно не ги извршил должните службени ибврски. Тој не извршил уплата на надоместокот за проширена репродукција на шуми во корист…

повеќе...

Разгледани барањата на граѓаните за радиодифузија и недостигот на дрва за огрев

Владата на вчерашната седница разгледа уште две барања кои произлегоа од средбите што премиерот Никола Груевски ги имаше со граѓаните од дебарско-реканскиот крај. По барањето на жителите од Жеровница дека немаат радиодифузен сигнал, вчера во присуство на директорот на Македонската радиотелевизија Марјан Цветковски и директорката на македонската радиодифузија Јулијана Спировска беше анализирана состојбата при што беше истакнато дека според евиденцијата на Македонската радиодифузија, на ова подрачје зрачи радиодифузен сигнал, но оти поради потребата од дополнителни проверки, тимови на МРТВ, Македонска радиодизуфија и АЕК во текот на утрешниот ден ќе направат…

повеќе...

Кривична пријава против 43 лица во рамки на акцијата „Гора“

Во рамки на ОА „Гора“, МВР до Надлежното Јавно Обвинителство поднесе нова кривична пријава против 43 лица од Скопје и скопско поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела “злоупотреба на службената положба и овластувања“ како и “фалсификување службена исрпава“, односно “фалсификување или уништување деловни книги“ Имено првопријавениот Т.А. (66) од Скопје во својство на службено лице лиценцирано за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост и во својство на сопственик и управител на Друштво за трговија и услуги ФОРЕСТ ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, во текот на мај,…

повеќе...

Кривична пријава за стружанец поради кражба на дрва

Полициската Станица Струга поднесе кривична пријава против М.В. (37) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на дрва“. На 14-ти јуни годинава од страна на полициски службеници од ПО Велешта во с.Поум на м.в.Арабаба затекнати се тројца албански државјани кои вршеле бесправна сеча на дрва, а по преземени мерки е утврдено дека пријавениот ги ангажирал да вршат сеча на дрва. На местото на настанот пронајдени се 10 метри просторни дрва, а при извршен претрес на домот на пријавениот уште 14 метри просторни дрва, нежигосани и…

повеќе...

Лице од Октиси заработи кривична пријава поради кражба на дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Ц.(57) од струшкото село Октиси. Во пријавата, во врска со казненото дело „помагање“ опфатено е и лицето С.С. (21) од истото село. Во вечерните часови на деветти овој месец во селото Октиси, двајцата пријавени се затекнати со мини трактор при нелегален транспорт на 1,89 м³ огревно дабово дрво. Првопријавениот Е.Ц. неовластено извршил сеча на 1,89 м³ дрва од шумски терен во подрачјето на селото Октиси, а потоа ги одзел и транпортирал до…

повеќе...