Конгрес на Здружението на лекари по општа медицина во Охрид

Градоначалникот, Никола Бакрачески, синоќа го отвори 4-от по ред Конгрес на здружението на лекари по општа- семејна медицина што од 14тидо 17тимај се одржува во градот -домаќин, Охрид. „Секогаш ми причинува искрено задоволство кога присуствувам на собири од лекарската професија. Така е и на вашиот 4 Конгрес, на Здружението на лекари по општа медицина. Свој меѓу своите. Драги колеги, во свое име и во името на граѓаните на Охрид, ви посакувам успешна работа и пријатен престој во Охрид. Работата на нашите колеги од примарната здравствена заштита, со ефикасна семејна медицина,…

повеќе...

На 2ри април ќе се одржи Регионалниот натпревар по математика

На 2-ри април (сабота), со почеток во 09:30, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, ќе се одржи XXXIV Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година. Домаќин на натпреварот е ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. На натпреварот ќе учествуваат 118 ученици од основните училишта од општините Охрид и Дебрца. WebOhrid

повеќе...

„Титоисти“ одбележува 73 години од формирањето на КПМ

Здружението „Титоисти“ од Охрид одбележува 73 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија. „Во редот значајни датуми во Македонската историја, секако е 19-ти март, кога се навршуваат 73 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија, во виорот на најзначајните борби за ослободување на нашата татковина во Втората Светска Војна. Партијата, која беше предвесник на промените во социјалистичкото македонско општество, во куќата на семејството Јовановци во Тетово, ја формираа видни македонски дејци, чии идеи за зајакнување и за просперитет на државата, беа столбови на македонската повоена државност. Имињата на нејзините…

повеќе...

Здружението „Нефрон“ организира едукативно предавање по повод Светскиот ден на бубрезите

Здружението на бубрежно болни граѓани „НЕФРОН“ по повод Светскиот ден на бубрезите 10 март, утре (четврток) во 10:00 часот ќе организира едукативно предавање наменето за учениците од прва и втора година во ОСУ „Св.Климент Охридски“ (Гимназија), а во реализација на д-р Горан Балески, специјалист уролог. Целта е младите да се запознаат со функцијата која ја извршуваат бубрезите во организмот, факторите кои влијаат врз нарушување на нивната правилна функција и превенирање на дисфункционалноста. Своја поддршка во одбележувањето на Светскиот ден на бубрезите ќе дадат и учениците од Гимназија кои истиот ден…

повеќе...

ЗПММ: Доколку не се повлече одлуката, од утре комплетен БОЈКОТ на македонската музика

Доколку не се повлече спорното барање за стопирање на емитување на музика на членовите кои се под заштита на ЗАМП, од Здружението на приватните медиуми на РМ (ЗПММ) најавуваат дека ќе ги повикаат сите свои членови на комплетен бојкот на македонската музика. „Ние едноставно немаме друг избор и оваа одлука се наметнува сама по себе. Само за ислустрација, според одлуката донесена од Законодавецот, радио станиците од 01.01.2015 година, ќе треба да емитуваат 50% македонска музика. Во вакви услови, тоа е едноставно невозможно и затоа ние веќе побаравме од истиот законодавец…

повеќе...

Советот за безбедност на патиштата ги сослуша барањата на Здружението на глуви и наглуви лица

Изградба на велосипедска патека, тротоар, обележување на пешачки премин и осветлување на улицата „Гоце Делчев“ од населбата „Даљан“ кај Центарот за возила-Охрид до хотелот „Даљан“, побараа членовите на Здружението на глуви и наглуви лица на град Охрид, на денешната средба со претставниците на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тие нагласија дека на овој потег често се движат пеш и со велосипеди одејќи на работното место и дека возачите на автомобили пребрзо се движат по коловозот со што и нивната безбедност како глуви и наглуви лица е доведена…

повеќе...

Здружението „Титоисти” од Охрид со честитка по повод 11-ти Октомври

Здружението „Титоисти” од Охрид со честитка до граѓаните по повод 11-ти Октомври – Денот на народното востание. „Во овие тешки времиња кога се забораваат основните вредности и постулати на слободата на Македонското тло и споменот на нејзините творци се повеќе избледува, дозволете да се потсетиме, а истовремено и младите генерации да ги потсетиме на значењето и на истрајната симболика на денешниот датум, 11-ти Октомври! Денес е мигот на мало приспомнување на најхрабрите во својата генерација, вградени во колективната Македонска историја, посебно од периодот на Втората Светска Војна, денес толку склона…

повеќе...

Здружението „Титоисти“ со честитка по повод Денот на борецот

Здружението „Титоисти“ од Охрид упатува честитика до сите граѓани, по повод 4-ти јули Денот на борецот. Во неа се вели: „Во овие тешки времиња кога се забораваат основните вредности и постулати на слободата на Македонското тло и споменот на нејзините творци се повеќе избледува, дозволете да се потсетиме, а истовремено и младите генерации да ги потсетиме на значењето и на истрајната симболика на денешниот датум, Денот на борецот! Денес е мигот на мало приспомнување на најхрабрите во својата генерација, вградени во колективната Македонска историја, посебно од периодот на Втората Светска…

повеќе...

Изложба на украсни птици во Охрид

Во организација на Здружението за заштита и одгледување на украсни птици „Дијамантски петел“ денес во холандскиот парк во Охрид се одржа манифестацијата „Шарен цвет“. Изложбата на украсни птици се реализира по втор пат со тенденција да прерасне во традиционален настан. На случувањето, со свои уметнички креации учествуваа учениците од основните и средните училишта како и најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“. Целта на случувањето е да се пробуди интересот кај најмладите за украсните птици како и за останатите птици и животни. Манифестацијата е под покровителство на општина Охрид, а ќе трае во текот на целиот ден. WebOhrid

повеќе...

Утре во Охрид ќе се одржи 8-то Државно првенство за бармени

На светско ниво сè поголема е заинтересираноста за професијата Бармен, а пред се за квалитетна угостителска услуга. Трендот во последните неколку години, кажува дека и македонските конзументи и угостители сè повеќе обрнуваат внимание на угостителската услуга, а и на коктел културата. Здружението на Бармени на Македонија е организатор на Официјалните државни првенства на Бармени на Македонија. Досега се организирани седум, во текот на утрешниот ден ќе се одржува осмото издание, каде ќе се изберат двајцата најдобри бармени во две категории: класична подготовка на коктели и флертендинг (акробација) во подготовка на…

повеќе...