Парцелата кај Канео е продадена по најповолни услови за општина Охрид

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески,денеска уште еднаш јавно ги демантираше манипулациите на одредени опозициони советници за наводна продажба на парцелата во УЗ 1 во близина на Канео за многу ниска цена односно за само 20 евра. „Продадени се 201 метар квадратен по цена од 51 000 денари за метар квадратен односно вкупно за 10 милиони 251 илјада денари. Станува збор за една од најскапо платените локации во Република Македонија . Реално ова земјиште е продадено за дури 40 пати поголема сума од почетната која што беше одредена за наддавање согласно…

повеќе...

Се санира потпорниот ѕид кај Канео

Јавното претпријатие „Градски гробишта“ започна со санација на оштетениот потпорен ѕид од патеката која од населбата „Канео“ води кон истоимената плажа. Ѕидот целосно ќе биде саниран до крајот на оваа работна недела.

повеќе...

Познати деталите за пешачката патека од пристаниште до Канео

Пешачка патека од градското пристаниште до населбата Канео со сигурност ќе се гради во Охрид. Министерството за транспорт и врски има обврска во наредниве неколку месеци да објави оглас за изработка на идејно решение и за тоа како би требала да изгледа оваа пешачка патека и во кој дел од градот би требало да поминува, објасни градоначалникот Никола Бакрачески по неодамнешната работна средба со претставници од Министерствата за транспорт и врски и одбрана, како и со претставници од Капетанијата. „Веднаш после тоа ќе се изработи главен проект и ќе се…

повеќе...

Пешачка патека од пристаниште до Канео и марина ќе добие Охрид

Пешачка патека од градското пристаниште до населбата Канео и модерна марина ќе добие Охрид, најави денес премиерот Никола Груевски при работна посета во градов. Премиерот истакна дека станува збор за битни проекти за Охрид кои се дел од програмата на Владата и посочи дека за истите веќе разговарале со градоначалникот на Охрид и министерот за транспорт и врски. „Сега треба да почне реконструкција, односно да почне изработка на проект за што министерот за транспорт и врски ќе започне процедури и некаде за од прилика една година отсега или година и…

повеќе...

Опозициските советници бараат вонредна седница на Советот за уредување на просторот кај „Мостот на желбите“

Позади црквата „Св. Софија“ пред мостот на желбите, денес советниците од опозицијата одржаа прес-конференција, на која што побараа да се одржи вонредна седница на Советот на општина Охрид, на која што заедно би донесле одлука во кој правец би се одвивале активностите околу уривањето на Мостот на желбите, а исто така би дискутирало и околу изградбата на нова пешачка патека. „За нас е сосема несфатлива одлуката на општинската власт на средина од и така лошата сезона која што се одвива во текот на оваа година, да донесе една таква одлука…

повеќе...

Ќе се гради пешачка патека од градското пристаниште до Канео

Во тек се интензивни разговори меѓу Локалната самоуправа и Министерството за транспорт и врски околу нивната иницијатива за градење пешачка патека од градското пристаниште до Канео. За овој проект обезбедени се средства од буџетот на Република Македонија. Градоначалникот Никола Бакрачески најави дека прво детално ќе се разгледа проектот  на Министерството за транспорт и врски и неговата намена, а потоа ќе се отвори поширока  експертска и јавна дебата, бидејќи по најавата на овој зафат има различни мислења меѓу граѓаните на Охрид. Во тек се подготовки и за изградба на пешачка патека…

повеќе...

Светли четврток

Православните христијани денес го празнуваат Светли четврток. По тој повод архиерејска литургија ќе има во црквата „Св. Јован Богослов“ – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот. Во петок, Источен петок-  Балаклија, архиерејска литургија ќе има во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.

повеќе...

Санирани и реконструирани потпорните ѕидови во населбата Канео

Во завршна фаза се активностите за разубавување на населбата Канео што Општина Охрид ги започна пред околу еден месец. Изминатиов период  надлежните служби од  ЈП „Градски гробишта“ работеа на санирање и реконструкција на потпорните ѕидови, а се изврши поправка на патеките кои од главниот пат што е во непосредна близина на црквата Св. Јован – Канео водат кон кафеаните  и плажите „Канео“ и „Потпеш“.   Деновиве во населбата  Канео, завршува и поплочувањето на  една  од  уличките –  сокачињата во должина од  35 метри.  Поплочувањето е благороден чин со оглед на…

повеќе...