Презентирани резултатите од реализираните акции во 2016 на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“

Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ денес ги презентира збирните резултати од сите реализирани акции и настани во минатата 2016 година. Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“  во просториите на Црвен крст Охрид со доделување на благодарници и коктел изрази благодарност до сите институции, поединци и медиуми, кои  ја дале својата поддршка за хуманоста, солидарноста, акцијаштвото и волонтеризмот. WebOhrid

повеќе...

Во петок Бадникова хуманитарна акција на Ротаракт клубот од Охрид

На градскиот плоштад во Охрид, во петок на 6ти јануари ќе се реализира Бадникова акција на Ротаракт клубот од Охрид, Бадниковата акција ќе се од 12.00 – 15.00 часот. На акцијата, на минувачите ќе им се делат сирење и греено вино, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

повеќе...

Донација од Лајонс клубот „Десарети” за учениците со посебни потреби во ОУ „Братство Единство”

Лајонс клубот „Десарети” Охрид донираше нагледни средства за учениците со посебни образовни потреби во ОУ „Братство Единство”. Нагледните средства во голема мера ќе ја олеснат работата со учениците од ранливата категорија и ќе ја зголемат нивната мотивација за работа и учење. „Оваа донација е резултат на континуирана соработка со клубот, кој секогаш ја покажува својата хуманост донирајќи во нашето училиште. Изразуваме голема благодарност кон Лајонс клубот „Десарети” и во иднина се надеваме дека нашата саработка ќе се прошири и ќе се реализираат поголеми проекти, се со цел да им се…

повеќе...

Од утре започнуваат тренинзите на Шотокан карате – до клуб Минта од Охрид

Шотокан карате – до клуб МИНТА од Охрид ги известува сите членови дека тренинзите ќе отпочнат утре – 13 септември и дека оваа сезона ќе се одржуваат во малата сала на СРЦ „Билјанини Извори“ . Идната 2017 година карате клубот МИНТА ќе одбележи 4 децении од формирањето. Во карате историјата на Охрид клубот со кој сиве овие години раководи инструкторот Боро Митрески, носител на VI DAN е запишан како прв клуб во Охрид кој на самиот почеток броел близу 500 членови, а Митрески е прв карате мајстор во градов. Под…

повеќе...

9 години Лајонс клуб Охрид

Со хуманитарна забава вчера во Кадмо бар, Лајнс Клуб Охрид го одбележа својот девети јубилеј, заедно со членови на другите лајнс клубови од Охрид, гости од сродните клубови, многубројни пријатели на клубот и хумани граѓани на Охрид. Со оваа прослава се заокружи уште една успешна и плодна година во која членовите на клубот водени од желбата за унапредување и промоција на хуманите вредности, како и афирмација на суштината на лајонизмот, се ангажираа во организација на многубројни настани и активности. Се потрудивме да ја оправдаме одговорноста која како претставници на лајонизмот…

повеќе...

Основци од Охрид утре во посета на спортски терени, објекти и клубови

Во рамките на реализација на програмата на Сојузот на спортови Охрид, популаризација на спортот, утре во периодот од 10:00-13:00 часот, во соработка со Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти и Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец, ќе се промовираат одредени спортски терени, објекти и клубови. За таа цел ќе биде посетeна спортска сала, големиот фудбалски терен и теренот за фудбал со вештачка трева при ЈП „Билјанини Извори“. Потоа ќе бидат посетени Кајак кану клубот „Стрмец“ и Едриличарскиот клуб „Стрмец“. Се очекува присуство од над 150 ученици.

повеќе...

Основци од „Христо Узунов“ утре во посета на спортски терени, објекти и клубови во Охрид

Во рамките на реализација на програмата на Сојузот на спортови Охрид за популаризација на спортот, утре во периодот од 11:00-13:00 часот, во соработка со ОУ „Христо Узунов“, Охрид ќе се промовираат одредени спортски терени, објекти и клубови. За таа цел ќе биде посетена спортска сала, големиот фудбалски терен и теренот за фудбал со вештачка трева при ЈП „Билјанини Извори“. Потоа ќе бидат посетени Кајак кану клубот„ Стрмец“ и Едриличарскиот клуб „Стрмец“. Учесници се третите одделенија од ОУ„ Христо Узунов“ Охрид со нивните одделенски наставници и професори по физичка култура. Се очекува…

повеќе...

Нови успеси на „Хваранг Фист“ на 11-от таеквондо турнир „Србија Опен“

Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид учествуваше на 11-от „Србија Опен“ таеквондо турнир, прв викенд за оваа година исполнет со борби и дружење во Бачка Топола, Р.Србија. Во друштво на 250 натпреварувачи од 27 клубови од 8 држави, во 5 категории, деца, кадети, јуниори и сениори, Хваранг Фист учествуваше со 8 натпреварувачи: 1. Јосифоски Филип – 3 место борби јуниори до 63 кг и 3-то место во форми (борба со замислен противник) 2. Симоноски Кирил – 2 место борби јуниори +75 кг 3. Стеваноски Валентин – 3 место форми пионери 4. Велјаноска…

повеќе...

Утре флеш-моб „Разиграни минути 5, заедно со клуб 25“ на охридскиот плоштад

Во рамки на Црвен крст Охрид формиран е и делува Клуб 25 кој го сочинуваат млади хумани луѓе, крводарители, мотиватори и едукатори кои се посветени на промоција на крводарителството и здравиот начин на живот кај младите. „Преку организирање на трибини, работилници,  членовите на Клуб 25, истакнувајќи го својот пример како крводарители ги мотивираат младите да даруваат крв, информирајќи ги  за чинот на крводарувањето, патот на крвта од дарителот до примателот, практикување здравите животни навики, како еден од предусловите да се биде крводарител. Името Клуб 25 има своја симболика во бројот…

повеќе...

Лајонс клубот „Десарети” со донација за ОУ „Братство Единство”

Лајонс клубот „Десарети” денеска донираше нагледни средства за учениците со посебни образовни потреби во ОУ „Братство Единство”. „Благодарни сме за донацијата од Лајонс клубот „Десарети”, со кои имаме долгододишна соработка. Нагледните средства во голема мера ќе ја олеснат работа со учениците со посебни образовни потреби”– информираат од училиштето.

повеќе...