Награди за најдобрите на натпреварите во „Јахја Кемал“

Учениците од Колеџот „Јахја Кемал“ – Струга, изминатиот период учествуваа на повеќе натпреварувања, со што се закитија со многубројни награди и признанија. Тие се натпреваруваа во читање (март-април), био модел натпревар, фото натпревар по екологија, натпревар по македонски јазик, натпревар во хербариум, натпревар по албански јазик, натпревар во експерименти, натпревар во карикатури, турска олимпијада, натпревар по мајчин јазик (8-ми март), натпревар по читање (февруари), турнир во фудбалче, турнир во пинг-понг. Директорот Исмаил Ердил на најдобите ученици им врачи подароци, медали и сертификати. Од „Јахја Кемал“  упатуваат честитки до нивните ученици и им…

повеќе...

Меѓународниот ден на танцот одбележан во „Јахја Кемал“

Меѓународниот ден на танцот, 29-ти април, денес беше одбележан и во Колеџот „Јахја Кемал“ – Струга. Наставниците и учениците од „Јахја Кемал“, точно во 11:00 часот, со танц во дворот од Колеџот,  му се приклучија на светот во прославувањето на овој Ден.

повеќе...

Ученици од „Јахја Кемал“ освоија бронзен медал на Меѓународна научна олимпијада

Учениците Имран Селимоска и Севги Тале од Колеџот „Јахја Кемал“ – Струга,  освоија бронзен медал на Меѓународната научна олимпијада, која се одржа викендот.

повеќе...

„Јахја Кемал“ организираше екскурзија за победниците на натпреварите по англиски, физика и математика

Колеџот „Јахја Кемал“ од Струга, вчера организираше екскурзија до Тетово и Скопје. Екскурзијата беше наменета за победниците на натпреварите по англиски, физика и математика, односно за учениците од други училишта кои учествуваа на овие натпреварувања, информираат од YKS Струга.

повеќе...

Средношколци од „Јахја Кемал“ ги посетија Будимпешта и Виена

Будимпешта и Виена се градовите што средношколците од Колеџот „Јахја Кемал“  во месец март имаа можност да ги посетат на успешно реализираната традиционална ученичка екскурзија. Учениците од тридневната екскурзија се вратија задоволни и среќни со впечатоци од посетата на европските градови. WebOhrid

повеќе...