Ќе се одржи семинар „Генетика и други елементи за успешен спортски развој“

За постигнување на врвни спортски резултати, секоја Олимписка спортска организација мора сериозно во генетиката да гледа како фактор кој има директно влијание врз перформансите на спортистите. Досегашните истражувања во однос на влијанието на генетиката во спортот треба да служат како патоказ за спортистите и тренерите, спортските клубови и Националните спортски федерации, како и за другите Олимписки и спортски организации, во кој правец треба да се насочи тренажниот процес и самиот тренинг. Дали малите промени кај генетските фактори можат да влијаат врз спортските резултати? Дали други фактори можат да придонесат да…

повеќе...

Македонската олимписка делегација подготвена за ЛОИ – Рио 2016

Во просториите на Македонскиот олимписки комитет се одржа церемонијата за свечено испраќање на македонската олимписка делегација, која ќе учествува на летните Олимписки игри Рио 2016. Македонските спортисти ќе настапат според следниот распоред: 1. Нина Балабан – Спортско стрелаштво 10 м. Воздушна пушка. Настапува на 6 Август во 8:30 часот (локално време) 2. Анастасиа Катерина Богдановски – Пливање 200 метри слободно. Настапува на 8 Август во 13:02 часот (локално време) 3. Катерина Николоска – Џудо – 63 кгр. Настапува на 9 Август во 10:00 часот (локално време) 4. Марко Блажевски –…

повеќе...

Повторен Конкурс за идејно архитектонско решение за административен деловен објект со музеј и одделен клуб-ресторан за МОК

Македонскиот олимписки комитет денес (21.7.2016) распиша повторен конкурс за идејно архитектонско решение за административно деловен објект со музеј и одделен клуб-ресторан за Македонскиот олимписки комитет, со следниот текст: 1. Набавувач на Конкурсот е Македонскиот Олимписки Комитет 2. Предмет на Конкурсот е Изработка на идејно архитектонско решение за посебен административно деловен објект со музеј и посебен клуб-ресторан за Македонскиот олимписки комитет (МОК) 3. Опис на проектот: Учесниците на Конкурсот потребно е да достават идејно архитектонско решение за објектите со следната содржина: Ситуација со поширока околина 1:500 Силуети 1:500 Решение на партер со…

повеќе...

МОК и МКФ потпишаа Договор за соработка

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумовски денес потпишаа Договор за соработка со кој МОК, во следниот Олимписки циклус, интензивно ќе ја помога МКФ, пред се, во насока на обука на тренерскиот кадар. Овие проекти, за кои МОК веќе обезбеди финансиски средства во износ од 60,000 американски долари, ќе започнат да се реализират во 2016 година и се однесуват на обезбедување на следните проектни активности: Бранко Андриевски, координатор на младинските категории на МКФ, ќе престојува во Олимпискиот центар во Коларадо…

повеќе...

Одржан Олимписки ден во ОУ „Христо Узунов“

ОУ „Христо Узунов“ во организација на Асоцијацијата за спортови, „Спорт за сите, сите за Спорт“ и сесрдна помош на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), денес одржа Олимписки ден на спортските терени и во дворот на училиштето. Учениците се натпреварува во девет спортски дисциплини, а манифестацијата беше збогатена и со инвентивна уметничко сценска програма. „Континуираното инвестирање во спортот, во спортската инфраструктура, во поединците веќе вродува со плод, за кое што лично можам да кажам дека сум многу горд. Охрид живее во духот на спортот. Инвестирањето во повеќенаменските игралишта низ целата територија во…

повеќе...

МОК ќе биде организатор на 38-та сесија на Европските олимписки комитети

Македонскиот олимписки комитет ја доби честа и довербата да биде организатор на 38-та сесија на Европските олимписки комитети (ЕОК) во 2017 година. Ова беше одлучено на 37-та сесија на ЕОК, која се одржа во Тарагона, Шпанија, на која учествуваа Генералниот секретар на МОК, д-р Сашо Поповски и спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски. На оваа сесија учествуваат преку 200 претставници од Европските олимписки комитети, од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Асоцијацијата на Националните олимписки комитети, од Светската анти-допинг агенција (WADA), Судот за спортска арбитража (CAS), претседатели на Меѓународните и Европскитe…

повеќе...

Нина Балабан – прв потврден учесник на ОИ Рио 2016

Македонскиот олимписки комитет (МОК) во тесна соработка со Меѓународниот олимписки комитет (Трипартитна комисија), обезбеди покана за учество на Нина Балабан на ОИ РИО 2016, со што Нина е првиот потврден учесник од Република Македонија на олимписките игри Рио 2016. МОК во изминат период во целост ги финансираше сите настапи на Нина Балабан како олимписки стипендист, при што Нина оствари “MQS“ резултат односно постигна минимален резултат за добивање на покана од страна на ИОК за учество на ОИ Рио 2016.

повеќе...

МОК продолжува со обука за напреден спортски менаџмент

На 3 Декември започна обуката за Напреден спортски менаџмент на втората генерација на кандидати предложени од страна на Националните спортски федерации, високо образовните институции, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, општините и Градот Скопје. Главна цел на оваа обука е унапредување на ефикасноста во работењето на спортската администрација во Република Македонија како основа за подобрување на врвните спортски резултати на најдобрите македонски спортисти. Обуката ќе биде испорачана во областите на спортскиот менаџмент, спортската администрација, финансиски менаџмент, менаџмент на човечки ресурси, организација на врвни спортски натпревари и организација на…

повеќе...

Македонија дел од „Европската недела на спортот 2016“

Во Париз, Франција се одржа средба на националните олимписки комитети од Македонија, Италија, Шпанија, Франција, Литванија и Португалија кои заеднички ќе учествуват во проектот „Европска недела на спортот 2016“. Овој проект е одобрен од страна на Европската комисија како дел од „Ерасмус +“ програмата на Европската Унија. Ова е големо признание за Македонскиот олимписки комитет, кој е влезен во овој проект врз основа на своите минати проекти, посебно препознати од страна на Европските олимписки комитети, но и од Европската Унија. Овој европски проект директно се фокусира на целите на „Ерасмус…

повеќе...

MOK и МФМ заедно кон унапредување на мечувањето

Македонскиот олимписки комитет и Мечувалечката федерација на Македонија со заеднички сили обезбедија двомесечен престој на еден од нашите најдобри мечувалци Војдан Чадо Тодоровски кој замина на двомесечни подготовки во Тампа, Флорида (САД). Подготвките се спроведуваат во соработка со Мечувалечката академија Тампа (САД), а со нашиот спортист ќе работи реномираниот руски тренер, Александер Бондаренко како и други експерти од Американската мечувалечка федерација и Американскиот олимписки комитет. Во исто време, селекторот и национален тренер на Мечувалечката федерација на Македонија, Томи Александровски се наоѓа на три месечна обука, на Универзитетот за спорт Семелвајз…

повеќе...