Доделени наградите за најубаво украсен новогодишен двор

Денес во Општина Охрид, беа доделени наградите за најубаво украсен двор. Годинава во избор на девет учесници, првата награда ја освоија Иванка и Бруно Гигер, второто место е за семејството на Наумче Неданоски, а третата награда за Антоанета Тасеска. Признанијата ги додели секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески, кој го истакна задоволството од учеството во акцијата, со која градот не само во центарот, туку и во другите градски населби го има празничниот амбиент со украсените дворови. Првонаградените сопружници Гигер, средствата од наградата ќе ги донираат за семејството Садик, чиј дом…

повеќе...

Охриѓани и гостите Новата година ја дочекаа на градскиот плоштад

Со огномет, песна и насмевки охриѓани, но и бројните гости Новата 2017-та година ја дочекаа на Охридскиот плоштад. На температура неколку степени под нулата, охриѓани и гостите се забавуваа до раните утрински часови, а за добрата забава на Градскиот плоштад се погрижија пејачите Елена Велевска и Ѓоко Танески.

повеќе...

Новогодишна честитка на ОО СДСМ Охрид

ОО на СДСМ Охрид испрати новогодишна честитка до граѓаните, во која стои: „Почитувани сограѓани, Од 2017 година, заедно со сите граѓани во Република Македонија, почнуваме и во Охрид да го создаваме животот што го избравме. За слободно да живееме. Слободно да избираме. Слободно да се изразуваме и слободно да дејствуваме. Семејствата да ни се финансиски стабилни. Децата да ни се насмеани. За да градиме општество на среќни граѓани. За да не’ водат мудри и ведри луѓе, кои сакаат и знаат како да се издигнат над личните интереси. И кои знаат како…

повеќе...

Започна Новогодишната забава на градскиот плоштад во Охрид

Започна Новогодишната забава на градскиот плоштад Св.Климент Охридски. Предновогодишниот хепенинг започнa попладнево со настап на ди-џеј Аце. Вечерва од 22:00 до 22:45 часот ќе настапи ди-џеј Нести, потоа ќе следи настапот на Ѓоко Танески, а Новата 2017 година, присутните на забавата на отворено, ќе ја дочекаат со пејачката Елена Велевска. WebOhrid

повеќе...

СВР Охрид им делеше новогодишни лампиони на возачите

Во пресрет на новата 2017 година, СВР Охрид, ја реализира традиционалната активност – новогодишен подарок за туристите. На булеварот „Македонски просветители“ пред кружниот тек на Градскиот плоштад, портпаролот на СВР Охрид – Стефан Димоски, заедно со неколку полициски службеници им доделија лампиони на возачите. „На овој начин, со доделување на новогодишен лампион, сакаме на охриѓани и на туристите кои ќе слават во Охрид, да им посакаме среќна и безбедна 2017 година.“ – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. WebOhrid

повеќе...

Новогодишна честитка на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид

ОК на ВМРО-ДПМНЕ испрати честитка до граѓаните по повод Новата 2017 година, во која се вели: Секоја нова година претставува предизвик за достигнување на нашите зацртани цели. Својствено за сите нас е токму новата година да биде момент за да се направи ретроспектива на сите настани и случки во изминатата година и можност за се она што треба да го направиме како најголема политичка опција во Охрид и Македонија во наредната година. Секој нова година носи свои предизвици а таков еден предизвик кој стои пред нас во 2017 година се…

повеќе...

ОО на СДСМ Дебрца со Новогодишна честитка до граѓаните

ОО на СДСМ Дебрца испрати Новогодишна честитка до граѓаните: „Почитувани граѓани на Дебрца, драги пријатели, Секој граѓанин заслужува подостоинствен живот, заслужува да биде разбран, почитуван, спокоен, радосен, бидејќи во сето тоа е смислата на нашето живеење. Затоа, нека 2017-та година биде година на животот, кој го избравме. Година кога Македонија ќе стане нормална држава, општество на слободни и среќни граѓани. За децата да ни останат дома. Нека биде година кога животот и насмевките на граѓаните ќе се вратат насекаде, вклучително и во општина Дебрца. Ве повикуваме заедно да ги прифатиме…

повеќе...

Новогодишно обраќање на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески во Новогодишното видео обраќање упати искрени честитки до граѓаните на Општина Охрид со желби за многу здравје, бериќет и просперитет во Новата 2017 година.

повеќе...

Новогодишно обраќање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов

Новогодишно обраќање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов „Почитувани граѓани на Република Македонија, Годинава што одминува сакаме што побргу да ја заборавиме. Во неа се соочивме со многу кризи и предизвици. Редно е да извлечеме поуки од сето тоа и да излеземе посилни, помудри и поодговорни. Да не дозволиме се што беше негативно да ни се повтори. Новата 2017-та година кај секој од нас буди нови очекувања, нови надежи, нови желби. Во овие моменти кога ја чувствуваме моќта на надежта и на радоста, се навраќаме на основните човечки…

повеќе...