Повеќе илјади гости го окупираа Охрид за новогодишните празници

Повеќе илјади гости допатуваа во Охрид, каде ќе ги минат новогодишните празници. Најголемиот дел се сместени во поголемите хотелски капацитети, каде закупија четиридневни и тридневни аранжмани, со свечен дочек. Свечен дочек организира и локалната самоуправа од Охрид, со одлична празнична забава, на отворено, на градскиот плоштад Свети Климент Охридски. „Очекуваме преполн плоштад на самиот дочек. Охрид и оваа година да биде преполн со гости за новогодишните празници. Најголем број од нив ќе бидат од Република Македонија, но и од соседните држави, пред сè, од Србија, Црна Гора, Бугарија и од…

повеќе...

Охридската полиција со честитка за Нова година

Секторот за внатрешни работи од Охрид во соработка со Македонскиот полициски синдикат, денес, на симболичен начин со подарување на новогодишни лампиони, на охриѓани и на туристите кои во Охрид ќе ја прослават новогодишната ноќ, им ја честита Новата 2016-та та година. „На овој начин, сакаме како полиција, на сите граѓани да им посакаме здравје, лична среќа, деловен успех и се најдобро во годината што следува. Истовремено сакаме да укажеме на неопходноста од воздржување на употреба на петарди и други пиротехнички средства за време на новогодишната прослава. Апелираме до сите возачи…

повеќе...

Новогодишно обраќање на градоначалникот Бакрачески

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески во Новогодишното видео обраќање упати искрени честитки до граѓаните на Општина Охрид со желби за многу здравје, бериќет и просперитет во Новата 2016 година.

повеќе...

Учениците од ОУ „Братство Единство“ настапија на градскиот плоштад

Во рамки на предновогодишната програма која ја организира Општина Охрид, денес на градскиот плоштад пред бројната публика настапија учениците од ОУ „Братство Единство“ со културно – уметничка програма. Новогодишната програма во Охрид ќе започне утре точно напладне со познат охридски дј кој на сцената ќе биде до 20 часот. Од 20.30 до 21.10 часот охриѓани ќе уживаат низ староградските песни на охридскиот ансамбл – „Билјана Јуниор“. Познатата македонска група „Компас бенд“ ќе настапи од 21.10 до 21.50 а од 21.50 до 22.30 ќе настапи младата охридска музичка ѕвезда Боби Мојсовски. Од 22.30…

повеќе...

МВР за претстојните празници со зајакнати мерки и активности

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по повод претстојните Новогодишни и Божикни празници, имајќи предвид дека се очекува зголемена раздвиженост на граѓаните и одржување на јавни собири и манифестации, а со цел обезбедување поволна безбедносна состојба во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот, безбедноста во сообраќајот, обезбедување на државната граница, обезбедување на објекти, личности, ДКП – презема зајакнати мерки и активности по претходно изготвени планови заради благовремено следење и преземање на конкретни мерки и активности за спречување на истите. По однос на прославите на претстојните празници на…

повеќе...

Волшебната елка на желби им ги исполни желбите на 80-тина дечиња

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски беше дел од традиционалниот Новогодишен настан Волшебна елка на желби којшто Црвениот крст на Град Скопје го организираат за децата сместени во загрижувачките семејства на територија на град Скопје. Секој треба да се чувствува среќно за новогодишните празници! Ова е идејата водилка на настанот кој е во заедничка соработка на Рамстор Мол и ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, а подржан од А.Д Комерцијална банка. На 80-тина дечиња без родители и без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства Волшебната елка…

повеќе...

Новогодишна приредба во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

По повод Новогодишните празници во Основното училиште „Живко Чинго“, Велгошти денес се организираше новогодишна приредба збогатена со богата културно-уметничка програма. Учениците со нивните настапи ги израдуваа, ги насмеаа и ги забавуваа своите родители, баби и дедовци. „Учениците од нашето училиште имаат посебен уметнички сенс и афинитет, кој само треба да се насочи и канализира, ние како училиште тоа го постигнуваме преку работа во секции во предметна настава и откривање и работа со таленти во одделенска настава“, – вели директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски. На крајот од Новогодишната програма на радост на најмалите-првооделенчињата…

повеќе...

Калиопи за дочек на Нова година во Охрид

Мега ѕвездата Калиопи Букле, Викторија Лоба, Боби Мојсоски, „Компас бенд“ и „Билјана Јуниор“ ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочек на Новата 2016 Година во Охрид. Од локалната самоуправа ветуваат незаборавна забава за најлудата ноќ во годината и ги покануваат охриѓани и гостите да присуствуваат на градскиот плоштад. Новогодишната програма во Охрид ќе започне точно напладне на 31 овој месец со познат охридски дј кој на сцената ќе биде до 20 часот. Од 20.30 до 21.10 часот охриѓани ќе уживаат низ староградските песни на охридскиот ансамбл – „Билјана Јуниор“.…

повеќе...

Петок, неработен ден за сите граѓани

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека петок, 1-ви јануари 2016 година, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата година.

повеќе...

Основците од „Св.Наум Охридски“-Пештани настапија на градскиот плоштад

Продолжува дванаесетдневната предновогодишна програма на градскиот плоштад.   Во рамки на програмата вечерва пред бројната публика настапија учениците од ОУ „Св.Наум Охридски“ од Пештани со културно – уметничка програма.  А.Андриоски

повеќе...