Акција за чистење на Градска плажа и сливот на реката Грашница

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваа сливот на реката Грашница и истоимената плажа на потегот од „Хотел Мизо” до калето. „Подигнати беа околу 30тина неразградлив комунален отпад кој беше донесен од количината на самата вода во речното корито и исто беа собрани големи количини на трска. Целиот отпад и трска беа подигнати од страна на службите на ЈП „Охридски Комуналец.“– велат од претпријатието. Со вакви и слични акции ЈП „Охридски Комуналец“ ќе продолжи и во наредните денови, се со цел подигнување на еколошката свест кај населението. „Овие акции…

повеќе...

Емоционален апел на алпинистката Илина Арсова за спас на Лагадин

Познатата алпинистка, охриѓанката Илина Арсова, која во мај 2013 година го искачи врвот Монт Еверест на висина од 8.848 метри, во писмо до јавноста вели дека на Лагадин не му треба медитеранска плажа затоа што теренот не располага со плажно крајбрежје. „На потегот кај Лагадин, езерото е во тесна врска со планината и со националниот парк Галичица. Тие живеат во природна симбиоза, каде влијанијата од планината се префрлаат во езерото и обратно. Предвидената плажа треба да се гради во вода, бидејќи ширината на постојниот брег е помеѓу 2 и 5…

повеќе...

За што сè се користат бовите во Охридското Езеро

Покрај нивната примарна цел, бовите се користат и како реквизити за сончање, капење и скокање во вода. Којзнае, можеби ќе бидат дел од некои идни водени лудории на пример: „Кој прв до бовата“, „Стој на бова“ (мирни води и разбранувано езеро), „Најбрзо качување на бова“, „Најспектакуларен скок од бова“ и.т.н. Има безброј можности за „употребата“ на бовите, а дали тоа е дозволено е сосема друго прашање. WebOhrid

повеќе...

Тајзи бара азил во Шпанија? „Амор“ доби видео запис

Распеани и разиграни Јамајканки и Кубанки заедно со Тајзи и неговиот бенд ни носат нешто навистина поинакво ова лето. „На спотот „Амор“ се работеше 3 дена, станува збор за голема екипа, прекрасни луѓе и енергии од повеќе страни на светот. Ова е досега еден од најдобрите негови проекти“, – велат од екипата која работеше на новиот видео запис. Снимано е на повеќе локации – Каса Кубана и Роџер Пијано – Скопје и Куманово. Спотот е на Владимир Дади Ивановски кој уште еднаш докажа зошто важи за еден од најдобрите македонски…

повеќе...

Змија лови риби пред очите на капачите

Водните змии претставуваат составен дел од секој екосистем, па и од екосистемот во и околу Охридското Езеро. Тие можат да се сретнат на диви плажи, плажи со густа вегетација. Често бегаат од капачите и бараат мирно место, како би фатиле некое рипче за да се прехранат. Во овој случај, една змија возбудена со својот улов и брзајќи да го изведе на копно, се појави на една добро посетена охридска плажа. Некои од посетителите на плажата кои за прв пат се соочија со вакво искуство имаа можност да гледаат „Опстанок“ во живо.…

повеќе...

Џајковски фт. ТК Вондер & ЕмСи Васп го мрднаа Охрид

Како што се очекуваше, продолжението на Хајнекен Грин Бич Фестивал слеа реки луѓе на настанот број еден летово. Откако фантастичниот Фед Ле Гранд во петокот (31-ви јули) ги запали привилегираните присутни на плажа Парк, очекуваната желба на цела публика за уште многу играње, беше задоволена на највисоко можно ниво, велат огранизаторите. Во само две недели, Кирил Џајковски успеа да ги потврди своите квалитети на двата најголеми настани во Македонија оваа година – Хајнекен Грин Бич Фестивал и Д Фестивал. Вчера, плажата Парк во Охрид, каде веќе 6-то лето се одржува…

повеќе...

Фед Ле Гранд на ХГБФ… грандиозно!

Хајнекен Грин Бич Фестивал вчера беше местото. Под полната Месечина на брегот на Охридското Езеро, Фед Ле Гранд приреди незаборавно шоу, кое долго ќе го раскажуваат преку 7-те илјади посетители на највозбудливиот подиум во Македонија, каде се танцуваше до зори. Супериорниот Хајнекен Грин Бич Фестивал, низ 6-те години од своето постоење, на македонската публика и на бројните воодушевени туристи на охридското крајбрежје им ги овозможи епските настапи на Армин Ван Бурен, Пол Ван Дајк, Карл Кокс, Џон Дигвид, Фери Корстен, Роџер Санчез и многу други клучни имиња во денс историјата.…

повеќе...

Исчистена плажата Лабино

Плажата Лабино која е лоцирана под пешачката патека која ги поврзува „Св.Јован Канео“  и месноста „Грашница“ е расчистена. „Во расчистувањето беа ангажирани 6 комунални работници кои извршија отстранување на ниската жбунеста вегетација и сечење на надвиснатите гранки од околните дрвја, со што се зголеми корисниот простор кој туристите можат да го користат за плажа. Потоа се собра отпадот (пластични шишиња, најлон-кеси, картонска амбалажа и др.) кој капачите го оставаат зад себе.“– велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

И MC Wasp на Хајнекен Грин Бич Фестивал

Австралискиот драм енд бејс и хип хоп продуцент – MC Wasp, се приклучува на шоуто на Кирил Џајковски и ТК Вондер на 6-от Хајнекен Грин Бич Фестивал. Џајковски, ТК Вондер и MC Wasp ќе настапат на 1-ви август, вториот ден од најголемиот денс настан годинава. Со емсито кој ни доаѓа директно од Мелбурн, се комплетира составот на Џајковски за крунисување на грандиозниот викенд на плажа Парк. Главната ѕвезда на најексплозивната журка ова лето е Фед Ле Гранд, чиј диџеј сет ќе го чуеме на 31-ви јули, петок, на плажата Парк…

повеќе...

Егзотичен гуштер на една од охридските плажи

Камерата на WebOhrid сосема случајно пронајде егзотичен гуштер на една од охридските плажи, во близина на Градиште. На прв поглед обичен гуштер, за нијанса поголем од обичната гуштерица. Но, боите кои ги има овој гуштер на долниот дел од телото, го прави егзотичен. Од темно сино-зелена боја на главата и вратот до портокалова боја на стомакот. Овој мирољубив гуштер позираше пред нашата камера, на карпа покрај Охридското Езеро, впивајќи сончеви зраци на зајдисонце. Станува збор за Algyroides nigropunctatus, гуштер кој е застапен само на овие простори (Грција, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна…

повеќе...