Владата целосно ќе ги обештети граѓаните од поплавените подрачја во скопско

Владата на Република Македонија, денес усвои пакет на мерки наменети за граѓаните во погодените подрачја од поплавите кои го зафатија скопскиот регион. „Имајќи ја во предвид големината на природната непогода, нејзината разорност и големиот број на домаќинства кои се опфатени, како и степенот на оштетеност, како влада целосно сме посветени кон овозможување на комплетна помош и поддршка на настраданите, опфаќајќи различни сегменти, кои директно или индиректно ќе бидат од полза и конкретна корист. Тоа се конкретни чекори и мерки со кои покажуваме грижа за сите наши сограѓани, на кои во…

повеќе...

Над 350.000 евра собрани донации за настраданите во поплавите

Над 350.000 евра се собрани на жиро сметката на фондот за солидарност при Црвениот крст за помош на погодените од поплавите. Парични донации и понатаму се собираат преку телефонскиот број 143 – 400 од сите домашни мобилни оператори, а цената на еден повик е 100 денари. Донираа многу компании, но и странски држави помогнаа со техничка помош и луѓе за испумпување на вода. Извор: meta.mk

повеќе...

Охридските пензионери донираа за настраданите семјества

По сознанијата за состојбата на настраданите скопски подрачја од поплавите, ЗП Охрид и Дебрца веднаш се вклучи во организирање на хуманитарната акција. Преку Активот на пензионерки се органзира акција за собирање на најнеопходните потреби за настраданите семејства. Според претседателот на ЗП Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески, собрани се 100 женски чевли, машки и детски патики, околу 300 детски памперси и друга детска и бебешка облека, десетина пакети мешана женска и машка облека, постелнина, покривки, хигиенски средства, тоалетна хартија, и други домашни потреби за дезинфекција. „Хуманитарната помош, вчера беше дистрибуирана до…

повеќе...

Охрид солидарен за Скопје: Естрадата пееше и донираше за поплавените

Дел од македонската естрада вчера настапи на Градскиот Плоштад во Охрид и здружено со граѓаните донираа за поплавените семејства во Скопје. Кутиите за донации за кратко време се наполнија, а донации стигнуваа и од странските туристи кои не ги криеа своите солзи. Анастасија Петреска, нејзиниот татко Наум, Боби Мојсовски, Ѓоко Таневски, Татјана Стефановска, Зуица Лазова и организаторката Елена Велевска се само дел од пејачите кои настапија на овој хуманитарен настан. Апелираат до сите колеги кои не беа во можност да настапат, да донираат за настраданите подрачја. Освен паричните донации, се…

повеќе...

Институциите од областа на културата се вклучуваат во хуманитарната акција за помош на загрозените од поплавата

Министерството за култура преку своите институции: театри, музеи, галерии ќе реализира повеќе хуманитарни театарски претстави, концерти, продажни изложби и други активности со што се вклучува со донација на приходи од продажбата на билети со цел да помогне на населението чии домови настрадаа во катастрофалните поплави. Собраните средства ќе бидат префрлени на посебна жиро-сметка наменета за помош на граѓаните погодени од поплавата. Во прилог ви ја доставуваме програмата на Националните установи и културните настани кои ќе бидат реализирани во наредниот период. Воедно ги повикуваме граѓаните од целата држава да ги посетат…

повеќе...

Црвен крст: На вчерашниот концерт собрани над 100 илјади денари

На вчерашниот хуманитарен концерт кој на иницијатива на пејачката Елена Велевска и во организација на Општина Охрид и Црвен крст Охрид се одржа на Градскиот плостад во Охрид, во касите на Црвен крст Охрид беа собрани 101.570 денари, 50 евра, 20 австралиски долари, 20 УСА долари, 5 новозеландски долари и 20 лева. Со своја донација (бебешки пелени, вода и конзервирана храна) на вчерашниот хуманитарен настан, помогнаа и Тамаро маркетите. Сите собрани средства ке бидат наменети за помош на населението од поплавените подрацја во скопскиот регион. Од Црвениот крст Охрид изразуваат…

повеќе...

Шекеринска со граѓаните на коишто им е потребна помош

Денеска продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна. Заменик претседателката Шекеринска, заедно со тимовите од волонтери и активисти на СДСМ, помага на жителите од населените места погодени од поплавите. Се расчистуваат домовите и дворовите на жителите, се испумпува насoбрана вода каде што се уште има, се дели вода за пиење, конзевирана храна и средства за лична хигиена. Дополнително, покрај секојдневната директна помош на граѓаните теренот, пратеничката група на СДСМ и опозицијата денеска побара свикување на итна собраниска седница за состојбата во…

повеќе...

Цветков: Отштета за сите поплавени земјоделски површини

Сите земјоделски површини без разлика дали се евидентирани во нашиот регистар или не ќе бидат обештени. Граѓаните да бидат спокојни. Ние како Влада и Министерство за земјоделство за се она што им е направено како штета со оваа катастрофа ќе бидат обештени согласно тоа што имаат пријавено, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Министерот Цветков денеска во село Стајковци изврши увид во работењето на комисиите формирани од Министерството за земјоделство за проценка на штетите во земјоделското производство. „Имајќи го искуството со поплавите кои беа во 2015…

повеќе...

Охридско лето со помош за жителите од поплавените подрачја

Охридско лето се приклучува во акцијата за помош на загрозените од поплавите. Средствата од продадените билети од двата концерти, Вечер на ЕУ со пијанистката Нина Костова и Хеншел гудачки кварте од Германија и настапот на Државен камерен оркестар „Академија за солисти” со виолинистот Ајман Мусакајајева од Казахстан и мексиканскиот диригент Хуан Карлос Ломонако, кои се на програмата на 12-ти и 14-ти овој месец, ќе бидат наменети за настраданите во поплавите. Охридско лето изразува длабоко сочувство до блиските на сите починати во невремето кое погоди одделни подрачја на градот Скопје. „Иако…

повеќе...

Тим од Општина Охрид вклучен во проценките на штетата од поплавените подрачја

На барање од Бирото за Судски вештачења, тим од седум овластени проценители вработени во општина Охрид се приклучија во проценувањето на штетата кај настраданите од поплавените подрачја. Целта е да се помогне во процесот на процена на штетите како побрзо би се обештетиле настраданите. Ова е уште една мерка од низата кој што општина Охрид ги презема за помош на луѓето од поплавениот регион.

повеќе...