ДЗС: Најголем број на новосоздадени, но и на згаснати претпријатија во секторот трговија

Новосоздадени претпријатија, 2009-2013 година Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година, 17.2% од активните претпријатија во Република Македонија чијашто главна дејност според Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2 припаѓа во секторите на дејност од B/Б до S/О (секторите A/А, O/Љ, T/П и U/Р и класата 64.20 се исклучени), се новосоздадени претпријатија, во 2010 година тој број изнесува 16.2%, во 2011 година 12.9%, во 2012 година 11.9% и во 2013 година 10.0%. Згаснати претпријатија, 2009-2011 година Во поглед на згаснатите претпријатија, податоците покажуваат дека во 2009 година, вкупниот…

повеќе...

Се санира споменикот на А. Ден Долард

По налог на локалната самоуправа екипа на ЈП „Градски Гробишта” Охрид започна со работни активности за санација на споменикот на А. Ден Долард кај холандскиот парк. Ова претпријатие денес ги продолжува активностите за изградбата на спортското игралиште за одбојка на песок во населба Воска кои започнаа вчера.

повеќе...

„Водовод“ воведува електронска достава на фактури за правни лица

Заклучно со март годинава, МЈП „ПРОАКВА“ РЕ „Водовод“ Охрид воведува електорнска достава на фактурите за правни лица. Доставата првенствено ќе се врши на службените е-маил адреси преземени од Централен регистер на Р.Македонија. „Како корисник на нашите услуги, должни сте да дадете изјава за согласност за електронска достава на фактурите. Оваа изјава ќе Ви биде доставена заедно со фактурата за месец март 2015 и фактурите за месеците што следат. Истата можете да ја пополнете во просториите на МЈП „Проаква“ Р.Е. „Водовод“ Охрид (дирекција) како и во наплатен центар „Трудбеник“ и наплатен центар „Корзо“.“–…

повеќе...

ЈП „Градски гробишта“ со позитивни финансиски ефекти

Со домаќинско работење и покрај наследените долгови од 10 .000. 000,00 денари и неисплатени плати во износ од 3. 000. 000,00 денари, Јавното претпријатие „Градски гробишта“ успеа да се консолидира и покажа позитивни финансиски ефекти и тоа за 2013 година во износ од 3. 377. 181,00 денари и 4. 390. 925,00 денари за 2014 година – ова на денешната прес конференција го обелодени директорот на претпријатието, Зоран Симоноски. „Во ЈП „Градски гробишта“ воведен е нов начин на работа . По налог на актуелната локална власт за прв пат како претпријатие…

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ со активности на улица „Питу Гули“

Јавното претпријатие „НИСКОГРАДБА“ секојдневно презема активности за одржување на канализациониот систем и цевководите на градот. На улица „Питу Гули“ во тек е активност за преприклучување на фекалните приклучоци во мрежата за фекална канализација и уличните сливници во атмосферската канализација. До сега нивната функционалност беше оневозможена од приклучување на фекални води во атмосферската канализација и обратно. Со оваа активност на Јавното претпријатие ќе се изврши одвојување на фекалната од атмосферската канализација и ќе се постигне зголемена функционалност и на двете линии.

повеќе...

ЈПК Дебрца: Отпадот во општината се подига согласно распоредот за подигање на комунален отпад во зимски услови

Во врска со денешното соопштение на Советничката група на СДСМ Дебрца, реакција испрати ЈП за комунална дејност, Општина Дебрца, во кое стои: „Сакаме да ја информираме јавноста, а и советничката група на СДСМ Дебрца дека отпадот во општината се подига согласно распоредот за подигање на комунален отпад во зимски услови на населени места во оние денови во кои е предвидена таа активост. Поради вондредните зимски услови во одредени населени места во повисоките делови со потешкотии се подига отпадот во овој период каде што отпадот не беше подигнат неколку денови, а…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Поради не вршење на комуналната услуга собирање на комуналниот отпад корисниците на услугата од Општина Дебрца да се ослободат од плаќање надоместок

Советничката група на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Јавното претпријатие „Дебрца“ – Белчишта, како давател на комуналната услуга собирање и транспортирање на комуналниот отпад повеќе од 20 дена не ја врши услугата, односно не го собира комуналниот отпад од граѓаните и правните субјекти од општина Дебрца. Причината за тоа е неможноста на специјалното возило за собирање на отпадот да влезе во населените места поради од снегот неисчистените општински патишта и улици, а кое нешто согласно Оперативната програма за зимско одржување на општинските патишта и…

повеќе...

Темелковски: Неопходни се јаки, опремени и капацитетно оформени јавни комунални претпријатија

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски се обрати на отварањето на Годишното собрание на Асоцијацијата на даватели на комунални услуги (АДКОМ) кое  се одржа во Охрид. Поздравувајќи го претседателот на АДКОМ, Игор Спасовски и изразувајќи задоволство од 11 годишната плодна и успешна соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата, заменик министерот Темелковски изјави: „Како во повеќето европски држави, така и кај нас, комуналните услуги, урбанистичкото планирање, следењето на состојбите на локално ниво и донесувањето на одредени прописи веќе е во надлежност на…

повеќе...

Вработени во ЈП „Македонски шуми“ го оштетиле претпријатието за 1.545.670 денари

НК за КР при ПС ОН –Македонски Брод, до ОЈО-Кичево поднесе кривична пријава против лицaта: С.С.(44) вработен во ЈП “Македонски шуми“ како шумарски инженер, Б.Б.(60) вработен во ЈП “Македонски шуми“ како референт за сеча и дотур, Т.Љ.(57) вработен во ЈП “Македонски шуми“ како контролор на рампа и С.Д.(51) вработен во приватна фирма-рибник, сите од Македонски Брод., за сторени кривични дела -“несовесно работење во службата“и „пустошење на шума“ (против тројцата вработени во ЈП “МАкедонски шуми“), и за “пустошење на шума“ (за четвртопријавениот). Во октомври и ноември гoдинава постапувајќи спротивно на законските…

повеќе...

Малите и средните претпријатија ќе добијат поддршка од Фондот за иновации, но треба и од банките

Финансискиот сектор во Македонија е стабилен, со позитивни трендови. Раст бележат депозитите и кредитите, кои пак се повеќе насочени кон поголемите претпријатија, а многу малку кон малите и средните претпријатија и почетните бизниси. Ова беше истакнато на 12. Конференција за финансии, деловни можности и економски развој – ФИНЕКСПО 2014, што се одржа денеска во Скопје. „Финансискиот сектор има позитивни трендови. Имавме висок степен на стабилност и ја задржавме и во услови кога Европа се соочуваше со висока нестабилност, но сега освен таа финансиска стабилност имаме и поосетна поддршка од финансискиот…

повеќе...