Ден на претприемачот: Во Македонија има претприемачки дух и иновативни проекти

Во Македонија има претприемачки дух и иновативни проекти, но потребно е да се поттикнат и охрабрат луѓето да ги имплементираат идеите и да создадат свој бизнис. Ова беше истакнато на денешното одбележување на 10. Европски ден на претприемачот и Европската недела на мали и средни претпријатија организирани од Европската бизнис асоцијација. Од 101.600 регистрирани компании во Македонија денес 98 илјади се мали и средни компании кои се сметаат за важен сегмент од македонската економија. „Тоа се компании со идеи и динамизам кои се подготвени да прифатат поголеми предизвици и ризици.…

повеќе...

Подготвени 10 проекти за регионален економски развој вредни 38 милиони евра

Подготвена е техничка документација за 10 проекти за регионален економски развој за чија реализација се потребни 38 милиони евра. Седум се за промоција и развој на туризмот и ќе бидат основа за проектот за конкурентност на туризмот во регионите што ќе го спроведе Владата со финансии во износ од 21 милион евра. Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, квалитетно подготвената документација за новите проекти ќе овозможи за брзо време да се најдат извори на финансирање, преку претпристапната помош од ЕУ, донаторски средства или со комерцијално финансирање. „Важно е што…

повеќе...

207 милиони денари грантови за нови бизниси

Проектот за самовработување се покажа како успешен и делотворен проект. Преку овој проект државата, во соработка со УНДП, дава 3.000 евра неповратен грант за отворање на бизнис и самовработување на невработените лица. Самовработувањето дава позитивни резултати и во изминатиот период откога е воведен и функционира придонесе токму преку него да се отворат над 7200 бизниси и најмалку исто толку вработувања на невработените лица. Владата одлучи и во следната година да се продолжи со овој проект. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вели дека во 2016 година за реализација на овој проект ќе…

повеќе...

Бројни проекти предвидени за УЗ „Видобишта“ и „Железничка“

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, попладнево, одржа средба со жителите од урбаните заедници „Видобишта“ и „Железничка“. Покрај градоначалникот на средбата присуствуваа раководителите од Локалната самоуправа како и директорите од Јавните претпријатија. На средбата Бакрачески ги презентираше тековните проекти и развојните планови за овие урбани заедници. Жителите од УЗ Видобишта изразија голема благодарност до Локалната самоуправа за реализацијата на проектот за целосна реконструкција на улицата „Ристо Чадо“, која претставуваглавна сообраќајница за овој дел од градот и ги поздравија најавите за реализација на инфраструктурните проекти кои опфаќаат асфалтирање на неколку помали…

повеќе...

Објавен конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2016 година

Министерството за култура, врз основа на член 62 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98,49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14 и 61/15), објавува Годишен конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2016 година. Конкурсот е објавен во дневните весници: „Утрински весник“ и „Коха“, трае 45 дена од денот на објавувањето, односно од 4.9.2015 година заклучно со 19.10.2015 година … ПОДИГНИ КОНКУРС

повеќе...

Земјите од Западен Балкан поблиску до ЕУ преку регионални енергетски проекти

Министерот за економија Беким Незири, кој заедно со владината делегација учествува на дводневната конференција за Западен Балкан што се одржува во Виена, учествуваше на тркалезната маса за економскиот просперитет и инфраструктурното поврзување. На сесијата која е продолжение на Берлинскиот процес што минатата година го иницираше германската канцеларка Ангела Меркел, министерот Незири ги претстави актуелните енергетски проекти што обезбедуваат безбедно и квалитетно снабдување со сите видови енергија, како и активностите за поврзување на Македонија со електроенергетските системи на соседните држави со цел формирање на функционален регионален пазар на електрична енергија. „Како…

повеќе...

Продожуваат проектите за бесплатна бања и викенд за пензионери

Наредната недела започнува втората фаза од реализацијата на проектите за бесплатна бањско климатска рекреација и за бесплатен туристички викенд за пензионерите во Република Македонија, најави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Годинава, информира министерот, околу 1.250 пензионери ќе го искористат проектот бесплатна бањско климатска рекреација и околу 950 ќе ги искористат поволностите од проектот за бесплатен туристички викенд. „Вкупно 2.200 пензионери во периодот од септември октомври ќе ги искористат целосно бесплатните услуги од овие проекти кои наидоа на огломен интерес и задоволство кај оваа категорија граѓани кои…

повеќе...

Владините проекти придонесуваат за континуиран развој на туризмот

Покрај двете плажи на Преспанското Езеро, заврши и изградбата на плажите во Дојран, а наскоро ќе почне и изградба на плажата Лагадин во Охрид, најави денеска премиерот Никола Груевски по посетата на новата плажа во Стење. Груевски напомена дека продолжуваат владините проекти за континуиран развој на туризмот. „Оваа плажа е составен дел на нашите активности поврзани со развојот на туризмот, инвестирањето во понудата и вкупното вложување во оваа дејност. Имаме доста инвестирано и во промоција, субвенции за тур-оператори и за нови авионски линии, но и во нова понуда за туристите…

повеќе...

Цветков: Ќе се субвенционираат 50 проценти од каматата за ИПАРД проекти

Педесет проценти од каматата за сите кредити за инвестиции на земјоделците финансирани со ИПАРД програмата ќе ги покрива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за рурален развој, одлучи Владата на последната седница. Според министерот за земјоделство Михаил Цветков, со ИПАРД прогрмата со 75 проценти ќе се кофинансираат проектите на земјоделците од општините Могила, Новаци и Босилево зафатени со поплавени од почетокот на годинава. Каматните стапки во комерцијалните банки се високи и се движат од 4 до 8 проценти, а профитот во земјоделството не е значително голем. Со субвенционирањето…

повеќе...

Одржан состанок на Меѓународниот Одбор за избор на најдобри училишни проекти

Министерството за образование и наука информира дека во периодот од 8-10 јуни годинава, во рамките на aces проектот се одржа состанок на Меѓународниот Одбор за избор на најдобри училишни проекти. аces е мрежа која ги поврзува 15 те земји партнери: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Унгарија, Косово, Република Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Словенија. aces е иницијатива на ERSTE Foundation и координирана од Interkulturelles Zentrum-Австрија и Vceli Dom-Словачка. Од вкупно 263 предложени проекти, во силна конкуренција беа избрани 42 проекти. Училиштата од Република…

повеќе...