Работна сесија на Салзбург Форумот што се одржува во Софија

Во рамки на третата работна сесија на Салзбург Форумот што се одржува во Софија, Република Бугарија, заменик министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков имаше свое обраќање на тема- “Предизвиците кои се наметнуваат со притисокот од зголемената миграција долж западно балканската рута – заеднички мерки и подобрување на соработката“. Заменик министерот Чавков потенцираше дека соработката со сите земји од регионот е клучна и дека Република Македонија е подготвена за соработка во секој момент со сите земји од регионот како и со европските и меѓународните институции и агенции. Истовремено, тој посочи…

повеќе...

„Денови на македонскиот туризам“ во Софија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот денес во Софија, Бугарија ќе организира „Денови на македонскиот туризам”. Како што информираат од Агенцијата, настанот се организира со цел афирмација на започнатата туристичка сезона, да им се претстави туристичкиот производ од Македонија и можност за зголемување на бројот на Бугарски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја. Настанот ќе биде збогатен со дегустација на македонско вино, македонска музика и пригодна наградна игра, а најсреќните ќе имаат можност да бидат добитници на автентични производи од Македонија, тоа се охридските бисери, филигранот…

повеќе...

Успешна промоција на Македонија како туристичка дестинација на саемот за туризам во Софија, Бугарија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година успешно ja претстави Македонија како туристичка дестинација на “HOLIDAY & SPA EXPO 2015” саем за туризам во Софија, Бугарија кој се оддржа од 12-15ти Февруари. „Успешните промотивни активности на АППТРМ на туристичкиот пазар во Бугарија, континуираната медиумска кампања во печатените медиуми и на веб порталите позитивно се одразија на зголемување на број на туристи од Бугарија кој изминатата сезона изнесуваше повеќе од 10%. Остваривме средби со тур оператори од Бугарија меѓу кои: Global Tours, Bohemia Travel, Viva travel agency, Modern…

повеќе...

Сребро за Ина Стефановска во Софија

Македонија има свои репрезентативци во бадминтон кои може да се носат со врвни светски имиња од овој спорт, а тоа го докажаа викендов на светскиот рекетлон турнир „IWT Bulgarian International Championship 2014“ во Софија. Ина Стефановска и Петар Живковски успеаа да стигнат до финалето и полуфиналето во своите дисциплини со далеку поискусните противници со кои водеа рамноправни битки. Стефановска успеа да освои сребрен медал, а Живковски беше четврти. Во 2012-та година,на светскиот рекетлон турнир нашата земја го освои четвртото место во екипна јуниорска конкуренција, а во 2013-та два сребрени медали…

повеќе...

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија домаќин на два културни настани

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија синоќа (10 јули) беше организатор и домаќин на два културни настани кои се реализираа во рамките на Програмата за поддршка на проекти од национален интерес на Министерството за култура. Програмата започна со откривање на ретроспективната ликовна изложба посветена на 50-годишниот јубилеј на Меѓународната ликовна колонија во Струмица, на која низ 30 ликовни дела беше направен пресек на најзначајните остварувања на една од најстарите и најпознати ликовни колонии кај нас. Изложбата на која беа презентирани дела од еминентни македонски автори како Мартиноски,…

повеќе...