Следната недела започнува зимското сметање на времето

Во недела, 25-ти октомври завршува летното и почнува зимското сметање на времето. Во сабота кон недела, во три часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад, со што и официјално почнува зимското мерење на времето. За спанковците тоа е добра вест, бидејќи ќе има еден час повеќе за спиење. За оние кои сакаат активен живот, тоа баш и не е добра вест, бидејќи ќе почне да се стемнува во 16:30, а денот ќе има еден час помалку.

повеќе...

При крај рокот за пријавување за програмата Час за приказни на англиски јазик

Пријавувањето за популарната едукативна програма за деца во Црвен крст Охрид, Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца, е при крај! Програмата е наменета за деца на возраст од 4 – 7 години каде на забавен и интерактивен начин, преку читање приказни, пеење песнички, изработка на креативни вежби и пред се, користење на англиска литература за деца од Англиската библиотека на Црвениот крст Охрид, децата го надградуваат и зајакнуваат знаењетo на англискиот јазик и ја развиваат емоционалната сигурност како и хуманоста и солидарноста од најмала возраст. Часовите се одржуваат еднаш неделно…

повеќе...

Започнува новиот циклус Час за приказни на англиски јазик

Во организација на Црвен крст Охрид a со поддршка на Мировен корпус Македонија, започнува нов есенски циклус од едукативната програма Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години. Волонтерите предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот Мировен корпус, во периодот од септември до декември 2015 година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и животни вештини и пред се, користење на англиска литература за деца од Англиската библиотека на Црвениот крст Охрид, ќe го надградуваат и зајакнуваат знаењетo на англискиот јазик и ќе ја…

повеќе...

Обраќање на познатиот екологист Лазо Наумоски по повод Денот на планетата Земја

Охридскиот екологист Лазо Наумоски со свое обраќање по повод 22-ри април, Денот на планетата земја. „Се раѓаме, растеме, образоваме, работиме, се рекреираме или одмараме. Животниот простор на човекот на земјата планета се повеќе се стеснува, се загрозува и загадува ги губи основните својства за квалитетен простор за живеење и опстојување во една одредена животна средина. -Колку повеќе човекот сакал да ја промени животната средина, толку повеќе ја обременува земијната топка со разновидни деградациони промени кои бараат брзо решавање, односно санирање на негативните процеси во неа. – Загадувањето на животната средина и…

повеќе...

Одбележан Часот на планетата

Во саботата, Македонија се вклучи во светската акција „Часот на планетата Земја“ и повеќе од 60-тина атрактивни локации во Скопје и низ Републиката потонаа во мрак. Мотото на годинешнава акција беше „Употреби ја твојата моќ“ „Ова е само доказ дека Македонија покажа дека ја има моќта да направи промена. Во нашиот медиа центар пристигнаа над 2.000 фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата Република и ние сме навистина среќни што постигнавме толку голем успех. Ова немаше да биде успешно без поддршката на градот Скопје, Црвениот…

повеќе...

Големото одбележување на Часот на планетата Земја во Македонија хит низ целиот свет!

Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјално видео во кое е објавен видео инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје. Исто така, поради успешната кампања, видео инсерти од исклучувањето во Македонија беа споделени и во друго, таканаречено „видео на моменти“ во кои освен исклучувањето наосветлувањето Археолошкиот музеј, се појавуваат и децата од интернационалната британскаградинка во Македонија, дури пет пати! Во сите видеа, Македонија се појавува под своето уставно име, Република Македонија. „Ова е само доказ дека Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена! Во нашиот…

повеќе...

Од утре започнува летното сметање на времето

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, утре во 2 часот наутро почнува летното сметање на времето што ќе трае до последната недела на октомври годинава. Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји. Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува…

повеќе...

Во недела започнува летното сметање на времето

Во недела, на 29 март, започнува летното сметање на времето. Часовниците треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот. Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји. Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се…

повеќе...

Шеста година по ред Македонија ќе ги исклучи светилките за часот на Планетата Земја

Шеста година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја, во која учество ќе земат над 162 земји ширум светот. Часот на планетата Земја претставува најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да испрати силна порака за спас на планетата. Оваа година, акцијата се одржува на 28-ми март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време, во мрак ќе потонат над 8.000 градови низ 162 држави ширум светот,…

повеќе...

Во четврток започнува новиот циклус од програмата „Детски час за приказни“

Новиот тримесечен циклус од едукативната програма „Детски час за приказни“ (Children Story Hour) која веќе шеста година Црвен крст Охрид ја спроведува во соработка со Американскиот Мировен Корпус, започнува на 26-ти февруари (четврток). Покрај, креативните, забавно-едукативни содржини наменети за децата од 4-8 годишна возраст, овој циклус ќе изобилува и со корисни содржини за родителите, кои во времето додека нивното дете е на Детскиот час за приказни, тие ќе имаат можност, да учествуваат на советодавните работилници, за корисни теми поврзани со психофизичкиот развој, здравствените навики, социјализацијата на своите деца.  За тоа ќе…

повеќе...