Воведено ограничување за движење на лица во шумите и шумските појаси

Од денес се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за периодот од 22.07.2015 година до 05.08.2015 година во термин од 7:00 часот наутро до 17:00 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја). Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. Во периодот од 17:00 часот попладне до 7:00 часот наутро…

повеќе...

Локализиран пожарот кој избувна во подножјето на Галичица

Во општина Охрид, на периферијата на градот кај трафостаницата 110, под далновод настанати беа два пожари. Едниот беше од подножјето на планината Галичица, опожарена беше  нискостеблеста шума и сува трева, додека пак другиот во атарот на селото Рамне каде беше зафатена и борова шума. На лице место се вработени од НП Галичица, 13 лица од ТППЕ со 3 возила, Црвен Крст, вработени од јавните претпријатија од Охрид, 2 лица од ПОЗС Охрид и 1 возило од ПОЗС Струга. Пожарот е локализиран, а ангажираните лица ќе останат на терен и будно ќе ја следат…

повеќе...

СВР Охрид со оперативни планови и зајакнати мерки за заштита од пожари

Во пресрет на летната сезона и очекуваните високи температури карактеристични за овој период, СВР Охрид изготви конкретни оперативни планови и зајакнати мерки од превентивен, но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Во таа насока, СВР-Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем. Во соработка со територијалната против-пожарна единица, ЦУК, ЈП…

повеќе...

Намалено производството на шумски производи во државните шуми

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2015 година, во однос на првото тримесечје од 2014 година, е намалено за 43.0 %. Намалување на шумското производство е забележано кај повеќето шумски сортименти. Зголемување на шумското производство е забележано кај огревното дрво од иглолисни видови и просторното дрво од иглолисни видови.

повеќе...

Поднесени осум кривични пријави за 13 лица кои сториле 15 кривични дела

Во текот на минатиот месец, постапувајќи во рамките на опартивната акција “Гора“ за спречување на нелегална сеча и трговија со огровно дрво СВР Скопје до надлежното ОЈО поднесе осум кривични пријави со кои се опфатени 13 лица, а за сторени 15 кривични дела од кои: четири кривични дела “кражба“ (три по чл.235 ст.3 и едно по чл.235 ст.3 в.в. со чл.22), три кривични дела – “фалсификување или уништување деловни книги“ (едно по чл.280 ст.1 и две по чл.280 ст.2), по две дела – “злоупотреба на службена положба и овластување“ (чл.353),…

повеќе...

Производи во шумарството, сеча на дрва и услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2014 година, во однос на четвртото тримесечје од 2013 година, е зголемено за 8.9%. Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни и листопадни видови, огревното дрво од иглолисни и листопадни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепеници, дрвени мотки и колци. Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови и кај…

повеќе...

Производи во шумарството, сеча на дрва и услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2014 година, во однос на третото тримесечје од 2013 година, е намалено за 6.6%. Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни и кај огревното дрво од листопадни видови. Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, другото обло дрво од листопадни видови и кај…

повеќе...

Шумски полицајци од Охрид заработија кривични пријави

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(49), И.С.(36) и Т.П.(34), шумски полицајци во Шумската полициска станица-Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 10.08.2014 година, во Охрид на м.в. „Видобишта“ пријавените сопреле патничко возило-џип „мицибуши пајеро“ без регистерски таблички управувано од лице од с.Велгошти, охридско, кое било натоварено со 1,5 просторни метри огревни дрва, без жиг. По ова, пријавените на лицето му предложиле да замине од местото на настанот со алатите за сеча на дрва, додека во записникот и потврдата за привремено одземени предмети внеле невистинити…

повеќе...

Производи во шумарството, сеча на дрва и услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второ тримесечје од 2014 година, во однос на второто тримесечје од 2013 година, е намалено за 20.4%. Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од листопадни и иглолисни видови, другото обло дрво од листопадни и иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни и иглолисни видови. Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисните видови и кај друго грубо обработено дрво,…

повеќе...