Внимателно при паркирање кај високите тротоари и банкини

Паркирајќи на висока банкина или тротоар често се случува да го оштетите вашиот автомобил. Доколку не ви фаќа око од прва, подобро да се паркира степен поназад, отколку да запне браникот, па да биде предоцна. WebOhrid

повеќе...

Скопјанец крадел од возила на паркинзите кај Св.Наум и кај Музејот на вода

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Д. (30) од Скопје. Пријавениот, казнените дела го извршил во текот на март и април оваа година, во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ и на паркинг простор кај комплексот „Музеј на вода“ во близина на Заливот на коските. Д.Д. користејќи подесен алат, но и физичка сила, ги отворал вратите и прозорците од патничките моторни возила сопственост на македонски и странски државјани. Притоа одземал пари, лап-топ компјутери, харддискови, усб стикови, видео камери, облека, обувки, сувенири, спортска…

повеќе...

Општинскиот совет за безбедност со апел за одговорно учество во сообраќајот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи во текот на првомајските празници, со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид. Во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефонони во…

повеќе...

Hello Travel Ohrid – превоз на патници

Hello Travel Охрид врши превоз на патници во земјава и странство со квалитетни и удобни возила 6+1, 8+1, 20+1, патници и минибуси до 21 патник. Hello Travel Охрид исто така врши превоз на патници во организирани екскурзии, интернационални аеродроми, семинари, свадби, after work party, како и врши превоз според Вашите потреби. Тел: 078 910 442 hellotravel.oh@gmail.com www.facebook.com/hellotravel.oh

повеќе...

СВР Охрид со безбедносни мерки за Водици

Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод верскиот празник Богојавление-Водици, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки на превентивен и оперативен план. Мерките на СВР Охрид ќе бидат насочени за зачувување на стабилната безбедносна состојба на целото подрачје во областа на јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и регулирање на сообраќајот. Денес, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, во Охрид врши известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на улиците…

повеќе...

Германски „Костал“ стартуваше со производство во Охрид

Германската компанија „Костал“ и официјално стартуваше со производствени активности за технолошко напредни и иновативни производи во областа на автомобилската индустрија. Станува збор за „браун-филд“ инвестиција со производствена линија што ќе функционира во рамки на поранешните производствени капацитети на „ЕМО“ кај Охрид. Претседателот на „Костал групацијата“ Андреас Костал на денешната свеченост со која беше означен стартот на производствената инвестиција, истакна дека прагматичноста и интелигенцијата кои ја детерминираат економската политика на Република Македонија била една од причините за нивната одлука да отворат своја филијала во Охрид. „Навистина имавме одлична поддршка од Владата…

повеќе...

Културните луѓе не паркираат пред туѓи домови

Немањето соодветен паркинг простор претставува секојдневен проблем за многу наши сограѓани. Соочени со такви проблеми жителите кои живеат на потегот помеѓу улиците „Димитар Влахов“ и „Партизанска“ се одлучија за поставување на рампа со табла на која пишува: „Културните луѓе не паркираат пред туѓи домови.“ WebOhrid

повеќе...

Охрид го одбележа Денот без автомобили

По повод Европската недела на мобилност која оваа година се одржува под мотото „Паметна и одржлива мобилност- влог за Европа“,Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид, денеска ја реализира манифестацијата „Ден без автомобили“. Активностите започнаа со собирање на учесниците пред зградата на Општина Охрид, каде се обрати градоначалникот Никола Бакрачески и настапи хорот при Основното училиште „Братство- Единство“. Градоначалникот Бакрачески рече дека треба да се гордееме што Општина Охрид е дел од мрежата на европски градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилност и…

повеќе...

Ќе се одбележи Европската недела на мобилност – Ден без автомобили

По повод Европската недела на мобилност која оваа година се одржува под мотото „Паметна и одржлива мобилност-влог за Европа“,Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид, 22-ри септември (четврток) го прогласи за Ден без автомобили. Општина Охрид која и годинава е дел од мрежата на европски градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилност, активностите ќе ги започне во 11 и 30 часот со собирање на учесниците пред зградата на општина Охрид каде ќе настапи хорот при ОУ „Братство-единство“, а потоа ќе се обрати градоначалникот…

повеќе...

Шахтите во Пештани – нагазни мини за автомобилите

Пештани „ја испрати“ и оваа летна туристичка сезона. Но, за жал, многумина ќе понесат и непријатни спомени од нивното патешествие низ Пештани, конкретно од неизнивелираните шахти. „Има едно критично место, еден теснец, каде што не се гледа дали доаѓа возило од спротивниот правец. Од едната страна возачите ги одбегнуваат шахтите, додека пак другите ги заобиколуваат паркираните возила. Во таква ситуација е критично и за самите возачи, но и за пешаците кои поминуваат тука.“ – вели загрижен жител од Пештани. Пештанци апелираат до надлежните служби што побрзо да излезат на терен, да извршат увид,…

повеќе...