Комуналец од Кичево изведува градежни активности на тротоарите во Охрид

Во шпицот на летната туристичка сезона, надлежните работат на тротоарот на булеварот „Туристичка“, на потегот од улицата „Јане Сандански“ до улицата „АСНОМ“. Охриѓани се изненадени од тоа што градежните активности ги изведува ЈKП „Комуналец“ од Кичево. WebOhrid

повеќе...

Пронајдена и отстранета рибарска мрежа при снимање на сцени од WebOhrid Aquatic

Како што веќе знаете, минатиот викенд WebOhrid започна самостоен проект WebOhrid Aquatic, со кој ве водиме во подводниот свет на Охридското Езеро. Во текот на снимањето на подводните сцени, на потегот помеѓу Десарет и Градиште, пронајдовме и отстранивме рибарска мрежа заплеткана околу карпа, полна со риби во фаза на распаѓање. WebOhrid

повеќе...

Неуморно продолжуваат градежните активности во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Неуморно продолжуваат градежните активности во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, со цел учениците да имаат подобро катче, поудобен престој и поквалитетна настава. „Секоја година во училиштето се работи на нови проекти за подобро училиште. Всушност, во овој период се доградува, односно се продолжува кровот на училишниот главен влез, поради штетите кои се нанесуваат од неповолните временски услови.“- информираат од училиштето. Во текот на овој месец планирана е изградба на нови кабинети по останатите предмети како што се биологија, хемија, географија и историја. Имено, ова е дел од проектот кој започна со изградба на неколку…

повеќе...

Бесплатни здравствени прегледи на стари лица во Охрид и Дебрца

Денес се заокружуваат активностите кои се реализираа во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица во организација на Црвен крст Охрид. Во тек се бесплатни здравствени прегледи на стари лица во општината Дебрца, кои ги изведува медицински тим на Црвен крст Охрид, кој го сочинуваат лекар-кардиолог од Клиниката за кардиологија во Скопје, лекар-невролог од Здружението „Мозочен удар“ од Охрид и медицинска сестра. Прегледите ќе се изведуваат и во Охрид на плоштадот Крушевска Република (Чинар) денес од 13:00 часот. Покрај едукативните материјали и совети од стручните лица, на старите…

повеќе...

Се работи на приклучоци на новоизведената фекална канализација на ул. „Илија Смически“- Лескоец

ЈП „Нискоградба“ Охрид – изминатиов период активно работи на овозможување приклучоци на новоизведена фекална канализација на ул. „Илија Смически’’ во с. Лескоец. „Во текот на изминатиот месец од страна на екипи на ЈП „Нискоградба“ Охрид изведени се работи на формирање на премини преку улицата. За таа намена изработени се 12 шахти со длабочина поголема од 2 метри како и поставени 150 метри секундарна канализациона мржа со профил од Ф 200 мм. Со завршување на оваа фаза, жителите на овој дел од Лескоец конечно ќе го решат проблемот со одведување на…

повеќе...