Скопје подготвено за првиот 3х3 FIBA ENDORSED турнир во баскет

Претстојниот викенд сето внимание на љубителите на кошарката во Македонија ќе биде вперено кон Градскиот парк во Скопје. За првпат ќе биде одржан турнир „3х3“, поддржан од ФИБА, Македонската кошаркарска федерација и од Агенцијата за млади и спорт. Со одржување на турнирот, македонските ’баскетџии’ и љубителите на уличниот баскет ќе имаат прилика одблизу да се запознаат со правилата на играта, но и да уживаат во одлична игра демонстрирана од екипите кои ќе земат учество. Планиран е формат од 24 екипи, меѓу кои и една од Република Македонија, во зависност од…

повеќе...

Основните училишта играа баскет по повод Интернационалниот ден на спортот за развој и мир

Денес во рамките на училишните спортски лиги и во чест на Интернационалниот ден на спортот за развој и мир, Сојузот за училишен спорт под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше турнир во баскет во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во кој заедно учествуваа повеќе од 80 ученици во машка и женска конкуренција. Најдобри во машка конкуренција беа учениците од ОУ„Христо Узунов“, второ место ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, додека пак учениците од ОУ „Григор Прличев“ и ОУ „Св.Климент Охридски“ го делеа третото место. Во женска конкуренција најдобри беа…

повеќе...

Објавен јавен повик за изградба на 150 типизирани игралишта за баскет

Согласно донесената одлука на седница на Владата на Република Македонија на 12 Октомври оваа година, Агенцијата за млади и спорт вчера го објави Повикот за избор на изведувач за изградба на 150 игралишта за street basket. Согласно проектот, Агенцијата за млади и спорт во наредниот период ќе започне со изградба на 150 типизирани игралишта за баскет на територија на Република Македонија. Терените за баскет игралиштата ќе бидат со правоаголна форма со димензии 18,10 метри / 19,10 метри. Подлогата на терените ќе биде од еколошки материјал со висока отпорност на абење…

повеќе...