Црвен крст им додели признанија на најзаслужните крводарители во Охрид

Црвениот крст го одбележува 17 ти март, Денот на крводарителството во Р.Македонија и Денот на Црвениот крст на Р.Македонија. По тој повод денес во просториите Црвен крст Охрид, се одржа свеченост, на која беа доделени признанија на најзаслужните крводарители. „Задоволство ни е да кажиме дека минатата 2016 година, на ниво на Македонија, Програмата за крводарителство е надмината, значи собрани се 55.100 единици крв, а според Програмата потребни се 55 илјади единици за задоволување на потребите на здравствените установи. Секако дека голем придонес имаат 35-те Општински организации во Р.Македонија меѓу кои е и…

повеќе...

Ќе се доделат благодарници за посебен придонес во подигнувањето на свеста за одговорно учество во сообраќајот во 2016

Утре во малата сала на Општина Охрид, на пригодна свеченост, Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, ќе додели благодарници за посебен придонес во подигнувањето на свеста за одговорно учество во сообраќајот и сообраќајната култура во 2016 година.

повеќе...

Презентирани резултатите од реализираните акции во 2016 на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“

Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ денес ги презентира збирните резултати од сите реализирани акции и настани во минатата 2016 година. Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“  во просториите на Црвен крст Охрид со доделување на благодарници и коктел изрази благодарност до сите институции, поединци и медиуми, кои  ја дале својата поддршка за хуманоста, солидарноста, акцијаштвото и волонтеризмот. WebOhrid

повеќе...

Благодарници на шестмина граѓани за нивното правовремено јавување на “192“

При денешната посета на Центарот за информации и команди при СВР Скопје, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска им врачи благодарници на шестмина граѓани коишто во текот на минатата година помогнале во расчистување на разни кривични дела со нивно благовремено јавување на телефонскиот број 192. Станува збор за пријави на “192“ после кои со благовремено и брзо интервенирање на полициските служби спречени или расчистени се настани, односно кривични дела од разни области. Така во првиот случај на 27.07.2014 год во 19,47 часот преку бројот 192 пријавено е дека НН…

повеќе...