Проект за подобра контрола на храната и болестите кај растенијата и животните

Јакнење на пазарната економија и подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско-прехранбени производи на пазарите на ЕУ преку ефикасна, гарантирана заштита на потрошувачите и стандардите за безбедност на храната, е целта на новиот твининг проект што во наредните 17 месеци ќе го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со финансиска поддршка на ЕУ. Проектот „Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”, е вреден 751.473 евра, а предвидува размена на искуства, пренесување знаења и добри практики за законодавството и ЕУ политиките…

повеќе...

Со марш и атлетски крос во Охрид ќе се одбележи Денот на ретките болести

Здружението на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици, и оваа година го одбележува Денот на Ретки Болести – последниот ден од месец февруари. Денот се организира во рамки на Националната Алијанса за Ретки Болести на Р.Македонија, која беше основана 2014-та година во месец мај од страна на 12 организации (ХАЕ Македонија, НОРА – ревматизам и артритис, Дајте ни Крилја, ХЕМОЛОГ, Здружение за Хемофилија, Момент плус – Пулмонална Хипертензија, Трисомија 21 – Даун Синдром, Кокичиња – ретки невролошки заболувања, Здружение ЕСЕ, МАКУК – Крон и Улцерозен Колитис, Нова Искра) и…

повеќе...

Во Охрид ќе се одбележи 28ми февруари – Ден на ретките болести

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ предводени од кампањата на ЕУРОРДИС (Европска Организација за Ретки Болести), заедно со Црвен крст Охрид и Зш Авантура, под мотото „Придружете ни се за да се слушне гласот на ретките болести“ со низа активности ќе го одбележи Денот на Ретки Болести, кои пред се ќе бидат насочени кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести и начинот за помош и поддршка на истите. Стартот на маршот за подршка на лицата заболени од ретки болести ќе биде на…

повеќе...

Одржано едукативно предавање „Болести на зависност – алкохолизам, никотизам и наркоманија“

Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа стручно предавање на тема: „Болести на зависност – алкохолизам, никотизам и наркоманија“ во организација на „Црвен крст“ – Охрид. Преку мултидисциплинарен пристап од областа на превенцијата, акцентирајќи го притоа јакнењето на здрави животни вештини, комуникација, асертивност, антиципација на здрави животни избори и одговорност кај учениците организаторите на предавањето Мимоза Ставрева, секретар на ЦК Охрид, и предавачот д-р Соња Стурлакова-Димоска ги запознаа учениците за овие три видови болести на зависнот. На пристапен начин, со користење на презентации, беа опишани начините на започнување со земање опојни…

повеќе...