Нови бомби ја нападнаа екологијата во Охрид

Нови бомби ја нападнаа екологијата во градот и сето тоа започнува од училишните дворови. И покрај тоа што на нив пишува (на турски) дека не се наменети за деца под 14 години, овие „POP! Grenade“ бомби им се достапни на децата од сите возрасти. Некаде се продаваат за 5, некаде за 10 денари, а се активираат на следниот начин: Се ставаат на земја; Се стегаат или газат со што започнува хемиска реакција; Пукаат при што распрснуваат; Останува отпадот (ретко кое дете го собира отпадот и го фрла во корпа). Овие…

повеќе...

Стружанец во дворот пронашол рачна бомба

На 17.06.2017 година околу 10:30 часот во ПС Струга, В.Т. (53) од Струга пријавил дека на 15.06.2017 година во дворот од сопствената куќа пронашол една рачна бомба од непознато потекло. В.Т. ја предал експлозивната направа во ПС Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

повеќе...

Кај охриѓанец пронајдени пиштол, бомба и муниција

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ч.(47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, за што од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. На 8-ми февруари минатата година, кај пријавениот пронајдено е огнено оружје пиштол марка „Берета“ и оквир со 10 куршуми. Исто така при претрес во неговиот дом беа пронајдени една рачна бомба и 309 парчиња муниција различен калибар.

повеќе...