Македонскиот олимписки комитет (МОК) на барање на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), обезбеди и целосно финансиски ќе ја покрие едногодишната програма која е одобрена од Обединетото светско борење (UWW) и од страна на Меѓународниот олимписки комитет (IOC), наречена „РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНАТА СПОРТСКА СТРУКТУРА ВО БОРЕЊЕ“. Оваа програма ќе ја води истакнатиот светски експерт по борење, Кирил Ватев од Бугарија. Тој со македонските тренери ќе работи во однос на подобрување на комбинираните технички карактеристики и активности во борењето, изградба и потенцирање на основните индивидуални карактеристики на борењето, на откривање,…
повеќе...Tag: борење
Најдобрите македонски борачи ќе учествуваат на СП во Париз 2017
Во периодот 23-27 Август 2017 година, најдобрите македонски борачи Елмедин Сејфулау, Владимир Егоров и Магомедгаџи Нуров предводени од селекторот Љуљзим Вренези ќе учествуват на Светското првенство во борење (слободен стил), во Париз (Франција). Македонскиот олимписки комитет во целост ги покри сите финансиски трошоци на ФБСМ за учество на најдобрите македонски борачи на ова Светско првенство. За време на ова СП ќе се одржи и конгрес на UWW (United World Wrestling) на кој ќе учествуваат претседателот и потпретседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и Дејан Богданов кои ќе се обидат да добијат…
повеќе...Успешно заврши 31. Светско воено првенство во борење
„Вашите спортски постигнувања, вашиот спортски дух и демонстрирани високи вредности на воена чест и гордост, како и вашата посветеност и поддршка го направија ова првенство и импресивно и успешно“, заклучи денес министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во своето обраќање на свеченото затворање на 31. Светско воено првенство во борење кое се одржа оваа недела во Скопје. Министерот Јолевски посочи дека спортските натпревари, но и меѓусебното дружење и пријателства се придонес кон подобар и побезбеден свет. „Чест ни беше да бидеме ваши домаќини. Се надевам дека гостопримството на…
повеќе...Турнирот во борење „Македонски бисер“ викендов во Радовиш
Традиционалниот меѓународен турнир во борење „Македонскиот бисер“ претстојниот викенд ќе се одржи во Радовиш. Ова ќе биде 39. издание, во годината кога се одбележуваат две децении од еден од најголемите успеси на македонското борење и македонскиот спорт воопшто, кога екипата БК „Бучим – Јака“ во 1995 година ја освои титулата Европски клупски шамион во борење слободен стил. „Борењето е дефинитивно најтрофејниот олимписки спорт во нашата земја и претходните резултати на нашите борачи ми даваат за право да констатирам дека ќе се врати во полн сјај и ќе го зацврсти приматот…
повеќе...