Статичните велосипеди во Холандскиот парк долго време не се во функција

Статичните велосипеди во Холандскиот парк подолго време не се во функција. Недостасуваат педали на секој од нив, а недостасува и таблата на која пишуваше за оваа донација. И покрај тоа што надлежните во неколку наврати извршија нивна санација, сепак тие не можат да излезат на крај со вандалите кои „се дежурни“ 24/7. Имено, овие статични велосипеди беа подарок од Кралството Холандија во 2011 година. Тогашната амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини за Холандскиот парк во Охрид изјави дека тоа е место каде холандските туристи ќе се чувствуваат како дома. Деновиве, може…

повеќе...

Приведени четворица американски државјани со македонско потекло кои уништувале садници

Поради постоење основи на сомнение дека сториле прекршок по член 27 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, СВР Охрид поднесе прекршочна пријава против четири американски државјани со македонско потекло. Во поднесената прекршочна пријава опфатени се: Д.Л. (22) и Ф.Л. (20) по потекло од струшкото село Радолишта како и М.Х. (24), А.Х. (21) со живеалиште во Алјаска. Утрово во 05 часот и 50 минути, пријавените се затекнати на пешачката патека при движење од правец на дискотека „Парк“ кон каналот Студенчишта, како вршат оштетувања и корнење на засадените дрвца…

повеќе...

Превртени контејнери на улицата „Никола Карев“

Вандалите продолжуваат да го нагрдуваат Охрид. Овој пат нивна мета беа три контејнери со отпад на улицата „Никола Карев“. Рано утрово, нашата екипа ги затекна овие контејнери кои беа превртени и оставени на сред улица.  WebOhrid

повеќе...

Нагрден изгледот на новите автобуски постојки

Нагрден изгледот на новите автобуски постојки во Охрид. Автобуските постојки беа поставени минатата недела, а веќе денес можеме да го видиме (зло)делото на вандалите кои ја исчкртаа постојката која се наоѓа на булеварот „Туристичка“, помеѓу ОУ „Григор Прличев“ и Гимназијата „Св.Климент Охридски“. WebOhrid

повеќе...