Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, започна кампања „Горе главата – Изјасни се дека си Македонец!“

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, започна кампања „Горе главата – Изјасни се дека си Македонец!“ „Илинден“ ги повикува сите Македонци во Албанија да се изјаснат дека се Македонци, да го чуваат својот Македонски идендитет, јазик и традиција.

повеќе...

Не е лесно да си продавач/ка

Во денешно време ниту една работа не е лесна, а камоли работа како продавач, и тоа во бутик. Луѓе влегуваат-излегуваат, гледаат, прашуваат, растуриваат, па заминуваат. Сето тоа мора да го средат продавач/ките кои најчесто се осигурани на скратено работно време, а работаат скоро и по цел ден. Во таква ситуација не помага, ниту кафето, водата, весникот, дури ни цигарите кои дополнително „убиваат“. За среќа, тука е аналгинот! WebOhrid

повеќе...

Убавините на Охрид објавени во весникот Лос Анџелес Тајмс

Денес, во весникот Лос Анџелес Тајмс, објавени се неколку стории за Охрид, напишани од Марго Фајф, која го посетила Охрид во мај оваа година. Во категоријата патувања, во првиот прилог „Go wild, civilly“ таа читателите најпрво ги запознава со историјата на Македонија, како крстопат на цивилизациите од Истокот и Западот низ времето. Потоа ја препорачува Македонија како безбедна и пријателска земја која вреди да се посети. Воодушевена е од природата, каде што и самата се уверила со неколку активности како што се пешачење, планинарење, лесно искачување по карпи, посета на пештери, а сето…

повеќе...

Објавен првиот број од весникот за заштита на регионот на Охридското Езеро, поддржан од УНЕСКО

Како дел од активностите предвидени со Проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на Охридскиот регион поддржан од УНЕСКО, објавен е првиот број од Весникот за заштита на регионот на Охридското Езеро. Весникот е преглед на сите настани, факти и идни активности во контекст на промоцијата и зајакнувањето на капацитетите на институциите во Охридскиот регион и од македонска и од албанска страна. УНЕСКО стои зад заштита на наследството на Охридскиот регион од секој аспект, преку зајакнување на институционалните капацитети но развивање на мерки за негова одржливот и промоција…

повеќе...

Репортажа за Охрид во „Визер“ магазинот

Во тиражниот магазин на „Визер“ за месец јуни/јули 2015 година, кој се дистрибуира во сите авиони на „Визер“ кои летаа ширум светот, е објавена репортажа за Охрид. Ова следува после воведувањето на двете нови линии од Охрид кон Лондон и Базел, каде како обврска на авио превозникот е да го промовира и рекламира градот. Репортажата за Охрид во магазинот на „Визер“ ќе имаат можност да ја видат околу 3 милиони читатели кои непосредно ќе се запознаат со туристичките потенцијали на Охрид. Ваква репортажа за Охрид ќе биде објавена и во…

повеќе...

Колумна на МНР Никола Попоски за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“

Што може да стори Грција за подобрување на својот углед? Наплив на мигранти, конфликти во соседството, голем должнички товар, недоволно наплатени даноци, загуба на работни места, општа неизвесност – доколку се праша еден просечен германски даночен обврзник денес, на која држава го асоцираат овие феномени, веројатно би ја навел земјата на Хомер. Доколку истото прашање би му се поставило на еден македонски даночен обврзник, веројатно во мислите би се навратил на деведесеттите години, кога Македонија стана независна држава и беше токму во истата ситуација: Наплив на мигранти, конфликти во соседството,…

повеќе...

Весник „Вест“: Митрополитот Тимотеј за Велигден го обнароди Христовото раѓање

Според весникот „Вест“, за Велигден се прославува Христовото раѓање. Како што е објавено на насловната страна од вчерашното издание (14 април): „Во Охрид, најрадосниот христијански празник Велигден го пречекаа неколку илјади верници. Најсвечено беше на Плаошник каде што Христовото раѓање го обнароди митрополитот Тимотеј.“ WebOhrid

повеќе...