ВМРО-ДПМНЕ Дебрца најостро го осудува насилството во Требеништа и бара расчистување на случајот

ВМРО-ДПМНЕ ОИШ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ОИШ Дебрца, Кандидатот за Градоначалник и кандидатите за членовите на советот најостро го осудуваат насилството и вчерашниот инцидент што се случил во просториите на изборниот штаб во село Требеништа. Ги повикуваме надлежните институции до крај да го расчистат случајот и да се преземат мерки согласно законите во Република Македонија.“ – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОИШ Дебрца.

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ бара јавно извинување од организаторите на проектот „Денот потоа: Локални избори“

Во врска со денешното потпишување на барањата од граѓанскиот сектор од општина Охрид, со соопштение излезе ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во кое стои: „ВМРО-ДПМНЕ Охрид сака да изрази длабоко жалење што не бевме поканети за потпишувањето на обврската за соработка со граѓанските организации. Сето тоа не е поради наша причина што кандидатот Д-р Митко Тилевски не присуствуваше на потпишувањето туку пропуст во организацијата или намерно изостанување од настанот. За тоа треба да следи јавно извинување од организаторите. Новата Локална самоуправа предводена од Д-р Митко Тилевски секогаш ќе биде со поддршка за…

повеќе...

Тилевски: Формирање на Туристичко Биро на град Охрид во рамки на ТЛЕР

Охрид се издвојува како туристички центар не само во рамките на Македонија, туку и во светски рамки. Со големата промоција на Охрид низ светските медиуми се постигнува голем успех кој резултира со перманентно зголемување на бројот на странски и домашни туристи. Со сериозна стратегија и пристап до висок локален економски развој и туризам. Затоа велиме: Туризам. Туризам. Туризам. Ова на денешната прес-конференција го истакна Митко Тилевски, кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид. Тилевски најави отворање на туристичко Биро во рамките на ТЛЕР. Како што…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Да се потсетиме како функционираше образовниот систем за време на СДС

Во врска со прес-конференцијата на Ристо Николески, кандидат за советник од СДСМ, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во која стои: „СДС повторно замајува во однос на образованието. Знаеме дека како и во сите области така и во образованието расипнички потроши 4 месеци, а ништо не направи. Исто така нема ни на локално ниво да направи за 4 години како што ветува. За да го сфатиме образованието и ефектите од образованието треба прво да се потсетиме како функционираше образовниот систем за време на СДС. Се сеќаваме на катастрофална инфраструктура и нула…

повеќе...

Пецаков: Дали Константин Георгиевски и Јован Стојаноски знаат кој го уништи блатото?

Како СДС Охрид планира да ја прошири зоната на строга заштита на остатокот од Студенчишко Блато на цели 70 хектари?  Дали тоа ќе се прави со експропријација на земја и како таа земја ќе се одзема од сопствениците и најважно по која цена планираат во СДС да ја платат земјава која според најавите кои ги дадоа мора да биде одземена од сопствениците? – запраша на денешната прес-конференција носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Кирил Пецаков. „ВМРО-ДПМНЕ јавно ги прашува носителот на листата на СДС Константин Георгиевски и кандидатот Јован Стојаноски…

повеќе...

Арнаудоски: Најавениот живот изгледа значи е само големо иселување на младите

Крајно безобразно и дрско е да се бара одговорност од некој што ги направил сите позитивни процеси за подобрување на иднината на граѓаните. Еднаш конечно, од СДСМ, излезете пред јавноста и ако можете барем за миг да си го погледнете ликот во огледало, без притоа истото да посакате да го скршите, незадоволни од одразот што ќе го видите во него, обвини на денешната прес-конференција, кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ, Илија Арнаудоски. „СДСМ, Жаклина Лазаревска, Томислав Тунтев, Јован Стојаноски, нудеа лажна перспектива за граѓаните, а особено младите и божемно привлекување…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС Охрид поради поразот на изборите е загубена во простор, време и текст

Во врска со соопштението од СДСМ Охрид, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во која стои: „Почитувани, Дефинитивно СДС веќе докажува дека го загубила правецот и не знае каде се движи и што зборува. Класично неразбирање на содржина на текст, без никаква интелигенција што и не е за чудење. Да се реагира на веќе реализирани проекти е нелогично, апсурдно, бесмислено дури и смешно. Почитувани, За да го сфатите образованието и ефектите од образованието треба прво да се потсетите како функционираше образовниот систем пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт во Охрид. Ако…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Господине Ногачески изминативе години лично вие сте подигале дневници за патувања

Во врска со соопштението од ОО СДСМ Дебрца, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, во која стои: „Ногачески, човекот кој повторно тони во сопствените лаги, и сам си плете мрежа, повторно и повторно ја замајува јавноста. Доколку Господине Ногачески, зборувате и обвинувате за нешто што не е вистина како што тврдите, изминативе години додека Општина Дебрца ја водеше Трајкоски, лично Вие сте подигале дневници за патувања во земјата и доколку имавте доблест и грижа за Општина Дебрца, зошто не се откажавте од дневниците кои Вие лично ги подигавте од касата на…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ изненадени од јавно искажаните коментари на Константин Георгиевски, носител на советничката листа на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ВМРО-ДПМНЕ со изнена­деност ја прими инфо­рмацијата за јавно искажаните коментари на Фејсбук профилот во соптвеност на Кон­стантин Георгиевски, носител на советничката листа на СДС, каде што тој не одбира зборови со кои јавно се изразу­ва на највулгарен на­чин. Дотолку повеќе што граѓаните покрај на медиумите, сами ги чи­таа овие вулгарности на неговиот профил. Ја повикуваме СДС ја­вно да се огради од неговите испади и да им се извини на гра­ѓаните за ваквите на­јблаго кажано – испади на носителот на нив­ната…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: СДС обвинува за расипничко однесување, а колку „домаќински“ се однесуваше самата, никогаш не е касно да се дознае

Во врска со соопштението од ОО СДСМ Дебрца, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, во која стои: „СДС обвинува за расипничко однесување, а колку „домаќински“ се однесуваше со општинскиот буџет самата, јавноста никогаш не е касно да дознае. Имено кога СДС зборува за трошење нека си ги погледне картиците од 2006 и 2007 година, каде имаат потрошено за гозби и ручеци неверојатни суми на средства и кога би се направила компарација помеѓу овие години и сега кога трошоците за живот се драстично зголемени во однос на 2006 и 2007, ќе се…

повеќе...