Наскоро ќе бидат пуштени во оптек банкнотите од 200 и 2000 денари

Советот на Народната банка на Република Македонија на седницата одржана на 03.11.2016 година, ја усвои Одлуката за пуштање во оптек на книжните пари во апоени од 200 и 2000 денари. 1. Предна страна на банкнотата од 200 денари: Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е репрезентативната христијанска теракотна икона, односно релјефот со претстави на старозаветните воини Јошуа (Исус Навин) и Калеб, којашто е датирана во 6-7 век и припаѓа на познатaта група винички теракотни икони како едни од најзначајните археолошки откритија…

повеќе...