Наставници од ОУ „Григор Прличев” во едукативна посета на ОУ „Песница” – Марибор, Р. Словенија

Во периодот од 14-18 март оваа година, наставници од ОУ „Григор Прличев”- Охрид, предводени од директорката Силвија Мојсовска го посетија ОУ „Песница” во градот Марибор, Р. Словенија. Оваа средба е од меѓународен карактер организирана од ОУ „Песница“ за соработка со училиштата ОУ „Григор Прличев”- Охрид, ОУ „Јован Поповиќ“- Белград и истоименото училиште од Крушевац, Република Србија. Во рамките на оваа едукативна посета, наставниците има можност да ги согледаат сличностите и разликите во воспитно- образовните процеси на двете земји. „Преку директна посета на часовите организирани од тамошниот наставно-стручен кадар, нашите наставници разменуваа…

повеќе...

Директорката на Царинската Управа на седница на Советот на Светската царинска организација

Директорката на Царинската управа на Република Македонија присуствуваше на 127-та/128-та седница на Советот за царинска соработка што се одржа од 14 до 16 јули 2016 година во Брисел. Годинава приоритет беше ставен на безбедноста. Усвојувајќи ја Пунта Кана резолуцијата за безбедност и Програмата за нејзина имплементација, Светската царинска организација ја потенцираше клучната улога на царината во борбата против недозволената трговија и тероризмот. Светската царинска организација ја поддржува интензивната соработка помеѓу царинската служба и меѓународните организации на полето на безбедноста, но воедно се залага и за олеснување и забрзување на трговијата…

повеќе...

Промовирана монографијата „50 години ОМУ Методи Патче“

Во просториите на ОМУ „Методи Патче“ денес беше промовирана монографијата „ 50 години ОМУ Методи Патче“ – Охрид од авторите Нина Момировска и Милчо Јованоски. Промотор на монографијата беше Радмила Поповска, професорка по флејта. Поповска е една од многуте кои својата кариера ја започнале токму од ова училиште. „Авторите Нина Момировска и Милчо Јованоски се гледа дека темелно и со многу смисла и изградена концепција влегле во изработката на оваа Монографија. Од секој текст во неа извира емоција и љубов кој особено ќе ги преплави оние кои така бескрајно и чисто од срце…

повеќе...