Ќе се одбележи Денот на реката Дрим

На 6 мај (сабота) во с, Орман, со почеток во 12:30 часот, (дворно место од Вила Климент, на самиот влез во селото), Еколошкото друштво „Грашница“ ќе го одбележи Денот на реката Дрим 2017 со следната програма: 09:30 ч. Градско пристаниште, Почеток на еко-караван со теренски возила и упатување кон с. Косел 10:00 ч. – 12:15 ч. Посета на с. Косел, с. Вапила, с. Горно Лакочереј, с. Долно Лакочереј: јавни средби со жители од селата и дискусија на тема: Добри земјоделски практики за зачувување на сливот на реката Дрим во добра…

повеќе...

Дримската конференција – Одличен моментум за процесот на прекугранична соработка за управување со басенот на реката Дрим

На петтата годишнина од потпишувањето на Меморандумот за заедничка визија на Дримскиот басен и првата година од отпочнувањето на ГЕФ Дримскиот Проект, повеќе од 120 претставници се собраа во Приштина како индикатор на силен моментум за дримскиот процес во оваа година. Операционализацијата на ГЕФ Дримскиот проект и имплементацијата која во наредните 4 години тежи 5.5 милиони долари, овозможува критичен напредок на прекуграничната соработка за управување со дримскиот басен. Во духот на позитивниот моментум, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Стево Темеловски, на отворањето на Конференцијата потенцираше:…

повеќе...

Акции за заштита на рибите во ревирот река Црн Дрим 1

Во тек е мрестот на топловодните риби во река Црн Дрим. ЗРСК Пастрмка од Струга како концесионер на рибите во „риболовен ревир река Црн Дрим 1“ во тесна соработка со Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид спроведуваат секојдневни акции за заштита на рибите кои се мрестат. Во споменатите акции запленети се повеќе од еден километар мрежи и друг недозволен риболовен алат: сертмиња, трокуки, харпуни и сл., затекнати се 12 лица како вршат недозволен риболов и против истите се покренати прекршочни постапки. Во една од акциите беше физички нападнат и овластениот рибочувар…

повеќе...

Пролетна школа во Дримскиот Басен 2016

Од 7-13 Мај во Струга (а потоа и во други места во сливот) се одржа Пролетната школа за студенти кои потекнуваат и истражуваат во басенот на реката Дрим . Целта на оваа школа е студентите да ја запознаат фундаменталната важност на басенот на реката Дрим за екосистемот и севкупното живеење во Регионот. Преку различни активности студентите ќе се фокусираат на заштитата на биодиверзитотот, еколошката етика како и одржливиот развој. Тие ќе се информираат и за начинот на употреба и управувањето со водените ресурси . На школата предавање за активностите во…

повеќе...

Ден на реката Дрим 2016

Следејќи ја успешната организација на Денот на реката Дрим во 2014 и 2015 година, третото одбележување на Денот на реката Дрим се случи на 5.мај 2016 година, со цел сензибилиирање на поширок дел од јавноста за вредностите на Дримскиот басен и за влијанието на екосостемот врз квалитетот на секојдневното живеење на локалните заедници и економските активности. Тие почиваат на економски активности во кои се користат водите на Дрим како што се земјоделие, рибарство, индустрија , енергетско произвотство и туризам. Денот на Дрим има за цел и да ги мобилизира донесувачите…

повеќе...

Ден на ДРИМ: Сме создавале и создаваме – проклетството да се биде чекор пред времето

Прогласувањето на 5. Мај за Ден на реката Дрим е идеја и одлука на Дрим Кор Групата која како симболика ги има петте земји кои го делат Дримскиот Басен, но и петте прсти на една рака кои симболизираат заедништво и еден организам и координација. Овогодинешното одбележување се одржува во сите пет држави во ист ден како порака за цврста решеност за обезбедување на заштитата на водените ресурси и квалитетното управување со целокупниот слив. Сливот на реката Дрим е еден од најкомплексните организми и неговото заедничко управување е еден од најголемите…

повеќе...

Дарко Паскоски го фати светиот крст во Струга

Големиот христијански празник Богојавление –Водици беше одбележан и во Струга. Најсреќен меѓу верниците што скокнаа во водите на реката Црн Дрим беше 35-годишниот Дарко Паскоски од Струга.  Oва е второ негово фаќање на Светиот крст во Струга. По Светиот крст во Струга скокаа над 100 верници во ладните води на Црн Дрим, а водите ги освети митрополитот на Дебарско-Кичевската епархија, Тимотеј.

повеќе...

Стружанец со автомобил влетал во Црн Дрим и се удавил

Едно лице го загуби животот во сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на кеј „8 ноември“ во Струга во близина на реката Црн Дрим. На лице место починал Невзат М. (48) од Струга. Незгодата се случила во момент кога сега починатиот, управувајќи моторно возило марка „Даеву Нексија“ со струшки регистарски таблици, на кејот започнал да го придвижува возилото наназад. Притоа, се приближил до реката по што возилото излетало и паднало во водите на Црн Дрим. Поради брзината на водата во реката, возилото веднаш било…

повеќе...

Извршено порибување на риболовниот ревир „Црн Дрим 1“

ЗРСК Пастрмка – Струга изврши порибување на „риболовниот ревир река Црн Дрим 1“, односно на река Црн Дрим од истекот на Охридско Езеро до вливот во акумулација Глобочица, вклучуваќи ги и притоките река Сатеска и Вевчанска река. „Со порибувањето на риболовниот ревир „Црн Дрим 1“, при што беа порибени реката Сатеска, Црн Дрим и Вевчанска река. Порибувањето е извршено со автохтона речна пастрмка со количина од 3 илјади единки со просечна големина од 10 до 30 грама. Ова порибување е редовно од страна на Здружението „Пастрмка“ од Струга согласно риболовната…

повеќе...