Во тек е пријавувањето за Вториот спортско-едукативен летен камп Охрид 2017

Останува помалку од еден месец до почетокот на Вториот Спортско едукативен летен камп Охрид 2017. Летниот камп оваа година ќе се одржи од 10 – 16 јули со локација како и минатата година – Хотел Десарет. Бројот на учесници е ограничен така што Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ги повикува сите заинтересирани (деца од 8 – 14 години) што побрзо да се пријават и со тоа да постанат дел од едно незаборавно искуство на дружење, едукација, спорт и забава кое ќе го паметат целиот свој живот.…

повеќе...

Едукација и обука на полициските службеници во СВР Охрид

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи согласно своите надлежности и согласно приоритетите, целите и мерките од Втората национална стратегија 2015-2020, денес и утре во Охрид ја организираат првата од серијата дводневна работилница за надлежните лица од МВР на која преку размена на искуство, знаење и информации ќе се анализираат состојбите со безбедноста на патниот сообраќај на локално ниво, начините на работа и ќе се дефинира пристап, методи и мерки како актуелната состојба може да се подобри односно да се намали бројот на загинати…

повеќе...

Едукативно предавање „Реонскиот полицаец ве советува“ во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ во соработка со Отсек за превенција и ПСВ при СВР Охрид е одржано едукативно предавање на Тема: „Реонскиот полицаец ве советува“. Целта на едукативното предавање беше да се подигне свеста на учениците за нивната лична одговорност за безбедноста, при што беа истакнати точките и беа застапени темите: во делот на сообракајот, јавниот ред и мир, криминалитетот.

повеќе...

Основците од „Братство – Единство“ дел од кампањата „За поголема безбедност во сообраќајот“

Во рамките на активностите за унапредување на безбедноста на децата во сообраќајот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука и останати партнери организираа сообраќајно едукативна кампања „За поголема безбедност во сообраќајот“. Акцијата се состоеше, со тоа што на оградниот ѕид од училиштето беа поставени сообраќајно едукативни пораки поставени на церада, платно, хамер хартија или друга форма. Пораките беа упатени кон возрасните, со цел да внимаваат на децата во сообраќајот пр: „ Во близина на училиште намали…

повеќе...

Започнуваат уписите за Бреинобреин едукативната програмата

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. „Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните…

повеќе...

Реализирани 2.438 едукации во над 40 медицински центри во странство

Преку Програмата на Министерството за здравство за континуирана едукација на македонските лекари во најразвиените болници и здравствени системи досега се едуцирани 2.438 здравствени работници и тоа во врвни медицински центри во Европа и САД. Околу 70 проценти од докторите кои биле на едукација веќе применуваат нови методи во јавните здравствени установи во Република Македонија. Ова денеска на прес-конференција го истакна вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој рече дека оваа системска мерка воведена пред неколку години дава одлични резултати, добро е прифатена од страна на сите здравствени работници кои…

повеќе...

Спортско едукативно дружење со охриѓани на повеќе локации во градот

Асоцијацијата на Спортови Спорт за сите – Сите за спорт по повод интернационалните денови на спорт и здравје, 6-ти и 7-ми април ( среда и четврток ) организира спортско едукативно дружење со граѓаните на Охрид на повеќе локации во градот. „Согледувајќи ги дневно месечните активности на граѓаните на Охрид, нивното слободно време, желбата за дружење, желбата за спортско рекреативни активности, заклучивме дека повеќе од потреба е спортската рекреација, повеќе од потреба е дружењето и социјализирањето, здравјето и здравиот начин на живот. Нема посоодветен момент од деновите на спортот и здравјето за…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи едукативна трибина за алтернативните форми на мобилност

Во Охрид ќе се одржи едукативна трибина за алтернативните форми на мобилност. На трибината ќе се дискутира за тоа како зголеменото користење на алтернативните форми на мобилност (велосипедите, ролерите, пешачењето и сл.), можат да придонесат до намалување на ризиците во сообраќајот. Додатно, тема ќе биде и како најдобро да се заштитиме себеси и другите кои користат алтернативни форми на мобилност, а ќе биде направен пресек и на состојбите во сообраќајот во Охрид во периодот од 2010 година до сега. Едукативната трибина е во организација на Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот…

повеќе...

Уште најмалку 1.000 здравствени работници на едукација во странство

Најмалку 1.000 здравствени работници годинава ќе бидат испратени на едукација во странство. Eдукацијата на медицинскиот кадар во странство е уште една фундаметална мерка во насока на унапредување на здравствениот систем, со што овозможуваме и подостапни здравствени услуги за граѓаните, подобар квалитет на здравствените услуги, како и зајакнување на здравствената заштита на сите нивоа. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека со Законот за медицински студии и континуирана медицинска едукација на лекарите и друг здравствен персонал, едукацијата на медицинскиот кадар во странство е предвидена…

повеќе...

Уписи на нови членови во Бреинобреин – Црвен крст Охрид

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН – Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 5-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. „Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени…

повеќе...