30-та седница на Економско-социјалниот совет

Денеска се одржа 30-та седница на Економско-социјалниот совет со која претседаваше претседателот на ЕСС и министер за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски. На дневен ред на 30-та седница на ЕСС беа повеќе точки: разгледување и усвојување на Нацрт-трипартитниот акциски план за унапредување на колективното договарање согласно со разговорите на трипартитната работилница, одржана во Скопје на 22 септември 2015; разгледување и усвојување на Нацрт-верзијата на Предлог програмата за работа на Економско – социјалниот совет за 2016 година; разгледување и усвојување на Комуникациската стратегија и план на ЕСС; утврдување на…

повеќе...

Квалитетот на Економското училиште докажан на Државниот натпревар за „Лидер на струка 2015“

На Државниот натпревар за избор на лидер на струка одржан во Гевгелија се натпреваруваа ученици од четири профили: деловен секретар, правен техничар, економски техничар и банкарски техничар. Од профилот економски техничар се натпреваруваа ученици од 12 училишта. На државниот натпревар му претходеа интерни тестирања во училиштето. Најуспешниот ученик од интерното тестирање во завршната година, се стекна со учество на државнот натпревар. На државниот натпревар ученикот Наумче Јончески го освои третото место, под менторство на магистер проф. Весна Карамитре. Економското училиште СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ како нов правен субјект создаваше и создава…

повеќе...

Денес ќе се прикажува комедијата „Солунски патрдии“ во изведба на драмскиот клуб при СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Драмскиот клуб при СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид ги започнува активностите за Прослава на Патрониот празник 24 мај-Денот на Сесловенските Просветители Кирил и Методиј, со прикажување на комедијата „Солунски патрдии“. Комедијата ќе се одржи денес во Центарот за Култура „Григор Прличев“, со почеток во 18:00 часот. Влезот е слободен.

повеќе...

Економски сметки во земјоделството, по тековни цени

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2013 година изнесува 49 670 милиони денари и во однос на 2012 година бележи номинален раст од 15.9%. Раст е забележан и кај земјоделската „деловна гранка“ од 9.5% во однос на 2012 година. Растителното производство во 2013 година (кое во вкупното производство учествува со 69.1%) бележи раст од 9.6% во однос на 2012 година. Вредноста на добиточното производство (кое во вкупното производство учествува со 21.7%) порасна за 2,7% во однос на 2012 година. Меѓуфазната потрошувачка во 2013 година…

повеќе...

Ќе се одржи хуманитарен концерт со цел прибирање средства за СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

На ден 17-ти Ноември (понеделник), со почеток во 20.00 часот во Националната Установа, Центар за култура „Григор Прличев” ќе се одржи хуманитарен концерт, со цел прибирање средства за Средното општинско стручно училиште Св. „Кирил и Методиј” од Охрид. На настанот ќе земат учество хорот при ОСУ „Св.Климент Охридски “–Охрид, ФА „ОТЕКС” од Охрид, Ансамбл „Зарина”, музички точки со ученички од СОСУ  „Св.Кирил и Методиј” и ОСУ  „Св.Климент Охридски” и специјални гости „The Backdoor Band”. Цената на влезот е 50,00 ден. Средствата ќе бидат наменети за исплата на градежите активности кои…

повеќе...