СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ ќе го одбележи патрониот празник

СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид ќе го одбележи 24ти мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј патрониот празник на училиштето. Чествувањето ќе се одржи вечерва во просториите на училиштето, со почеток во 18:00 часот. WebOhrid

повеќе...

Презакажана дебатата за оствареност на Индексот за детските права

Денешната дебата за исполнетост на детските права во средното училиште „Свети Кирил и Методиј“ која требаше да се одржи во 12:30 часот, се презакажува за во петок, во истиот термин. Дебатата се организира во рамките на редовните активности на Коалицијата на младински организации „СЕГА” и „Младински Совет” – Охрид, согласно проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија.

повеќе...

Во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ ќе се одржи дебата за оствареност на Индексот за детските права

Утре, во просториите СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, Охрид со почеток во 12 часот и 30 минути ќе се одржи првата дебата за оствареност на Индексот за детските права. Дебатата се организира во рамките на редовните активности на Коалицијата на младински организации „СЕГА” и „Младински Совет” – Охрид, согласно проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија. 

повеќе...

Презентација на проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во СОСУ „Свети Кирил и Методиј”

Децата правобранители при СОСУ (Средното Општинско стручно училиште) „Свети Кирил и Методиј”, утре ќе извршат презентација на нивната функција во оваа образовна установа и ќе го претстават проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето, во Република Македонија. Презентацијата ќе се одвива во училиштето, во периодот од 12:30-13:30 часот.

повеќе...

Утре отворен ден во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Утре во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, Охрид, од 11:00 до 14:00 часот ќе се одржи Отворен ден. „Училиштето ќе ги отвори своите врати за сите гости, родители и заинтересирани ученици од завршните одделенија од основните училишта на кои им претстојат уписите за прва година. Тие ќе имаат прилика да се запознаат со просторните и материјални ресурси со кои располага училиштето. Исто така ќе имаат можност да се запознаат и со дел од раководниот и наставниот кадар, да подигнат рекламен материјал, да се информираат за профилите кои се изучуваат во ова училиште, за наставните планови и…

повеќе...

Награди на Државниот натпревар по биологија за ученици од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

На Државниот натпревар по биологија што се одржа на 23ти април на Природно математичкиот факултет во Скопје учествуваа и учениците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј” -Охрид и се вратија со награди. Ученикот Георги Ставрески од III-5 освои трето место под менторство на проф.Славица Кичеец, а Ивана Настоска од I-5 под менторство на проф.Весна Цветкоска доби пофалница.

повеќе...