Ученици од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ реализираа екскурзија во Италија

Учениците од III година при ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“- Охрид, во периодот од 25.05 до 30.05 реализираа завршна екскурзија во Италија. Екскурзијата беше изведена во согласност со годишната програма за работа на училиштето и правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта. Во рамки на петдневната екскурзија, 90 ученици и 4 наставници според програмата ги посетија националниот парк Плитвички езера, градовите Верона и Венеција во Италија и Постојнска јама во Словенија, при тоа развивајќи позитивен однос кон националните, интернационалните, културните и естетските вредности, како и поттикнување…

повеќе...

Третоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ на екскурзија во Битола

Учениците од трето одделение од Основното Училиште „Григор Прличев“ Охрид, денес реализираа еднодневна екскурзија во Битола. Тие заедно со своите наставнички се прошетаа по битолската чаршија, го посетија Народниот театар, и Зоолошката градина. За учениците беше организиран и ручек. На крај учениците се вратија задоволни и среќни што ја имаа оваа прекрасна незаборавна екскурзија. WebOhrid

повеќе...

Матурантите од Гимназија на завршна екскурзија во Италија

Матурското патување на учениците од завршната-четврта година од Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“, годинава ќе се реализира во Италија од 8 до 13 мај. Патувањето ќе биде под организациско водство на туристичката агенција „Вис-пој“ од Охрид по цена од 15.900 денари. Ова е предлог одлуката на Комисијата за спроведување на постапката за матурското патување при ОСУ „Св.Климент Охридски“ што е донесена на денешниот завршен состанок. Комисијата, на седницата одржана на 9-ти март годинава, ги разгледа пристигнатите три понуди по претходно распишаниот јавен оглас. Притоа отфрли една понуда од туристичка агенција…

повеќе...

Еднодневна научна екскурзија на гимназијалците во Кокино и Скопје

На втори октомври со ученици од I и II година од гимназијата „Св. Климент Охридски“ во организација на професорите по историја Ристе Николески и по географија Менка Ѓореска беше реализирана еднодневна наставно – рекреативна екскурзија. Учениците се запознаа со значењето на домегалитската опсерваторија „Кокино“. Опсерваторијата се наоѓа на неовулкански рид, со надморска висина од 1013 метри. Природната предиспозиција на андезитните карпи да пукаат во вертикална и хоризонталнанасока на праисториските жители (од бронзениот период) им овозможила на лесен начинда ги обликуваат елементите на опсерваторијата сместени на две скалесто поставени платформи. Камени маркери ги означуваат местата…

повеќе...

Средношколците од „Св.Наум Охридски“ на екскурзија во Италија

Учениците од III година во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ реализираа петдневна екскурзија во Италија. Училишната екскурзија имаше за цел запознавање на културните и естетските вредности во Италија, но попатно и во Хрватска и Словенија, во согласност со воспитно-образовната работа на училиштето. Учениците имаа можност да уживаат во убавините на Венеција и Верона, но и да прошетаат низ Националниот парк Плитвице и Плитвичките езера, како и во Постојинска Јама со подземните тунели и прочуената човечка рипка.

повеќе...

Ученици од „Јахја Кемал“ на тридневна екскурзија во Истанбул

Деветтоодделенците од познатото основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга, заедно со своите наставници ја реализираа традиционалната генерациска екскурзија во Истанбул, Република Турција. Во рамките на тридневната екскурзија беа посетени речиси сите позначајни места од каде со фантастично-возбудливи и незаборавни спомени се враќаат и учениците и наставниците кои уживале во убавините на некогашниот Стамбол и уште додаваат: -Навистина беше фантастично! WebOhrid им верува и на фотографиите кои ни ги доставија -проследете ги! WebOhrid

повеќе...

„Јахја Кемал“ организираше екскурзија за победниците на натпреварите по англиски, физика и математика

Колеџот „Јахја Кемал“ од Струга, вчера организираше екскурзија до Тетово и Скопје. Екскурзијата беше наменета за победниците на натпреварите по англиски, физика и математика, односно за учениците од други училишта кои учествуваа на овие натпреварувања, информираат од YKS Струга.

повеќе...

Средношколци од „Јахја Кемал“ ги посетија Будимпешта и Виена

Будимпешта и Виена се градовите што средношколците од Колеџот „Јахја Кемал“  во месец март имаа можност да ги посетат на успешно реализираната традиционална ученичка екскурзија. Учениците од тридневната екскурзија се вратија задоволни и среќни со впечатоци од посетата на европските градови. WebOhrid

повеќе...

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ на есенска екскурзија

Учениците од Основното Училиште „Григор Прличев“, денес ја реализираа првата есенска екскурзија. Најмалите, односно учениците од прво и второ одделение прошетаа по Кејот на Охридското Езеро. Четвртоодделенците, беа во посета на музејот „Никола Незлобински“ во Струга и продолжија во Вевчани, петоодделениците на прошетка во Музејот„ Заливот на коските“ во Градиште, па продолжија за Свети Наум, седмо и осмо одделение во посета на манастирот Рајчица, Св. Јован Бигорски и Маврово. „Според Правилникот за екскурзии, по објавен оглас, третоодделенците ќе одат на еднодневна екскурзија во Скопје, 6 одд. дводневна Скопје, Кавадарци (спиење),…

повеќе...