Поставена новогодишната елка на охридскиот плоштад

Службите на општина Охрид и дел од јавните претпријатија денес ја поставија новогодишната златна елка на градскиот плоштад во Охрид. Изминативе неколку денови, службите на општината и дел од јавните претпријатија работеа на украсувањето на градот за новогодишните празници.  За многу скоро се очекува целиот град да блесне во препознатливиот предновогодишен амбиент.

повеќе...

Започнаа предновогодишните празнувања во Охрид

Со вклучување на раскошното светло на новогодишната елка на плоштадот „Св. Климент Охридски“, и со културно уметничка програма во која учествуваа децата од танцовиот клуб „Соната“ и од детската градинка “Јасна Ристеска“, вечерва симболично беше означен почетокот на предновогодишните празнувања во Охрид кои ќе траат до 31 декември. Градоначалникот Бакрачески, кој симболично го означи почетокот на празнувањата најави дека на плоштадот секојдневно ќе има бројни настани и богата културно- уметничка програма на која ќе учествуваат охридските основни и средни училишта, детската градинка „Јасна Ристеска“, бројни културно-уметнички друштва, оркестри и ансамбли,…

повеќе...