Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ќе биде гостин во третата епизода од серијалот „Алхемија на Балканот – Македонија” што ќе се емитува утревечер (четврток) со почеток во 21:30 часот на светската телевизија Ал Џезеира. Утрешната емисија на „Алхемија на Балканот“ е целосно посветена на Охрид, градот во кој се вкрстуваат природните убавини и културната историја. Во емисијата ќе се зборува за Охрид – некогаш и сега, за неговиот развој и за туризмот како една од најбитните стопански гранки. Утревечер на Ал Џезеира ќе се прикажат убавините на Охрид, традицијата, храната…
повеќе...