Сопругот осомничен за убиство на жена во Битола

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против лицето И.Д (53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ убиство“ по чл.123 ст.1 и ст.2 од Кривичниот законик на Република Македонија. Пријавениот делото го направил на крајно свиреп начин и тоа со повеќе удари со тап тврд предмет, најверојатно сукало, кое го имал дома, и на жртвата и нанел смртоносни повреди во пределот на главата. Пријавениот, на 13.03.2017 околу 09.52 часот во СВР Битола, пријави дека во нивниот семеен дом околу 09.50 часот ја пронашол…

повеќе...

8ми март – Меѓународен ден на жената

Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8-ми март секоја година. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење.Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и…

повеќе...

Општина Охрид покрена иницијатива за помош на Митра Секулоска

Претставници на општинските служби, денеска, по задолжение на градоначалникот Никола Бакрачески, беа во посета на Митра Секулоска, од Горно Лакочереј која живее во тешки услови. Од утре, во заеднички координирана акција со останатите надлежни иституции ќе започнат да се преземаат мерки за подобрување на условите, а потоа и трајно решавање на проблемот на оваа стара жена која живее сама и во несоодветни услови.

повеќе...

Прегазена жена кај Горенци, возачот избегал

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот и 45 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Горенци, општина Дебрца. Од здобиените повреди, на лице место почина Ќание А.(74) од Охрид. Нејзината смрт е констатирана од лекар од Брза помош. Сообраќајната незгода се случила кога возило марка „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки кое се движело по магистралниот пат во правец од Кичево према Охрид, директно удрило во сега починатата која се движела на коловозот во спротивниот правец. На местото на сообраќајната незгода,…

повеќе...

Исчезна 30 годишна жена во Струга

На 17.10.2016 година во 08.40 часот во ПС Струга, К.В. (30) од Струга пријавил дека на 16.10.2016 година околу 08.00 часот, неговата сопруга А.М.К. (30) отишла на работа во нејзиниот салон и кога по час и половина ја побарал, истата не се јавувала на мобилниот телефон. Пријавителот отишол во салонот, но не ја нашол. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

ФФМ организира семинар за тренери во женски фудбал

Фудбалската федерација на Македонја во соработка со УЕФА како дел од програмата за развој на женскиот фудбал „Free-Kick On field development“, организира дводневен тренерски семинар за тренерите во сениорските тимови во Прва женска лига, тренерите во национални женски репрезентации, како и за пријавените женски тренери за следниот УЕФА „Б“ курс. Семинарот ќе се одржи на 12 и 13 мај 2016 во „Куќа на фудбалот“ – ФФМ и на терените на центарот „Петар Милошевски“. УЕФА инструктор за овој семинар е Ана Сигнул од Шведска, долгогодишен играч во женски тимови во Шведската…

повеќе...

Жена растргната од глутница кучиња скитници

Фитнет Ф. (58) од селото Баланци, општина Центар Жупа, им подлегна на повредите со кои се здоби откако претпладнево беше нападната од глутница кучиња скитници. Таа се здобила со тешки телесни повреди откако денес во 10 часот и 30 минути била нападната и искасана на повеќе места по телото. Настанот се случил денес во селото Баланци, општина Центар Жупа на околу 150 метри одддалеченост од куќата каде, сега починатата живеела. По нападот од поголем број кучиња скитници, Фитнет Ф. итно е префрлена во медицинскиот центар во Дебар каде бил присутен…

повеќе...

СВР Охрид со честитка по повод Денот на жената

По повод 8-ми март, денот кога се одбележува меѓународниот ден на жената, до сите припаднички на понежниот пол, од СВР Охрид упатуваат искрени честитки за среќен и долговечен празник. „Како служба, оддаваме почит и признание на вековната борба на жената за економска, политичка и социјална рамноправност, го цениме трудот на жените и нивниот придонес во изградбата на нашето општество и ја почитуваме улогата на жената во изградбата на демократска заедница на рамноправни граѓани. На професионален план, посебно ја потенцираме улогата и значењето на жените-полицајки во извршувањето на задачите на безбедносен…

повеќе...

Денот на жената одбележан во Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“

Меѓународниот ден на правата на жената се славеше и во Здружението налица со телесен инвалидитет „ Мобилност “. Заменик градоначалникотАнгел Јанев им го честиташе празникот на сите жени членки на ова здружение и најави дека во тек е реализација на уште еден проект со кој Охрид ќе добие и плажа за лицата со инвалидитет, со што ќе се овозможи и овие лица да уживаат во Охридското Езеро. Претседателот на здружението на лица со телесен инавалидитет „Мобилност“, Венко Голабоски рече дека соработката со Локалната самоуправа успешно продолжува и дека ќе следат…

повеќе...

Одбележување на Меѓународниот ден на жената 8 март во Музејот на македонската борба

Во Музејот на македонската борба, со специјална програма под наслов Жената борец за слобода и македонска државност, денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената 8 март … Низ потсетувањето на животниот пат на жените кои се бореле за слободата и државноста на Република Македонија, музејот им оддава почит на неколку жени револуционерки од НОБ во Македонија- Вера Јоциќ, Жамила Колономос, Ибе Паликуќа, Вера Циривири Трена и Мирка Гинова. Во рамките на програмата предвиден е настап на хорот и драмската секција на ООУ Вера Циривири Трена од Скопје, музичките гости ансамблот…

повеќе...