Во Охрид регистрирани 43 случаи поврзани со семејно насилство во првите 9 месеци од 2017

Во првите девет месеци од оваа година, на подрачјето на Охрид, регистрирани се вкупно 43 казнени дела поврзани со семејното насилство од кои: 14 дела „телесна повреда при вршење семејно насилство“, 27 дела „загрозување на сигурноста“ и две казнени дела „противправно лишување од слобода“. Овие казнени дела се извршени од 43 сторители против кои се поднесени вкупно 41 кривична пријава. Регистрирани се вкупно 44 жртви на семејното насилство од кои најголемиот број се женски лица (сопруги, партнерки, мајки, баби). Во помал број случаи жртви се мажи (сопрузи, партнери). Од вкупно…

повеќе...

26 годишен жител од Велгошти загина во сообраќајна несреќа на улицата „Питу Гули“

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што утрово во 05 часот и 25 минути се случи на улицата „Питу Гули“ во Охрид. На местото на сообраќајната незгода, животот го загуби Д.Ј. (26) од охридското село Велгошти кој, по улицата управувал патничко моторно возило марка „Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки и се движел од „Стара бензиска“ во правец кон кружната крстосница кај Општата болница. Во критичниот момент, сега починатиот, изгубил контрола врз возилото, преминал на спротивната-лева сообраќајна лента, излетал од коловозот и директно удрил во дрво. Неговата…

повеќе...

Жена растргната од глутница кучиња скитници

Фитнет Ф. (58) од селото Баланци, општина Центар Жупа, им подлегна на повредите со кои се здоби откако претпладнево беше нападната од глутница кучиња скитници. Таа се здобила со тешки телесни повреди откако денес во 10 часот и 30 минути била нападната и искасана на повеќе места по телото. Настанот се случил денес во селото Баланци, општина Центар Жупа на околу 150 метри одддалеченост од куќата каде, сега починатата живеела. По нападот од поголем број кучиња скитници, Фитнет Ф. итно е префрлена во медицинскиот центар во Дебар каде бил присутен…

повеќе...