Уникатен Охрид – уникатни зајдисонца

Охрид со својата местоположба е уникатен по многу нешта, а деновиве најзабележителни се зајдисонцата. Денес пред зајдисонце имавме прилика да забележиме мало вертикално виножито над стариот дел на градот. Само за споредба погледнете го зајдисонцето вчера (21.02.2017). WebOhrid

повеќе...

Нијансите на небото над Охрид

Вака изгледаше небото над Охрид вечерва неколку минути по зајдисонце. Откако Сонцето се сокри зад Самуиловата тврдина (од наш агол), неговите зраци го обоија небото над Охрид. Најверојатно жолтата фаза го направи своето, но со одредена доза на синило. Во секој случај, прекрасна глетка за уживање за оние кои беа на отворено во тој момент. WebOhrid

повеќе...

Во Пештани на зајдисонце

И ова лето: Во Пештани на зајдисонце. Не станува збор за некаква манифестација како онаа во Трпејца, туку само собир на жедни души, кои пиејќи пиво се освежуваат покрај Езерото. „Колку потопол ден – толку поголем број празни шишиња“. – велат пештанци. WebOhrid

повеќе...